Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 28.09.2024

 

На 27.09.2024 во 14.00 часот на улица „Живко Брајковски" во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ѓ.Ш.(29) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „разбојништво". Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. 

На 27.09.2024 околу 22.45 часот на наплатна станица Романовце, кумановско, полициски службеници од  Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Кавадарци, а управувано од Р.Р. од Кавадарци. При контролата било утврдено дека возачот во моментот користел туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоби за возачот, правното лице и управителот на правното лице по член 55 став 1 и член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници со патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 7.500 евра. Исто така, одземена е и возачката картичка.   

Денеска (28.09.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Г.М.(35) од Скопје затоа што кај неа биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја  и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (28.09.2024) во 01.35 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Д.О.(25) од с.Ерџелија, светиниколско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 27.09.2024 во 18.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.А.(37) од Струмица затоа што кај него пронајдена марихуана. За настан бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 27.09.2024 во 13.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода К.Л.(37) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.09.2024 во 07.00 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле од слобода Р.Б.(47) од Валандово. Тој бил затекнат додека полевал стебла марихуана. Од него биле одземени стеблата и предметите со кои ги полевал. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против Р.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 27.09.2024 во 20.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Д.(29) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.05.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин. 

На 27.09.2024  околу 17.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Градско, пред с.Виничани, општина Градско, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(22), излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка Е.К.(22), двајцата од Крушево, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес. 

На 27.09.2024 околу 19.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „пежо“, управуван од Д.М.(18) и електричен тротинет управуван од Џ.И.(72), двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.З.(27) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.07.2024 во близина на угостителски објект во Кичево, полициски службеници извршиле преглед кај едно лице, при што бил пронајден и одземен кокаин, кој претходно го набавил од пријавениот. 

На 27.09.2024 во 11.20 часот во Полициската станица Центар, Г.Н.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Полежиновски“  во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Д.С.(43) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 24.06.2024 во Ресен, пријавениот агресивно се однесувал кон комунален инспектор и со нож му упатувал закани.     

На 27.09.2024 во 17.10 часот во Полициската станица Аеродром, И.Ј.(19) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната одкуче скитник.  

 

На 27.09.2024 во 19.55 часот во Полициската станица Аеродром, И.Д.(40) од Скопје пријавила дека на бул.„Асном“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.  
 
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Н.(35) Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.09.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, МДМА таблети и кокаин. 

На 27.09.2024 во 15.00 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го лишиле од слобода Б.А.(44) од Велес. Тој се сомничи дека со употреба на сила од паркирано товарно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на М.З.(19) од Велес, одзел земјоделски производи. Б.А. бил приведен во полициска станица, а дел од производите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.09.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Велес, Љ.А.(36) од Велес пријавил дека од влезот во зградата во која живеел бил одземен неговиот велосипед. По преземените мерки и активности, полициски службеници го пронашле велосипедот кај З.С.(37) од село Оморани, општина Чашка, по што го вратиле на сопственикот.     

На 27.09.2024 во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Н.В.(47) од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон неговата сопруга и полициските службеници кои преземале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.09.2024 во 13.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Т.(35) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија и агресивно однесувал кон колеги од фирмата во која порано работел. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 27.09.2024 во 10.10 часот во СВР Охрид, 37 - годишен маж од Охрид пријавил дека во семејниот дом, неговата сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син и оштетила дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Б. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.07.2024, полициски службеници го забележале пријавениот како фрла пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено. 
На 27.09.2024 околу 18.40 часот М.С.(55) од Кичево пријавил дека пред угостителски објект во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои при нападот немале маски на главите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за расчистување на случајот. 

На 27.09.2024 во 15.00 часот во СВР Скопјре, М.А.(45) од Скопје пријавил дека околу 08.00 часот на подрачјето на Карпош, во близина на училиштето во кое учел, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 27.09.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Гази Баба, З.С.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Антон Попов“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 27.09.2024 во 03.50 часот на влез во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки пронашле 11 лица мигранти, од кои пет лица од Сирија и шест лица од Република Турција. Откако ги забележал полициските службеници, возачот на возилото го напуштил местото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 27.09.2024 во 23.10 часот СВР Штип, М.М.(63) од Штип пријавил дека околу 19.10 часот во Штип бил физички нападнат од Б.М.(37) од Штип, кој употребил и метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 27.09.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.К. и Ј.Г., двајцата од Скопје, пријавиле дека нивните малолетни деца, додека биле на екскурзија во Спортско – рекреативниот центар Сарај, организирана од основно училиште од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и метални предмети. Според пријавеното, кога учителките на децата реагирале, напаѓачите им се заканиле и заминале. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.А.(22) и М.А.(24), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 24.08.2024, пријавените како соизвршители неовластено навлегле во електронскиот систем на трансакциска сметка на друго лице,  извршиле 11 успешни трансакции на четири продажни места во Штипи на тој начин се стекнале со противправна имотна корист од 8.889 денари. 

На 27.09.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Велес, И.Т.(53) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник. 

На 27.09.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, Б.Т.(36) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 
На 27.09.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Дебар, М.С.(72) од Дебар пријавила дека на ул.„Гоце Делчев“ во Дебар била физички нападната од А.В.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 28.09.2024 во Полициската станица Пробиштип, Е.Т.(36) од Пробиштип пријавил дека околу 22.45 часот на 27.09.2024 во угостителски објект во Пробиштип бил физички нападнат од С.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 27.09.2024 околу 15.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во дворот на средно училиште во Гостивар биле пронајдени два куршуми. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар и куршумите биле подигнати за понатамошна постапка. 

На 27.09.2024 во 20.35 часот во Полициската станица Кичево, Ј.И.(45) од Кичево пријавила дека на ул.„11 Септември“ во Кичево нејзиниот син Д.А. бил каснат од куче скитник. 

На 27.09.2024 во 21.35 часот во СВР Куманово, директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31 - годишна родилка од Куманово. Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.   

На 26.09.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Карпош, А.Ј.(24) од Скопје, вработен како координатор на инфо центар во Град Скопје, пријавил дека околу 19.30 часот, додека со негов колега со службено возило вршеле патрола, во близина на депонија, која била исчистена на 25.09.2024 од градските служби, забележале повеќе лица, при што едно од нив со дрвен предмет им го оштетило службеното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 27.09.2024 во 20.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.Ј. од Скопје пријавила дека во периодот од 25.09.2024 до 27.09.2024, додека била пријавена за исчезната, врз нејзината 14 – годишна штитеничка била извршена обљуба од лицето С.И.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 27.09.2024 околу 14.35 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека од домот на Џ.А. се оддалечила нејзината штитеничка Н.А.(16) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 27.09.2024 во 20.20 часот во Полициската станица Кичево, Ж.Т.(55) од Кичево пријавила дека на ул.„Рудничка“ во Кичево била касната од куче скитник.