Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 08.01.2025

На 07.01.2025 во село Подареш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.Ј.(40) од село Подареш. Тој се сомничи дека на подрачјето на Радовиш извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во викенд куќи и помошен објект. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените дела. Предметите биле одземени и ќе бидат вратени на сопствениците. С.Ј. бил задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.01.2025 околу 13.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Љ.(37) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени автоматска пушка со дрвен кундак и четири рамки без куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Денеска (08.01.2025) во 07.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(50) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.01.2025 во 16.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ј.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.01.2025 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(23) од с.Катланово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.01.2025 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Г.С.(22) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.01.2025 во 14.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода С.Д.(32) од Република Турција, затоа што при контрола приложила фалсификуван он-лајн билет за лет Скопје - Истанбул и фалсификувана белгиска патна исправа. Таа била задржана во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Денеска (08.01.2025) во 00.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид - Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(20) од с.Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници С.С.(20) од с.Велмеј, општина Дебрца и М.К.(21) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 07.01.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.Г.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 07.01.2025 во 14.10 часот во Полициската станица Аеродром, М.М.(39) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 07.01.2025 во 12.35 часот во Полициската станица Чаир, Ш.Д.(58) од Скопје пријавил дека на бул.„Словенија“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Н.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 3 од Кривичниот законик. Пријавениот, како поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици, со искористување на својата службена положба и овластување нецелосно ја прикажал фактичката состојба за поседување на соодветна важечка дозвола за воздухопловен техничар со уредно впишано важечко овластување за конкретен тип на воздухоплов со што им овозможил на три лица вработени во МВР на работно место главни воздухопловни техничари  да се стекнат со право на додаток на плата од 20% од денот на нивното засновање на работен однос во МВР. Пријавениот, иако знаел дека воздухопловните техничари поседуваат важечка дозвола за одржување на воздухоплов издадена од цивилните власти, но немале успешно завршена обука за конкретен тип на воздухоплов според соодветна програма и немале впишано важечко овластување за конкретен тип на воздухоплов, овозможил да им биде исплатуван додаток на плата од 20% од моментот на засновање на работниот однос во МВР, спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР. На тој начин тие се стекнале со противправна имотна корист од 926.486 денари и за тој износ бил оштетен буџетот на МВР. Против Н.А., Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место - суспензија до завршување на дисциплинската постапката.    

Денеска (08.01.2025) во 04.00 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Д.П.(25) од с.Вранештица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 01.01.2025 околу 14 часот во близина на границата со Грција, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го затекнале пријавениот како пеш спроведува пет лица од Народна Република Кина. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против З.М.(51) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „соизвршителство” и „измама” и против С.К.(76) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање” и „измама”. Првопријавениот, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, со намера да се стекне со сопственост врз недвижен имот со поголема вредност, заедно со вторoпријавениот во својство на купувач, довеле во заблуда лице со одземена деловна способност да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари, да ја купат за 5.231.750 денари.

Денеска (08.01.2024) во 00.50 часот во СВР Скопје, А.И.(37) од Скопје пријавил дека на 07.01.2024 околу 23.00 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од М.С.(18) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.01.2025 во 14.50 часот во СВР Скопје, З.Т.(35) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед Ј.Т.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.01.2025 во 15.15 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(39) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред влезната врата од неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од негова сосетка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.01.2025 во 21.20 часот во СВР Скопје, И.Ч.(34) од с.Глуво, скопско, пријавила дека околу 20.43 часот на подрачјето на Бит Пазар едно лице со употреба на сила ѝ го одзело паричникот со пари и документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.01.2025 во 17.15 часот во СВР Скопје, О.Ц.(46) од с.Ржаничино, скопско, пријавил дека околу 16.50 часот во с.Катланово, скопско, бил физички нападнат од две лица, од кои едното го познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.01.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во с.Рашче, скопско, по претходна расправија, Ф.Д.(37) од Скопје бил физички нападнат од Џ.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.01.2025 во 13.45 часот во СВР Скопје, Ф.Г.(38) од Скопје пријавил дека околу 13.10 часот на подрачјето на Чаир, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.