Денеска (29.09.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода К.Ј.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (29.09.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Д.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (29.09.2024) во 02.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.09.2024 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.А.(43) од с.Радишани, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.09.2024 во 21 часот во Скопје, на место викано „Три Круши“, полициски службеници го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.09.2024 во 05.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локалниот пат кој ги поврзува с.Зелениково и населбата Драчево, во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(46) од с.Зелениково-скопско, удрило во пешакот М.М.(64) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 28.09.2024 околу 20.30 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, патничко возило „голф“ со регистарски таблици од Свети Николе, управувано од В.З.(24) од Свети Николе, излетало од коловозот. Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Тетово. По наредба на Јавен обвинител при ОЈО Тетово, телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Тетово.
На 28.09.2024 во 16.15 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на крстосница од ул. „315“ и ул.„312“ во Куманово, патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од с.Долно Којнаре, кумановско, удрило во велосипед управуван од малолетник од с.Лопате, општина Липково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.
На 28.09.2024 во 22.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Македонска Каменица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(27) од Македонска Каменица и мотоцикл управуван од Л.Ф.(18) од с.Луковица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и неговиот малолетен сопатник од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Делчево.
На 28.09.2024 во 15.25 часот во Полициската станица Кратово, било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Кратово, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(31) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата В.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кратово.
На 28.09.2024 во 13.30 часот во Полициска станица Гази Баба, М.А.(23) од Скопје, пријавил дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 28.09.2024 во 10.50 часот во Полициската станица Кисела Вода Л.Н.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 28.09.2024 во 20.55 часот во Полициска станица Драчево, В.Ѓ.(43) од с.Кадино, скопско, пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 28.09.2024 во 17.30 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Е.(30) од Прилеп, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба од Основен суд Прилеп. Н.Е. бил баран за издржување на казна затвор во траење од една година. Лицето е спроведено во Казнено поправната установа Затвор Битола.
На 28.09.2024 полициски службеници од СВР Тетово во 14 часот го лишиле од слобода М.М.(23) од Тетово. По претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и помошни простории во Тетово, каде била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Денеска (29.09.2024) полициски службеници од СВР Охрид и од Одделот за крим полиција-Сектор за општ и насилен криминал при МВР, по претходно издадена судска наредба, извршија три претреси во Охрид и од слобода лишија едно лице од Охрид. Претресите се извршени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик и кривично дело „изнуда“ по член 258 од КЗ. Се преземаат и дополнителни мерки и активности во координација со јавен обвинител, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 28.09.2024 во 21.30 часот во Тетово кај „Блок 82“ полициски службеници од СВР-Тетово го лишиле од слобода Е.И.(25) од с. Голема Речица, тетовско. Кај него биле пронајдени марихуана и кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 28.09.2024 во 13 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници го привеле Џ.С.(44) од Тетово, кој бил баран врз основа на издадена наредба од Основниот суд во Тетово и распишана потерница од Казнено поправната установа „Затвор Идризово“ -Скопје, за доиздржување на казна затвор во траење од една година и девет месеци. Лицето е спроведено во казнено поправната установа.
На 28.09.2024 во 23 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Ј.(28) од Тетово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело обид за убиство. Имено, тој на 27.09.2024 бил пријавен од малолетник од Тетово дека претходно, на 26.09.2024 околу 22 часот во работилница во Тетово со остар предмет го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. Л.Ј. е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (29.09.2024) во 01 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека пред угостителски објект во Берово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(35) и Д.Т.(33), двајцата од Берово, од една страна и А.Т.(28) и Ѓ.К.(30) двајцата од с.Умлена, пехчевско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.09.2024 во 13.56 часот во СВР Штип, Ѓ.Д.(33) од Штип, пријавил дека во Штип, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.09.2024 во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Дивље,скопско, по претходна расправија, Д.В. го турнал Т.С. по скали, при што Т.С. се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.09.2024 во 16.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Центар, на паркинг позади угостителски објект, бил пронајден починат Т.Т.(43) од Велес. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
На 28.09.2024 околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место од куќа на подрачјето на Чаир, додека извршувал градежни работи, врз Ј.И.(54) од Скопје паднал бетонски столб. Ј.И. бил пренесен во Поликлиниката Чаир, каде од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Денеска (29.09.2024) во 02.00 часот во СВР Скопје, М.Р.(18) од Скопје пријавил дека околу 00.30 часот во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат од неколку лица, откако претходно му побарале да им го даде паричникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (29.09.2024) околу 02.40 часот во СВР Скопје, Л.М.(21), М.С.(22) и В.М.(22), сите од Скопје пријавиле дека на 28.09.2024 околу 23.40 часот, во Градскиот парк во Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои претходно се обиделе да им одземат пари, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.09.2024 во 18.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Б.(60) и А.А.(44), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.09.2024 во 22.10 часот во СВР Скопје, Д.П.(44) од Скопје пријавил дека околу 21.40 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Е.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.