Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 13.11.2024

 

 

Вчера (12.11.) околу 16.40 часот, полицискислужбеници од ПС за ГН при Граничниот премин Јажинце, на овој граничен премин, при влез во РСМ спречија шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично). Имено, при проверка на патничко моторно возило „тигуан“ со тетовски регистарскитаблички, управувано од З.С. од Тетово, во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3312 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 12.11.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Ј.(18), Б.Б.(19), Љ.Џ.(20) и Е.А.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирањена случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.


На 12.11.2024 во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветенподнесок.


На 12.11.2024 во 15.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.С.(44) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќеследува соодветен поднесок.


На 12.11.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветенподнесок.


Денеска (13.11.2024) во 01.15 часот, било пријавено дека на регионалниот пат Охрид–Св.Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од Д.Ц.(18) од Охрид, излетал од патот. Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатиралдоктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. По наредба најавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.


На 12.11.2024 во СВР Велес било пријавенодека околу 19 часот на регионален пат Р1102 во правец од село Отовица кон Велес, патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(71) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатираниод болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.


На 12.11.2024 во 08.40 часот во СВРБитола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-с.Бистрица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Канино, битолско и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(53) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.


На 12.11.2024 во 21.26 часот во СВРТетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Волковија-Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(28) од с.Челопек, тетовско излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатираниво Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.


На 12.11.2024 во 08.05 часот на Граничниотпремин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(31) од Р.Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол–Турција. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.


На 12.11.2024 во 15.40 часот во Полицискатастаница Струмица било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу влекач „волво“ со бугарски национални ознаки, управуван од бугарскиот државјанин Н.П.К.(63) и велосипед управуван од И.Е.(64) од Струмица. Во несреќатасо тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.


На 12.11.2024 во 10.00 часот во Полицискатастаница Кисела Вода, Г.Б.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Гојан“ во Скопје бил каснат од куче скитник.


На 12.11.2024 во 16.30 часот во Полицискатастаница Ѓорче Петров, М.Ц.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.


На 12.11.2024 во 16.30 часот во Полицискатастаница Драчево, А.Ј.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.


На 12.11.2024 во 21.15 часот восело Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Р.(52) од село Банско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Штип. И.П. е осуден на затворска казна во траење од пет години и пет месеци за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, а имал за доиздржување три години и четири месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип.


На 12.11.2024 во 18.40 часот восело Банско, струмичко, полициски службеници од Одделение за потраги при МВР го лишиле од слобода М.А.(24) од Кочани. Тој бил баран по распишана потерница за издржување казна затвор во траење од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“. При прегледкај лицето, пронајдена е марихуана. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 12.11.2024 во 16.30 часот одстрана на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово - Одделение за општ криминал од слобода бил лишен Ш.Ш.(41) од с.Порој поради основано сомнение дека е сторител на кривичнодело „убиство“, извршено на 12.10.2013 на регионалниот пат од с.Пирок кон с. Жеровјане. По наредба на Основен суд Тетово извршен е претрес во домот на Ш.Ш.. Против лицето е поднесена кривична пријава, при што од страна на Основен суд Тетово му е изречена меркапритвор од 30 дена.

 


На 12.11.2024 полициски службеници од СВР Битола по претходно добиена наредба за претрес од Основен суд Битола, извршиле претрес во Битола, во дом сопственост на А.Ј.(35) од Битола. При претресот биле пронајдени и одземени една дозвола за оружје, 91 патрони за ловна пушка, 39 куршуми различен калибар, топовски удар, делови за оружје, како и различни предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела. А.Ј. бил приведен во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 12.11.2024 во 17.10 часот на ул. „Џумајска“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Б. (45) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од 20 години, во врска со повеќе кривични дела по чл.235 ст.1 (кражба) од КЗ. При преглед кај лицето, пронајдени се фалсификувани хрватска патна исправа, лична карта и возачка дозвола. Д.Б. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.

 

На 10.11.2024 во 14 часот, по претходно издадена наредба од Основен суд Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци бил извршен претрес во викендица на Тиквешко езеро во сопственост на С.П.(45) од Кавадарци и во објект до викендицата кој тој го користел, при што била пронајдена и одземена малокалибарска пушка „Брно-мод2“ и оптички нишан „Гамо“ кои ги поседувал без соодветна дозвола, по што С.П. бил лишен од слобода. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 12.11.2024 во 16.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица ,,Фазaнерија 2“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,рено“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од малолетник од Гостивар и велосипед управуван од малолетно лице од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар- Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.В.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 09.11.2024 на паркинг простор пред деловен центар во Струга, пријавениот физички ја нападнал неговата поранешна 30 – годишна девојка.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 21.10.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово, поднесе кривична пријава против М.К.(23) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 26.08.2024 пред угостителски објект во Берово, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 12.07.2024 на крстосница на ул.„Прилепски бранители“ и бул.„Гоце Делчев“, пријавениот не застанал на знак за запирање, по што со возилото кое го управувал удрил полициски службеници додека извршувале службени дејствија и им нанел повреди.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(56) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 17.07.2024, пријавениот со нож и секира се заканувал на малолетници.

 

На 12.11.2024 во 14.30 часот во атарот на с.Радање, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип по наредба на ОЈО Штип, во содејство со Трудова инспекција, извршиле контрола во правен субјект каде биле затекнати А.Р.(33), Л.Р.(59) , Ф.Л.(63) , Д.З.(42) , Б.З.(51) , А.Д.(36) и К.З.(59), сите од Република Албанија, за кои било констатирано дека престојувале незаконски во државата, а биле работно ангажирани во правниот субјект. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 12.11.2024 во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Бутел, настанал пожар во помошна просторија од куќа, сопственост на А.Н.(81) од Скопје, а пожарот се проширил и ја зафатил соседната куќа, сопственост на Љ.К.(68) од Скопје. Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Денеска (13.11.2024) во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, настанал пожар во угостителски објект, сопственост на Г.М. од Скопје. Пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 12.11.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје С.Љ.(45) од с.Сарај, скопско, пријавил дека на 11.11.2024 околу 23 часот во казино на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Ф.А. и неговиот син Ф.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.11.2024 во 22.20 часот во СВР Скопје 48-годишна жена пријавила дека на 02.11.2024 околу 13.00 часот во скопско село била физички нападната од нејзините родители Н.Б. и Б.Б. кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.11.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје А.П.(29) од Скопје пријавил дека околу 02.00 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, едно лице со физичка сила му ја одзело јакната, во која имало околу 3.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.11.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје 32- годишна жена пријавила дека на 10.11.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот сопруг С.М.(36) од Скопје, кој и се заканувал и со остар предмет. Со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 12.11.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, А.Џ.(32) од Скопје пријавила дека околу 17.10 часот на паркинг простор на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и ја одземе ташната. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (13.11.2024) околу 01.30 часот на Граничниот премин Богородица, за влез во државата И.А.(27) од Скопје, кој управувал товарно возило „сканија“ со косовски национални ознаки, им пријавил на царинските службеници дека има некој во камионот. Од страна на царински службеници, при прегледот биле пронајдени пет мигранти. Со нив бил извршен разговор, каде појасниле дека додека возачот правел пауза на грчката граница, влегле во задниот дел на приколката. Мигрантите се спроведени во Прифатно транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.

 

 

 

На 12.11.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Б.Х.(27) од Скопје пријавила дека во Скопје, на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и ја одземе ташната. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.11.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, Р.М.Џ.(46) од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба со физичка сила и одзело чанта во која имало пари, лични документи и други лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.11.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, А.Џ.(32) од Скопје пријавила дека околу 17.10 часот на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и ја одземе чантата, а откако не успеало, физички ја нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.11.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Б.Х.(27) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Чаир едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и ја одземе чантата, а откако не успеало, физички ја нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.11.2024 во 18.10 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека М.Ј.(43) од Македонска Каменица бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(19) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 27.05.2024 полициски службеници забележале патничко возило „поло“ во кое пријавениот од совозачката страна од прозорот фрлил марихуана.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.З.(25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 29.10.2023 во кругот на основно училиште во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.А.(40) од с.Лозово, општина Лозово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.08.2024 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С.(56) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 17.06.2024 на бензинска пумпа, пријавениот упатувал закани, а потоа физички нападнал едно лице со чекан и му нанел телесни повреди.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.Ц.(40) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 18.07.2024 по претходно констатиран сообраќаен прекршок пријавениот на социјална мрежа, упатувал заканувачки пораки на полициски службеник.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Б. (18) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“. На 04.06.2024 во близина на основно училиште, пријавениот во присуство на две лица се самозадоволувал.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Н. (53) од с. Џепчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 01.03.2024, Б.М. пријавил дека по претходен договор со пријавениот, како компензација го дал неговиот камион на пријател на пријавениот од Дебар, кој имал фирма за мебел, а за возврат требало да земе мебел во вредност од 15.000 евра, колку што била вредноста на камионот. До денот на пријавата, оштетениот не го добил мебелот, ниту можел да стапи во контакт со пријавениот.

 

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.Р.(36) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 28.09.2024 на клучка Прдејци, во правец кон с.Негорци, полициски службеници извршиле сообраќајна контрола на патничко возило „мерцедес“ при што било констатирано дека регистарските ознаки потекнуваат од друго возило.

 

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово, поднесе кривична пријава против Е.О.(28) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 25.10.2024 за излез од државата на Граничниот премин Табановце, пријавената која управувала патничко возило „форд транзит“, приложила фалсификувана возачка дозвола.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против В.С. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 09.09.2024 на ул.„Вардарска“ на место викано „Малина“, полициски службеници извршиле сообраќајна контрола на патничко возило „бмв“ управувано од пријавениот, при што било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Л. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“. На 16.07.2024 пријавениот на патарина „Сопот“, дал фалсификувани 200 евра.

 

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија, поднесе кривична пријава против Х.Д.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на странец при недозволен влез и транзит“. На 17.09.2024 пријавениот со патничко возило „ауди 5“, се обидел да превезе лица до Скопје, кои претходно оствариле незаконски влез во државата.