На 27.10.2024 во 16.40 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.И.(26) од Виница. При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „форд фокус“ со винички регистарски ознаки, извршен со судска наредба од Основен суд Виница, пронајдени биле и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, марихуана, и други предмети. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.10.2024 во 13.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.10.2024 во 13.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Р.Албанија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.10.2024 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Џ.(24) од с.Согле-велешко, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дробилка со марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.10.2024 во 15.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Ч.Ј.(46) од с.Ржаничино, скопско, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.10.2024 во 23.20 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.И.(58) од Р.Турција поради тоа што при пасошка контрола било констатирано дека приложил две фалсификувани зелени карти. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 27.10.2024 во 10.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп-Градско, мотоцикл „сузуки”, управуван од М.К.(31) од Прилеп, излетал од коловозот и удрил во метален заштитен браник. По несреќата, М.К. со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.
На 27.10.2024 во 14.16 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Страшо Ербапче“ и ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(33) и мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетник, двајцата од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
На 27.10.2024 во 23.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат во с.Проевце, кумановско, патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(49) од село Вак`в, кумановско излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово..
На 27.10.2024 во 18.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Веселин Маслеша“ и ул.„500“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(60) од Куманово и мопед управуван од малолетник од село Тромеѓа, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 27.10.2024 во 19.05 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, приведен е Е.В.(20) од Струга кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа марихуана. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.10.2024 во 16.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај с.Колари, С.В.(35) од с.Мало Турчане, гостиварско управувајќи мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 27.10.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Драчево, З.Т.(25) од Скопје пријавил дека на ул.„Робеспјерова“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 27.10.2024 во 00.15 часот во село Конче, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.А.(38) од село Сопурге, радовишко, поради сомнение дека на 26.10.2024 околу 20.00 часот во село Конче, откако се обидел да изврши кражба на тутун сопственост на К.У.(31) од село Конче, физички го нападнал сопственикот. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.10.2024 околу 7 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека во стан во населба Илинден во Скопје во безсознание била пронајдена М.М. (30) од Крива Паланка, по што е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. М.М. била пронајдена од нејзина колешка, која се упатила кон нејзиниот дом откако М.М. не одговарала на телефонските повици. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
На 27.10.2024 во 15.00 часот полициски службеници од Полициското одделение Сарај, го лишиле од слобода Џ.М.(48) од с.Крушопек, скопско, по претходна пријава дека околу 00.30 часот во семејниот дом се однесувал агресивно, кршел од покуќнината, а потоа физички ја нападнал својата 44-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.10.2024 во 13.30 часот СВР Скопје З.П.(54) од населба Илинден, скопско, пријавил дека во дворот од семејната куќа, по претходно нарушени имотно правни односи, бил физички нападнат од Т.Б.(52). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.10.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Д.(42) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека во дворот од семејната куќа бил физички нападнат од А.Н.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.10.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 19.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.Д.(42) од скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.10.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг место бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(69), О.Р.(45) и С.Р.(22) од една страна и З.Р.(59), А.Р.(23) и Е.Р.(22) од друга страна, сите од Скопје, а бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.10.2024 во 19.10 часот во СВР Скопје, М.М.(24) од Скопје пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром била нападната од А.С.(29) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.10.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје, полициски службеници извршиле службен разговор со Ѓ.С.(31) од Скопје, по претходна пријава дека на 26.10.2024 околу 22.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров физички ја нападнал својата 28-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.10.2024 во 22.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар од огнено оружје биле оштетени прозорци од куќа и две патнички возила „фолксваген артеон“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, во сопственост на А.С.(40) од Скопје, а исто така биле оштетени и прозорци од соседната куќа, во сопственост на Џ.Л.(35). Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и од местото на настанот подигнати се чаури и предадени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.10.2024 во 18.10 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Идризово било пријавено дека околу 15.00 часот во установата починал осуденикот А.А.(65) од с.Строгомиште, кичевско. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Известен бил Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот било предадено за обдукција. Извршен бил увид.
Денеска (28.10.2024) во Полициската станица Гази Баба, Ќ.А.(23) од с.Јурумлери,скопско пријавил дека неговиот татко А.А.(45) кој на 25.10.2024 беше пријавен дека се оддалечил од својот дом, се вратил дома.
На 27.10.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.С.(42) од Скопје пријавил дека неговиот внук С.С.(27) од Скопје, кој имал здравствени проблеми се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 27.10.2024 во Полициската станица Гази Баба, М.Ц.(61) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечил Б.М.(63) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 27.10.2024 во 18.10 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во хотелски комплекс во Берово настанал пожар. Од Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.
Денеска (28.10.2024) во 00.55 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.М.(63) од Штип, поради тоа што на 27.10.2024 околу 23.00 часот во семејниот дом и упатувал закани на својата 66-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.К.(54) и Т.В. (38), двајцата од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 19.10.2024 во угостителски објект во Прилеп пријавените упатувале закани по живот на вработена во објектот и на нејзиното семејство.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Ѓ.(32) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 11.10.2024 во семејна куќа пријавениот физички ги нападнал своите родители, а потоа на неговиот татко му упатувал закани.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово, поднесе кривична пријава против В.Б.(50) од с.Русиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 14.09.2024 на место викано „Мирата“ атар на с.Русиново, беровско, запалил сува трева и гранки, а пожарот се проширил на шест катастарски парцели во с.Русиново, при што била причинета материјална штета од околу 258.000 денари.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, поднесе кривична пријава против К.Д.(78) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“. На 05.09.2024 пријавениот во дворно место во семејната куќа во Крива Паланка, се обидел да отруе куче и измачувал мачка.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Б.(52) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На 26.08.2024 по преземени мерки од градежен инспектор од општина Јегуновце било констатирано дека пријавениот, како сопственик на објект од селото, во текот на месец август 2024 во парк на поранешен угостителски објект во селото изградил армирано-бетонска плоча за настрешница, но не поседувал решение за градба издаден од надлежен орган.