ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Ш.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. При контрола извршена на 08.09.2024 на локален пат во кичевското село Тајмиште, полициските службеници констатирале дека тој управувал моторно возило „опел фронтера“ за кое немал сообраќајна дозвола, не било царинето и не постоело во службените евиденции и било со регистарски таблички кои припаѓаат на друго возило.
На 25.11.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, Х.С.(45) од Скопје пријавила дека околу 16.40 часот во нејзиниот дом во населбата Гоце Делчев пукнала плинска боца која била приклучена со греалка и при тоа таа се здобила со изгореници, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
На 25.11.2024 во 23.55 часот во СВР Скопје, Љ.П.(43) од Скопје пријавил дека околу 22.30 часот на работното место како обезбедување во казино на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.11.2024 околу 18.15 часот во СВР Скопје, Д.А.(22) од Скопје пријавил дека околу 16.20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од малолетник, кој претходно му побарал пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.11.2024 во СВР Скопје, Ж.Г.(46) од с.Волково, скопско, пријавил дека на 18.11.2024 околу 18.30 часот во с.Кучково, скопско, бил физички нападнат од Б.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.11.2024 во 06.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во казино во населба Илинден, скопско, две лица со закана со огнено оружје кон вработените одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.11.2024 во 20.20 часот во ОВР Гостивар, 60-годишната М.Р. од Гостивар пријавила дека на улица ,,Кочо Зози“ била касната од куче скитник.
На 25.11.2024 во 11.30 часот во ОВР Прилеп, Н.Д.(19) од Прилеп пријавил дека на ул.„Кеј 9 Септември“ бил каснат од куче скитник.
На 25.11.2024 во 17.50 часот, Н.П.М.(43) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улица „1 Мај“ во Кичево, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.П.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 22.11.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што било пронајдено и одземено оружје и муниција, кои ги поседувал без одобрение.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Џ.(46) Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.06.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.02.2024 во с.Камењане, тетовско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и кокаин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.А. од с. Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.08.2024 во с.Камењане, полициски службеници го забележале пријавениот како од патничко возило „опел астра“ на друго лице му продал кокаин, кој бил пронајден и одземен.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.11.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над друго лице, при што пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.К.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.10.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во с.Средно Коњари, општина Петровец, при што биле пронајдени и одземени една автоматска пушка, еден пиштол „Чешка Зброевка“, еден карабин модел 98 со оптички нишан и куршуми.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Ш.(26) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 11.11.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата невенчана сопруга.
Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(26) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 22.11.2024 на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, во возилото „фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, биле пронајдени седум лица мигранти.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против В.Ш.(38) Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 08.09.2023 на локалниот пат во с.Тајмиште, кичевско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „џип“, управувано од пријавениот, при што било утврдено дека на возилото поставил регистарски таблички од друго возило.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2020/2021 година на катастарска парцела на ул.„Веле Змејкоски“ во Кичево, пријавениот изградил деловен објект без одобрение за градба издадено од надлежен орган.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ј.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 година, пријавената започнала да гради куќа без да поседува соодветни документи и одобрение за градба издадени од општина Тетово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.М.(28) од Ново Село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 05.11.2024 на регионалниот пат Тетово - с.Пирок, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд транзит“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Б.Б.(58) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 20.05.2024 на ул.„Рудничка“ во Кичево, полициски службеници извршиле контрола на такси возило, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.К.(41) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 22.11.2024 на ул.„ЈНА“ во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот пукал кон Љ.А., но не го погодил. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ч.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.08.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.А.(40) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.03.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле дробилка со остатоци од марихуана, шприц и други предмети.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(30) и Д.К.(44), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.04.2024 во с.Ново Село, струмичко, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „бмв“, управувано од првопријавениот К.Ѓ., а сопатник бил второпријавениот Д.К., при што била пронајдена и одземена марихуана.
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Е.З.(19) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.09.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на таткото на пријавениот, при што бил пронајден и одземен канабис.