Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 07.01.2025

На 06.01.2025 во 13.30 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.К.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.01.2025 во 09.45 часот, полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршиле претрес во дом на М.К. (42) во Битола, при што е пронајдена и одземена грутчеста материја. М.К. е приведен во Полициска станица Битола, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 07.01.2025 во 01.10 часoт полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А. (35) од Куманово, затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 05.01.2025 околу 22 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода А.И.(30), С.К.(26), двајцата од Велес и Б.С.(28) од Кавадарци. Имено, на наплатна станица „Сопот“,, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А., а сопатници биле С.К. и Б.С., кај С.К. бил пронајден и одземен хероин. С.К бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, против С.К. е поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од КЗ, и по наредба од Основен суд Велес, на 06.01.2024, тој бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје-Скопје за издржување на изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

На 06.01.2025 во 16.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Борис Кидрич“ со бул.„Благоја Тоска“ во Тетово патничко возило удрило во Г.Ј.(66) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Ј., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.01.2025 во 10 часот во Полициското одделение Сарај, А.А.(53) од с.Сарај, скопско пријавил дека на ул.„20“ во с.Сарај, скопско, бил каснат од куче скитник.

На 06.01.2025 во 10.30 часот во Полициската станица Центар, И.Р.(60) од Скопје, пријавил дека на ул.„Кеј 13 Ноември“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 06.01.2025 во 14.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.Р.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, бил каснат од куче скитник.

На 06.01.2025 во 17.20 часот во Полициската станица Центар, Н.П.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 На 06.01.2025 во 10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.К.(39) од Струмица. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба била пронајдена кафена прашкаста материја. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против В.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 07.01.2025 во период од 02.20 до 04.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионалниот пат Тетово- Желино, каде поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени девет странски државјанки, од 21 до 38 годишна возраст, од Франција, Србија, Украина, Колумбија и Бразил. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 06.01.2025 во 17.10 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена од скопско пријавила дека околу 17 часот во семејниот дом во скопско село, била физички нападната од нејзиниот сопруг Љ.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11.40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

На 06.01.2025 во 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во куќа, при што била опожарена соба и дел од кровот. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

 

На 06.01.2025 околу 15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во стан била пронајдена почината Е.С.(43) од Скопје, каде живеела како подстанар. Од лекар на Итната медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.