На 26.11.2024 во 13.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(39) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 26.11.2024 во 17.00 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода И.Д.(48) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.11.2024 во 23.20 часот во село Ново Село, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Љ.(26) од село Ново Село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и една дигитална вага. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против А.Љ. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.11.2024 во 16.30 часот на ул.„Максим Горки“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Б.М(46) и 36 – годишната М.М. од Велес. При преглед во возилото „мини купер“ со кумановски регистарски ознаки, во кое биле затекнати и кај Б.М. била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 25.11.2024 во 19.00 часот во село Ново Село, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.П.(30) од село Ново Село затоа што кај него била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против Д.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.11.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(31) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.11.2024 во 14.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.С.(35) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.11.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.С.(36) од с.Инџиково, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.11.2024 околу 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ и ул.„Никола Тримпаре“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(57) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.С.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 26.11.2024 во 08.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Е.К.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Че Гевара“ во Скопје, неговата малолетна штитеничка била касната од куче скитник.
На 26.11.2024 во 20.40 часот во ОВР Прилеп, С.Р.(48) од с.Големо Коњари, прилепско, пријавил дека на ул.„Кеј 1 Мај“ бил каснат од куче скитник.
На 26.11.2024 во 18.20 часот на патот од с.Слупчане кон с.Руница, липковско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор при Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле преглед на товарно возило „форд транзит“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(49) од с.Руница. При извршениот преглед било констатирано дека тој со возилото врши превоз на огревно дрво без жиг, боја и испратница. За случајот е известена Шумска полиција, која извршила увид, по што лицето и возилото им биле предадени за понатамошна постапка.
На 26.11.2024 во 11.00 часот во СВР Охрид, 54– годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 730.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило на 15.11.2024 и се претставило како претставник на фирма која работи со биткоини и дека е добитник на 15.000 долари како нивен корисник, а потоа му кажало дека за да ги подигне ќе треба да инсталира апликација преку која ќе се изврши наплатата, но дека прво ќе треба да изврши уплата на одредена сума на пари. Како што е пријавено, во два наврати тој ги уплатил парите, за што подигнал и брз кредит од финансиско друштво. Исто така, според пријавеното, на 24.11.2024 им пишал на нивната електронска адреса со барање за информација кога ќе ги добие парите, а откако го известиле дека биле заглавени во Народна банка, пишал и на официјалната електронска адреса на банката, од каде што добил известување дека тие не се нивни уплатници и дека најверојатно се работи за измама. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.11.2024 во 15.30 часот во СВР Охрид, 47 – годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 6.000 евра. Според пријавеното, пред извесно време на една апликација отворил негов електронски паричник и уплатил 100 евра, но парите му пропаднале и не пријавил затоа што се работело за помала сума. Како што е пријавено,, на 20.11.2024 на социјална мрежа забележал објава со понуда за враќање на украдени пари и се регистрирал, а по неколку дена му се јавило лицето и тој го запознал со неговиот проблем. Исто така, според пријавеното, по неколку дена лицето повторно му се јавило и го известило дека на негоавта сметка во Народна банка имал заглавени 15.630 долари и за да можат да ја извршат уплатата ќе треба да инсталира една апликација и да го зголеми лимитот во неговата банка на приближно иста сума колку што треба да му биде исплатено. Откако сторил како што му било кажано, забележал дека од неговата сметка биле направени две трансакции од 6.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.11.2024 околу 21.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Н.(34), С.А.(46) и С.С.(54), тројцата од Скопје и Б.Ј.(34) од Крива Паланка. Тие се сомничат дека околу 19.40 часот со уште неколку лица, во и пред угостителскиот објект, поради недоразбирање околу плаќање на сметка во објектот, физички ги нападнале В.Р.(45), Ј.Д.(44) и Б.П.(40), сите од Скопје. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.11.2024 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Џ.(32) и М.Б.(41), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.11.2024 околу 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.Д.(53) и Х.П.(51), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (27.11.2024) во 10.00 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(64) од с.Шишево, скопско, пријавил дека на 21.11.2024 околу 17.30 часот во селото, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Д.Ѓ. и неговиот син М.Ѓ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.11.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, Б.А.(56) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, била физички нападната од С.Е. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (27.11.2024) во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Д.Ј.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 38 – годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во СВР Скопје, Л.М.(50) од с.Марино, скопско, пријавил дека на 24.11.2024 околу 02.00 часот во близина на угостителски објект во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.11.2024 во 16.20 часот во СВР Скопје, 45 - годишна жена од Скопје пријавила дека во октомври и ноември оваа година, нејзиниот сопруг А.П.(50) со кого била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати физички ја напаѓал и ѝ упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје, С.К.(62) од с.Зелениково, скопско, пријавила дека на 22.11.2024 околу 12.00 часот во двор од куќа била физички нападната од нејзиниот сосед Ј.М.(31), кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 26.11.2024 во Полициската станица Чаир, од Јавната установа за згрижување деца со воспитно - социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.А.(17) од Скопје, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 26.11.2024 во 16.10 часот во Полициската станица Центар, Р.Б.(44) од Скопје пријавил дека околу 13.40 часот во неговиот дом на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила влегло во неговиот дом и одзело повеќе парчиња накит и други предмети, а потоа и физички го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (27.11.2024) во 09.00 часот во СВР Скопје, Т.Ж.(38) од Скопје пријавила дека на 26.11.2024 околу 15.00 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила и го одзело личниот накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј.(18) и 16-годишник, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид. На 04.01.2024 на ул.„Ленинова“, пријавените со закана од остар предмет се обиделе да извршат разбојништво над двајца малолетници, но не успеале.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ј.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот набавил марихуана и на 18.05.2024 ја внел во Казнено - поправната установа Затвор Штип со намера да ја даде на неговиот брат, осуденик во установата.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Џ.(36) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 23.07.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и пари во разни апоени.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.М.(29) од Гостивар и Е.Џ.(25) од с.Здуње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.01.2024 во с.Здуње, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, управувано од второпријавениот, при што првопријавениот од прозор фрлил марихуана, која била пронајдена и одземена.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Ф.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 28.12.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена ловечка пушка „ИЖ-17“ и куршуми.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.08.2024 во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, од страна на полициски службеници од затворската полиција при Казнено - поправната установа Затвор Идризово бил однесен пријавениот поради сомнение дека проголтал наркотична дрога. Притоа, тој на службениците им предал кокаин.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.В.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.03.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.07.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ф. (35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.08.2024 на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.С.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.11.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.З.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 25.09.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен пиштол „М57“ и куршуми.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(44), Џ.И.(46) и С.Џ.(32), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 20.09.2024 во угостителски објект во Тетово, пријавените физички го нападнале И.А..
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(22) и М.З.(23), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.11.2024 пред угостителски објект во Скопје, пријавените физички нападнале три лица.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(20) и Д.Ѓ.(20), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 24.10.2024 во Скопје, пријавените физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.К.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 16.08.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел повреди.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(63) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 14.11.2024 во просториите на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Штип, пријавениот упатил закани на една вработена во центарот.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Б.(25) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 25.11.2024 кај с.Богородица, гевгелиско, пријавениот бил затекнат како со патничко возило „шкода фабиа“, сопственост на рент а кар фирма од Скопје, како превезува осум лица мигранти. Од страна на судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.