Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 10.11.2024

 

На 09.11.2024 во 22.50 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, го лишиле од слобода Ф.Р.(20) од Р.Турција поради тоа што околу 22 часот на локалниот пат Стојаково-Богданци при извршен преглед во патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени девет лица-мигранти, од кои седум од Ирак и двајца од Сирија. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.

 

На 08.11.2024 во 12.05 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 08.11.2024 во 15.30 часот во Скопје, на кеј на река Вардар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.П.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 09.11.2024 во 21.50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода Џ.А.(18) од Штип, затоа што извршен преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 09.11.2024  во 23.50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.С (28) од Прилеп, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. 

 

На 09.11.2024 од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод во содејство со шумската полиција од Прилеп и Македонски Брод на место викано „Голем рид“ во атар на с.Дебреште,општина Долнени, бил затекнат трактор „имт“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ј.И.(39) од с.Дебреште, натоварен со огревно дрво без жиг и без испратница, а во непосредна близина биле пронајдени и други огревни дрва, нежигосани и бесправно исечени. Дрвата се подигнати од страна на ЈП „Национални шуми“- Македонски Брод, а против Ј.И. ќе следува соодветен поднесок.

 

На 09.11.2024 полициски службеници од ОВР Крушево вршејќи мотопатролна служба во атар на с.Арилево,крушевско, пронашле нежигосани огревни дрва. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 10.11.2024 од 00.00 часот, полициски службеници  од СВР Тетово извршиле акциска контрола по угостителски објекти во врска со присуство на малолетници после полноќ и точење на алкохол на малолетници, при што во угостителски објект во Тетово, сопственост на А.О. (34) од Тетово, била затекната малолетничка од село Стенче, која консумирала алкохол. Малолетничката е предадена на семејството, а за сопственикот на објектот е изготвен соодветен поднесок. 

 

На 09.11.2024 во 12.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници ја привеле М.В.(28) од Р.Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека го пречекорила дозволениот престој во државата. Таа била предадена на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, за понатамошна постапка.

 

На 09.11.2024 во 08.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници го привеле Г.Б.(25) од Р.Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, за понатамошна постапка.

 

На 08.11.2024 во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васко Карангелевски“ и сервисна улица која ги поврзува ул.„Васко Карангелевски“ со ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(42) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 09.11.2024 во 21.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во близина на наплатна станица „Романовце“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(47) од Куманово и товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.И. од возилото „шкода“, а со телесни повреди се здобиле возачот А.И и уште еден сопатник Ј.И. од истото возило, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

 

На 09.11.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Центар Д.С.(56) од Скопје пријавил на Кеј „Димитар Влахов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

Денеска (10.11.2024) полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово. Ф.Ј. е осуден на затворска казна во траење од пет години и 10 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“, „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, а имал за доиздржување две години, четири месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната. Исто така, денеска (10.11.2024) полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ш.(40) од село Зрновци, општина Зрновци, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово. Ф.Ш. е осуден на затворска казна во траење од две години и пет месеци за сторено кривично дело „фалсификување исправа“,  а имал за доиздржување шест месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

 

На 09.11.2024 во 23.50 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, откако му бил одбиен влез во државата, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Д.С.А.Д.(34) од Бразил, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес над бразилскиот државјанин од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“ во соодејство со Царинска управа, при што е употребено и  службено куче од мобилен тим од Царинската  управа, во еден од двата куфера на Д.С.А.Д. биле пронајдени два килограма кокаин. Извршен е службен разговор со Д.С.А.Д., кој признал дека бил ангажиран од македонски државјанин за надомест од 5000 евра да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје. Врз основа на прибрани сознанија за лица инволвирани во транспортот на дрогата, во содејство со СВР Охрид, по претходно издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во Охрид кај браќата Ќ.Н.(36) и Х.Н. (28), кои по претресот се лишени од слобода. Исто така, од страна на полициски службеници од ОВР Струга се извршени претреси на две  локации, кај С.К. (36), за кого е распишан и распис за приведување. Од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на два килограми кокаин.

 

На 09.11.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.А.(26), О.А.(25) и Р.С.(23), сите од Скопје поради тоа што на 08.11.2024 околу 23 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар физички ги нападнале Т.Г.(24), Ј.Ш.(30), Е.С.(28), О.С.(27), Ф.Г.(27), Ф.Ј.(25), М.М.(28), Е.Ч.(25), Д.М.(27), Б.П.(25) и Е.Ќ.(26), сите од Р.Турција, а со престој во Скопје.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

Денеска (10.11.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје С.М.(30) од Скопје пријавил дека околу 00.00 часот во с.Трубарево,скопско бил физички нападнат од К.Е. и Е.Е. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (10.11.2024) во 03.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 03.00 часот пред угостителски објект во с.Бразда,скопско, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(27) од с.Бразда, скопско, М.Ж.(26) од с.Глуво, скопско, М.Џ.(26) од с.Чучер Сандево, скопско и Д.К.(26) од с.Мирковци, скопско од една страна и И.П.(28) од с.Кучевиште, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 09.11.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје, У.М.(26) од Скопје пријавил дека на 08.11.2024 околу 22.45 часот на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неколку лица, а едно од лицата имало остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.11.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, Џ.К.(22) пријавила дека околу 13.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, била физички нападната од нејзин роднина И.К.(33), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 09.11.2024 во 10.25 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со физичка сила и со закана со остар предмет од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.11.2024 во 15.20 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена, пријавила дека на 08.11.2024 околу 23.00 часот во семејниот дом во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг В.Б.(45). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.11.2024 во 01.35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека на 08.11.2024 околу 20.00 часот на подрачјето на Скопје-Север била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Б.И., кој и се заканувал и со огнено оружје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(35) и К.Б.(35), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.03.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, во кое биле пријавените, при што бил пронајден и одземен амфетамин.  

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Љ.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.09.2024 на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Х.П.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.08.2024 во Велес, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.А.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.  На 30.04.2023  во  ноќен клуб во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.