На 01.10.2024 во 19.40 часот во с.Табановце, кумановско, на крстосница кон с.Лојане, липковско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Б.Р.(41) од с.Матејче, липковско, и Љ.Љ.(32) од Куманово. При преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле пронајдени две лица мигранти од Непал. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.10.2024 во 12.05 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции извршиле контрола на товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од П.Н.(63). При контролата било утврдено дека тахографот од возилото не е баждарен, односно е истечен од јануари 2024 година. За настанот бил известен дежурен инспектор од Државен инспекторат за транспорт, кој излегол на местото и на возачот му изрекол глоба во висина од 3.900 евра.
На 01.10.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Е.М.(42) од Прилеп поради сомнение дека од домот на И.М.(74) од Неготино одзела пари. Е.М. била приведена во полициска станица, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.10.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.10.2024 во 21.25 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.10.2024 во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.С.(41) и М.К.(28), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.10.2024 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Ф.К.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.10.2024 во 22.55 часот кај кружен тек помеѓу улица „Киро Ристовски Дрнц“ и улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ј.(25) од с.Голема Речица, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 01.10.2024 во 20.00 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле С.А.(55) од Тетово, кој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 01.10.2024 во 05.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Мокриево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон 595“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.И.(48) од село Мокриево, струмичко и патничко возило „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(64) од село Градашорци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 01.10.2024 во 21.15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во с.Врапчиште, гостиварско, малолетник од истото село, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид извршила екипа при ОВР Гостивар.
На 01.10.2024 во 09.45 часот во Полициската станица Гази Баба, А.С.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 01.10.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Р.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 01.10.2024 во 12.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А.(29) од Скопје пријавила дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Денеска (02.10.2024) околу 14.10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(50) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
На 01.10.2024 во 14.10 часот во с.Церово, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(29) од с.Церово. Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите. И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(33) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 09.09.2024 во казино на улица „Марк и Енгелс“ во Струга тој агресивно се однесувал кон вработените и гостите, а потоа пред казиното физички нападнал работник кој го обезбедувал објектот.
На 01.10.2024 во 22.50 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го привеле Д.А.(52) од Република Турција затоа што при извршена проверка било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.
На 01.10.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Б.(33) и Е.П.(35), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.10.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на паркинг простор во Скопје, на подрачјето на Карпош, по претходна расправија околу паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Ј.С.(44) и А.Н.(35), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.10.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје, Х.С.(22) од с.Сингелиќ, скопско, пријавила дека на 30.09.2024 во 06.30 часот во с.Матка, скопско, во дворот на семејната куќа на нејзините родители, била физички нападната од едно лице кое употребило и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.10.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје, С.А.(40) од Скопје пријавил дека околу 09.30 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој бил со уште двајца малолетници и притоа му се заканил со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.10.2024 во 09.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 00.45 до 07.45 часот на подрачјето на Драчево бил опожарен угостителски објект, сопственост на И.И.(46) од с.Студеничани, скопско. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 01.10.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.М.(40) од Скопје пријавил дека на 30.09.2024 околу 19.50 часот на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба со тврд предмет бил нападнат од Е.Н. и А.Н., кои претходно го оштетиле неговото патничко возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.10.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје, С.М.(68) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила му одзело чанта во која имало лични документи и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.10.2024 во 23.15 часот во СВР Скопје, Х.К.(57) од Скопје пријавила дека околу 22.30 часот на подрачјето на Бит Пазар едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.10.2024 во 01.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на ул. „Серава“ во Скопје. На лице место биле упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје. Поради вдишување на чад, во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош се јавиле повеќе лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник. Во 06.30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден нив немал повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.10.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.М.(17) од Скопје, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 01.10.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека нивниот штитеник К.П.(17) од Скопје, кој на 30.09.2024 беше пријавен дека се оддалечил од установата, се вратил.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 03.07.2024, пријавениот во деловен објект на подрачјето на општина Аеродром со физичка сила и закана со остар предмет од вработената одзел 40.000 денари.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Н.(29) од с.Градец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“ во врска со семејно насилство. На 27.07.2024 во неговата куќа во гостиварско, пријавениот физички ја нападнал неговата 25 - годишна партнерка ѝ ги одзел мобилниот телефон и патната исправа и ја врзал.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.Ѓ. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и С.Ѓ. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 03.05.2024, првопријавениот со ловечка пушка се заканил на присутните во продажен објект во Чашка. Откако бил лишен од слобода, изјавил дека пушката му припаѓа на неговиот татко, второпријавениот, за кој по извршени проверки било утврдено дека не поседувал дозвола за оружје.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Б.(55) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 03.09.2024 во с.Форино, гостиварско, пријавениот физички го нападнал С.Н.(74) во неговата куќа.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.А.(22) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 05.09.2024 во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал А.Б.(20), а се обидел да го нападне и со остар предмет.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Е.С.(22) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекрузори“. На 16.08.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и дробилка.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.К.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.09.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени печурки од дехидратор, израснати печурки и печурки во фаза на раст кои претставуваат псилоцибин и шест кутии кои претставуваат супстрат за нивниот раст.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Г.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 17.01.2024 на ул.„Македонска косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило, во кое пријавениот бил сопатник, и при преглед кај него бил пронајден и одземен хероин.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.З.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.10.2023 во с.Ласкарци, скопско, бил извршен претрес во импровизиран објект, кој го користел пријавениот, при што бил пронајден и одземен пиштол „BLOW“ со калибар 8 мм, две рамки од пушка со калибар 7,62мм, 16 куршуми со различен калибар...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 30.05.2024 на ул.„Фуштанска“ во Скопје, полициски службеници запреле патничко возило „рено“, управувано од пријавениот, кој го запрел возилото и се обидел да побегне, но набргу бил фатен и при преглед кај него бил пронајден и одземен револвер „Amadeo Rossi“ со калибар 38мм со пет куршуми ист калибар, кој пријавениот неовластено го поседувал.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.С.(23) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. На 01.09.2024, пријавениот во Полициската станица Гостивар лажно пријавил дека истиот ден пред општина Гостивар, М.Х.(33) поради недоразбирање во врска со првенство на минување, наводно излегол од возилото и извадил нож, а потоа заминал. Од извршениот увид во безбедносните камери, било утврдено дека М.Х. не го сторил делото.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ц.(34) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.09.2024 пријавениот агресивно се однесувал и турнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Ј.(39) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.07.2024 затворски полицаец при влез во Казнено поправниот дом Штип, извршил преглед над пријавениот- осудено лице, при што била пронајдена и одземена марихуана, наменета за продажба во домот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против А.З.(37) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 24.06.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во просториите на правното лице од с.Корешница, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 10.09.2024 женско лице пријавило дека на социјалните мрежи од пријавениот добивала заканувачки пораки по нејзиниот и животот на нејзиното семејство.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.И.(57) од тетовско, вработен во ЈП „Национални шуми“ во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 01.07.2024 пријавениот издал одобрение за сеча од 01.07.2024, спротивно на упатството од ЈП „Националнии шуми“ и покрај тоа што во имотниот лист имало решение од Основен Суд Тетово за забрана за отуѓување, оптоварување и располагање со недвижен имот, а воедно се потпишал и на местото на директорот, со што предизвикал материјална штета.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И. (31) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 17.07.2024 во спортска обложувалница, во која пријавениот бил вработен, играл на апарати, при што потрошил 50.000 денари од прометот.