Денеска (31.10.2024) во 02.30 часот во Скопје на локалниот пат од Горно Нерези кон Средно Водно полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.З.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (31.10.2024) во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(23) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.К.(25) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 23.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(19) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(39) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 22.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(22) од Кавадарци, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 18.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(31) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 17.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, патничко возило „фолксваген пасат“ со српски национални ознаки, управувано од В.Б.(46) од Република Србија удрило во пешакот Б.Д.(64) од с.Облавце. Во несреќата пешакот починал на местото на настанот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.
На 30.10.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат од с.Биџево кон с.Драслајца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(31) од село Делогожда, струшко и патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(31) од Германија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Х.Ш. и сопатничка од возилото „голф“ А.Д.(28), а со телесни повреди се здобиле Т.Д. и сопатничката од возило „бмв“ , А.Х, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
На 30.10.2024 во 15.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 30.10.2024 во СВР Штип било пријавено дека во 11.05 часот во Казнено поправната установа Затвор Штип кај двајца осуденици, Х.Д.(28) и О.М.(27) била пронајдена марихуана. Излезено било на местото на настанот од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип и марихуаната била одземена. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.10.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул.„Дарданиа“ и ул.„4“ во с.Сарај, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „митсубиши“ со италијански национални ознаки, управувано од Н.И.(45) од с.Сарај, скопско и мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(20) од с.Крушопек, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 30.10.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Центар, К.Д.(68) од Скопје пријавила дека на ул.„Елисие Поповски Марко“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 30.10.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.С.(69) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 30.10.2024 во 22.10 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Ш.(43) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 30.10.2024 во 20.15 часот во Полициската станица Карпош, Ј.Ј.Н.(49) од Скопје пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 30.10.2024 околу 12 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.М.(34) од Тетово, затоа што при извршен претрес, по судска наредба, во неговиот дом и други простории била пронајдена и одземена марихуана и предмет со остатоци од кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 31.10.2024 во 02.20 часот на улица ,,Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на потерница по судска наредба, го лишиле од слобода Б.С.(46) од Тетово, кој бил баран за доиздржување на затворска казна од 13 месеци, во врска со сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој е предаден во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.
На 30.10.2024 во 14.50 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.П. (44) од Куманово, затоа што при преглед кај неа била пронајдена марихуана. А.П била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (31.10.2024) околу 03 часот во Скопје, на подрачјето на Бутел, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје, поради тоа што претходно со уште едно лице со тврд предмет искршиле излог од објект- експозитура на правно лице, по што влегле и одзеле сеф, по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле соодветни мерки и активности и ги лоцирале двете лица додека се движеле со мотоциклот, а кога им се приближиле, едно од лицата го фрлило сефот кон полициското возило. Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 17 часот од страна на полициски службеници од Полициско одделение Ропотово во с.Црнилиште, општина Долнени биле лишени од слобода Н.Н.(42) и И.О.(40), двајцата од с.Црнилиште. На 30.10.2024 полициските службеници од Полициско одделение Ропотово, врз основа на наредба на Основен суд Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ казниво по чл.235 ст 3 и чл.226 „пустошење на шуми“ извршиле претрес во дом и други простории кај Н.Н.(42) и И.О.(40), двајцата од с.Црнилиште, општина Долнени, при што биле пронајдени и одземени околу 15 м3 огревни нежигосани дрва. Дрвната маса е предадена на шумска полиција , а по документирање на настанот против лицата ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 18.45 часот полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 27-годишен жител на струмичко, поради сомнение дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село, со која живеел во вонбрачна заедница. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (31.10.2024) во 00.44 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на патот за с.Батинци, скопско, била опожарена барака сопственост на С.М.(30) од с.Батинци, скопско. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат. Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
Денеска (31.10.2024) во 03.10 часот во СВР Скопје, Б.Д.(41) од Скопје пријавил дека околу 02.45 часот пред казино на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2024 во 15.07 часот во СВР Скопје, М.Т.(58) од Скопје, вработен во Јавно претпријатие „Градски паркинг“ пријавил дека околу 14.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходно поставен блокатор на патничко возило со хрватски национални ознаки, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 30.10.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје, лишиле од слобода малолетник од Скопје, по претходна пријава од неговиот 48-годишен татко дека околу 18.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, агресивно се однесувал, искршил дел од покуќнината и му го оштетил возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 08.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ј. и Б.Ј.(32), двајцата од с.Арачиново, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор-Идризово било пријавено дека околу 17.00 часот во канцеларија на полуотворено одделение во установата осудените лица В.К.(20) од Дебар, А.З.(21) од Скопје и А.А.(27) од с.Сарај,скопско, со тврди предмети искршиле дел од инвентарот. Се работи на расчистување на случајот.
Денеска (31.10.2024) во 00.50 часот во Полициската станица Аеродром, В.П.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Денеска (31.10.2024) во 01.00 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода С.С.(34) од Штип, по претходна пријава дека на 30.10.2024 околу 22.00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 30-годишна невенчана сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Берово, било пријавено дека во Берово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.А. и малолетничка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.