На 28.11.2024 во 18.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(35) од Тетово. При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и предмети со остатоци од кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 28.11.2024 во 17.25 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода С.Д.(29) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.11.2024 во 23.15 часот во село Иловица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.М(34) од село Иловица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Т.М ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.11.2024 во 16.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода П.В.(20) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против П.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.04.2024 во 01.25 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.Р.(49) од Охрид. Тој бил забележан како од возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувал, исфрла две пакувања со бела прашкаста материја, кои биле најдени и одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.11.2024 во 19.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Н.М.(23) и В.А.(22), двајцата од село Банско, струмичко, затоа што при преглед кај нив, кај В.А. била пронајдена марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.11.2024 во 20.40 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.11.2024 во 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Е.С.(18) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.11.2024 во Полициската станица Валандово било пријавено дека околу 17.30 часот на регионален пат Р 1401, на место викано крстосница „Страиште“, валандовско, товарно возило „ивеко“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(47) од село Удово, валандовско, удрило во пешакот А.Т.(68) од село Казандол, валандовско. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Валандово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
На 28.11.2024 во 18.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Ростуше - Дебар, патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(53) од Дебар, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., кој по укажаната лекарска помош во Општа болница во Дебар им подлегнал на повредите. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 28.11.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Муртино, струмичко, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(23) од село Банско, струмичко, удрило во пешакот М.З.(85) од село Муртино, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 28.11.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Центар, А.А.(37) од Скопје пријавил дека на ул.„Глигор Прличев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 28.11.2024 во 12.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, К.П.(49) од с.Горно Оризари, скопско, пријавила дека во с.Горно Оризари била касната од куче скитник.
На 28.11.2024 во 19.25 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.П.(35) од с.Трубарево, скопско, пријавил дека во с.Трубарево бил каснат од куче скитник.