Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 28.11.2022

На 27.11.2024 во 16.45 часот на место викано „Солунски пат“, во близина на границата со Р.Грција, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран го лишиле од слобода Ј.М.(31) од с.Синѓелиќ, скопско, поради тоа што со патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, превезувал шест лица-мигранти, од кои пет од Кина и еден од Пакистан. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија и Прифатниот центар за странци-Гази Баба во Скопје.

На 27.11.2024 во 22 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 27.11.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Џ.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 27.11.2024 во 15.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 27.11.2024 во 23.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.М.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 27.11.2024 во 09.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Ф.(27) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.11.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(22) од Скопје. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.11.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ч.(37) од Скопје. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.11.2024 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(20) од Скопје. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.11.2024 во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко возило „тојота ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(27) од Скопје, удрило во Б.М.(22) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 27.11.2024 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Антон Попов“ во Скопје патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Н.(37) од Скопје, удрило во А.Н.(37), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 27.11.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Чаир, М.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Скоевска“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 27.11.2024 во 10.50 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Ј.(63) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 27.11.2024 во 10.10 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.М.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.


На 27.11.2024 во 20.10 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А. (30) од Куманово, затоа што при преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја. Д.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 27.11.2024 во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Дабнички завој“ ги лишиле од слобода Е.А.(40), С.А.(22), С.Ќ.(22), М.Џ.(27) и Д. А.(26) сите од Прилеп. При преглед кај Д.А. била пронајдена марихуана и дигитална вага, а кај М.Џ. марихуана. Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 27.11.2024, врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Прилеп, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес во домот и други простории на М.У.(28) од с.Десово, Општина Долнени. При претресот пронајдени и одземени биле две ловни пушки и 11 патрони за ловна пушка. Лицето било лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

 

На 27.11.2024 во 22.10 часот во СВР Скопје, Р.А.(41) од Велес пријавила дека околу 19.15 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила и го одзело ранецот, во кој имала паричник и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.11.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, Л.К.(24) од Скопје пријавила дека околу 17.15 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и го одземе личниот накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.11.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје Х.В. од Скопје пријавила дека околу 18.30 часот на подрачјето на Центар едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и го одземе ранецот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.11.2024 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била донесена В.К.(63) од Скопје, која претходно околу 13.00 часот се здобила со тешка телесна повреда додека извршувала работни задачи во Клиниката за гинекологија при истиот комплекс. За настанот бил известен трудов инспектор. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

 

На 27.11.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје 33-годишна жена пријавила дека околу 18.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг В.А.(42) и неговата мајка Н.А.(70). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.11.2024 во 12.05 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Д.(52) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (28.11.2024) во 01.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле А.Б.(22) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

Денеска (28.11.2024) во 06.00 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 00.00 часот во домот на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната од нејзиниот партнер Д.К.(36). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.11.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Карпош, Р.А.(48) од с.Злокуќани, скопско пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка Н.А.(14), која и претходно се оддалечувала и била враќана. Според пријавеното, тој се сомнева дека е кај лице со кое е во љубовна врска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.С.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“. Пријавениот делата ги извршил на 13.11.2023 на подрачјето на Центар со закана со пиштол и употреба на физичка сила врз едно лице, при што одзел вкупно 22.000 денари.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 15-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 13.09.2024 во Старата скопска чаршија, со закана со нож, пријавениот извршил разбојништво над друг малолетник , одземајќи му 3.000 денари.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(26) и Г.С.(32) двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 14.10.2024 на бул.„Крсте Петков Мисирков“, пријавените со употреба на физичка сила, извршиле разбојништво над Т.М., при што му одзеле мобилен телефон и 2.300 денари.

 

 

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против К.А.(33) од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.05.2024 полициски службеници по претходно пријавено кривично дело извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.С.(24) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Пријавената во периодот од декември 2023 во повеќе наврати, набавувала кокаин и истиот го продавала на Г.Л. од Битола. На 16.12.2023 во угостителски објект во Битола полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Л. и Ј.П. при што по извршен преглед над Г.Л. бил пронајден и одземен кокаин.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б. (25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 22.11.2024 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени една ловна пушка и 15 патрони.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Т.(60) од Македонски Брод, вработен во ЈП Македонски шуми, вработен како референт за превоз, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа“. На 27.09.2024 и 29.04.2024, пријавениот изготвил службена исправа-испратница со невистинита содржина, која ја заверил со свој потпис и печат и ја пуштил во економски промет.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.З.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 05.11.2024 на Граничниот премин Табановце на излез од државата, пријавениот кој управувал патничко возило „опел инсигниа“ приложил фалсификувана италијанска возачка дозвола.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.И.(48) од с.Радолишта,струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животна средина и природа“ и „узурпација на недвижности“. На 30.05.2024 пријавениот на катастарска парцела Охридско езеро, со багер извршил истурање и порамнување на земја на парцела државна сопственост, при што узурпирал државно земјиште прогласено за споменик на природата, а исто така извршил и истурање на земја на катастарска парцела во Струга, сопственост на Г.А. и предизвикал загадување и негативно влијание врз квалитетот на водата и био-диверзитетот во Охридското езеро.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против K.K.K. од Обединетото Кралство Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“. Пријавениот, на 22.02.2022 преку е-маил порака до правно лице од Штип, испратил лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои правното лице на 24.02.2022 извршило плаќање во износ од 11.005 евра кон банкарска сметка на пријавениот, наместо на вистинскиот добавувач.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.Ш.(58) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во периодот од март 2023 до февруари 2024 во Битола, изградил деловен објект без претходно одобрение за градење, издадено од општина Битола.