На 09.01.2025 во 11.00 часот на улица „Бранко Радичевиќ" во Битола, полициски службеници од МВР и СВР Битола ја лишиле од слобода В.М.(59) од Битола. Таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 09.01.2025 во 14.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Т.(23) и Ф.Т.(26), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.01.2025 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(63) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.01.2025 во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(38) од с.Глумово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.01.2025 во 18.50 часот на ул.„Генерал Васко Карангелески" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Т. од Прилеп, затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 09.01.2025 во 11.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле К.В.(30) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Тетово за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 09.01.2025 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, З.И.(58) од Скопје пријавил дека на бул.„Илинден“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 09.01.2025 во 18.35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, З.С.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Лепенец“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 09.01.2025 во 13.20 часот во Полициската станица Аеродром, В.И.(59) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 09.01.2025 во 15.40 часот во Полициската станица Гази Баба, А.К.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.И. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“ по член 383 став 2 од Кривичниот законик. Пријавениот Б.И. - самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш во ОВР Радовиш, на 20.12.2024 во службени простории на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш О.Г.. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Н.(44) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“. На 03.12.2024 во струшката населба „Езерски лозја“, пријавениот со остар предмет го нападнал Е.М. од струшкото село Франгово.
На 09.01.2025 во 10.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле И.И.(39) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.01.2025 во 11.22 часот во СВР Скопје, Д.С.(62) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил физички нападнат од И.А.(21) од Скопје и Д.З.(33) од Велес. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.01.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје, З.В.(43) од Скопје пријавила дека околу 22.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно машко лице со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта со паричник и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.01.2025 во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с.Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки. Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.
На 09.01.2025 во 16.10 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.В.(22) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 09.01.2025 во 21.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.Л.(61) од Скопје пријавила дека на ул.„Михаил Чаков“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 09.01.2025 во 16.20 часот во Полициската станица Чаир, Б.Ј.(68) од Скопје пријавил дека на ул.„30“ во населба Радишани во Скопје бил каснат од куче скитник.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ц.С.(84) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 22.05.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки кои неовластено ги поседувала.