На 02.11.2024 година во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во село Марино, скопско, патничко возило „Хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден, скопско, удрило во пешакот В.Н.(78) од село Марино, а потоа возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Полициски службеници од Полициското одделение Петровец по преземени мерки го пронашле возачот и сопственикот на патничкото возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.11.2024 година во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот - обиколница град Скопје во правец од Тетово кон Велес, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р. (44) од село Кондово, скопско, управувајќи патничко возило „Опел корса“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и удрила во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Р., додека нејзините сопатнички С.Р.(49) и С.Р.(19) двете од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 02.11.2024 година во 14.40 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, Кичево-Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(53) од Скопје и товарно возило марка „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) од село Лојане, кумановско, во сопственост на Б.А. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило М.А. и двајца сопатници од патничкото возило - З.С.(63) и Р.П.(55) двајцата од Скопје, додека пак со телесни повреди се здобила В.С. која го управувала патничкото возило и сопатничка од товарното возило Н.А.(26) од село Липково, кумановско, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.
На 02.11.2024 година во 18.45 часот од Медицинскиот центар Гостивар во Полициската станица Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.С. (53) од село Форино. По превземените мерки било констатирано дека Б.С. управувајќи трактор без регистарски ознаки со приколка, изгубил контрола над возилото и се превртил. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 02.11.2024 година во 09.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистарлниот пат Охрид – село Подмоље, патничко возило „Опел корса“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(48) од село Велмеј, општина Дебрца, откако претекнувал две возила, изгубил контрола над „Опел корсата“ и излетал од патот. Во несреќата Г.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот бил известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 02.11.2024 годин во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ж.Д.(37) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.11.2024 година во 22.20 часот во Скопје, на бензинска станица на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Т.(29) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.11.2024 година во 23.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода К.Л.(37) од Скопје поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.11.2024 година во 19.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Б.А.(43) од Скопје поради тоа кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.11.2024 година во 11.05 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(38) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.11.2024 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Р.(32) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (03.11.) во 00.05 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(18) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.11.2024 во 11.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.С.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„1438“ во населба Пинтија во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 02.11.2024 во 12.50 часот во Полициската станица Гази Баба, И.С.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Денеска (03.11.) во 00.50 часот во Полициската станица Гази Баба, В.П.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 02.11.2024 година во 15.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.Д.(52) од Скопје пријвил дека истиот ден околу 11.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од едно лице, кое му упатувало и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.11.2024 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(43) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.11.2024 година во 10.30 часот во СВР Скопје, М.Ш.(25) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 09.45 часот на бензинска станица на подрачјето на Чаир, додека бил на своето работно место бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.11.2024 година во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Б.(18) и Б.Ѓ.(19) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 02.11.2024 година во 13.00 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај-Тетово, ги привеле А.А.(35) од село Боговиње, и М.Б.(42) и Х.Б.(32) двајцата од село Порој, кои по случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка, додека полициските службеници вршеле обезбедување на лице место од незгодата, случена на кружен ток од улицата „Видоје Смилевски Бато“ и улицата „Илинденска“. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (03.11.) во 01.30 часот во Полициската станица Карпош, М.С.(34) од Скопје вработена како новинар – истражувач, пријавила дека на социјална мрежа и биле упатувани закани од лажен профил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (03.11.) во 01.45 часот во СВР Тетово М.К. пријавил дека во угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка меѓу лицата Х.К.(23) и Ф.К.(24) од село Сараќино од една и лицата Ѓ.Б.(23) К.Л.(24) и С.Р.(23) тројцата од Тетово, од друга страна. Од страна на полициски службеници при СВР Тетово лицата учесници во тепачката се лишени од слобода, задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.
Вчера околу 14 часот А.Б.(40) од Скопје пријавила во ПС Ѓорче Пртров дека во паркот во Ѓорче Петров позади општината, додека била со нејзините две деца, М.М.(46) од Скопје, која била со своето дете, викнала едно од децата на А.Б. да седи со нејзиното дете и им дала да јадат. Потоа М.М. со детето на А,Б. тргнала накај пазарот, по што А.Б. истрчала по нив и си го земала детето. Со М.М. е извршен службен разговор во ПС Ѓорче Петров и посочила дека сакала да го однесе детето кај своите деца додека да го најде родителот. М.М. е писмено предупредена и известен е јавен обвинител.
На 02.11.2024 година во 16.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека во мотел на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат С.И.(48) од Струга. Од лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а од страна на екипа од ЕНК ОКСД и од ЕУМНА извршен е увид. За случајот е известен надлежен ЈО и по негови насоки телото на починатиот било предадено на обдукција.
На 02.11.2024 година во 10.20 часот во СВР Битола, А.Т.(23) од село Брусник,битолско, пријавил дека на ул.„Тодор Паница“ во Битола од страна непознат сторител му било одземено неговото патничко моторно возило марка „Форд" со битолски регистарски ознаки. Истото пријавителот го оставил незаклучено и со клуч на бравата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото.
На 02.11.2024 година во 09.05 часот, во охридското село Лескоец, лишен од слобода е В.П.(34) кој претходно, во семејниот дом физички и со тврд предмет, нападнал членови на семејството. Се работи на расчистување на случајот по што за лицето ќе следи соодветна пријава.
Денеска (03.11.) во 03.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле Б.С.(20) од Скопје поради тоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.11.2024 година во 11.50 часот во Полициската станица Гази Баба, О.С.(44) од село Р`жаничино, скопско, пријавила дека во парк на подрачјето на Гази Баба во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.