На 11.09.2024 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.Л.(42) од село Владевци, струмичко. Тој се сомничи дека околу 20.30 часот во Струмица, од 24-годишна жена од село Мокриево, струмичко, со употреба на сила одзел пари и мобилен телефон. Лицето било задржано во полициска станица и кај него биле пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени на сопственичката. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Г.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.09.2024 во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(25) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.09.2024 во 17.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.09.2024 во 22.05 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.09.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.09.2024 во 13.15 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.П.(45) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.09.2024 во 15.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Д.(40) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.09.2024 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.09.2024 во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т.(24) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 11.09.2024 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(29) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 11.09.2024 во 22.00 часот на улица „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го привеле А.Џ.(32) од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.09.2024 околу 22.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево ги лишиле од слобода Н.Ф.(26) и М.Х.(18), двајцата од скопско Бојане и Ј.М.(27) и Р.Б.(23), двајцата од скопска Копаница, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во врска со кривично правниот настан случен на 29.08.2024 околу 21 часот во с.Арачиново, скопско, каде што со огнено оружје е пукано кон А.И. (25) и В.Б. (29) од с.Арачиново, при што со прострелни рани се здобил А.И. и бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти извршени се претреси на повеќе локации во с.Арачиново, при што од слобода е лишен Е.А. (22) од с.Арачиново. Од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава против Е.Б. (29), В.А. (27) и Е.А. (22), сите од с. Арачиново за кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ. Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е.А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.
На 11.09.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Валандово, патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(32) од село Пирава, валандовско, удрило во пешакот Д.С.(67) од Валандово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Здравствен дом - Валандово. Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.
На 11.09.2024 во 23.45 часот во Полициската станица Гази Баба, М.К.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 11.09.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Карпош, Е.Л.(21) од Битола пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 11.09.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Чаир, Ф.И.(76) од Скопје пријавил дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 11.09.2024 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Л.(28) од Скопје. Претходно, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволената трговија при СВР Скопје извршиле претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, при што биле пронајдени и одземени неколку пакувања марихуана, неколку пакувања бела прашкаста материја, таблети, дигитална вага, куршуми, пари и други предмети.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по што бил изведен пред судија на претходна постапка кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
На 11.09.2024 во 15.20 часот во СВР Скопје, В.С.(58) од Скопје пријавил дека на 07.09.2024 во продажен објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.09.2024 во 10.15 часот во СВР Скопје, 45 – годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзината снаа Ф.Н., која употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.09.2024 во 22.29 часот во СВР Скопје, И.А.(41) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Н.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.11.2023 на ул. „Христо Татарчев“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници кај пријавениот пронашле марихуана и амфетамин, кои биле подготвени за понатамошна продажба.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.05.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена грутчеста материја, марихуана и семки.
На 11.09.2024 во 18.30 часот во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода Д.В.(32) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Тој се сомничи дека на 07.09.2024 во 19.40 часот во Свети Николе, на А.Ј.(72) му одзел паричник со лични документи, пари и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Регионален центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против З.Е.(31), од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 06.09.2024 на Граничниот премин Деве Баир, пријавениот приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за товарното возило кое го управувал.
Регионален центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Н.К.(59) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 08.09.2024 на Граничниот премин Деве Баир, пријавениот приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за товарното возило кое го управувал.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнене за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 07.01.2024, при сообраќајна контрола, пријавениот приложил возачка дозвола за која било утврдено дека е фалсификувана.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Ц.(24) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 25.06.2024, при сообраќајна контрола, пријавениот приложил возачка дозвола за која било утврдено дека е фалсификувана.
На 11.09.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје, 77 – годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило на телефон и ја известило дека нејзината ќерка, наводно, учествувала во сообраќајна несреќа во која загинал малолетник и дека родителите на малолетникот се согласиле за одреден паричен надомест да не пријавуваат во полиција. Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите, но подоцна сфатила дека таков настан немало и дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.09.2024 во 12.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 11.50 часот во атар на с.Неготино, општина Врапчиште, додека бил во нива на неговиот брат, кај место викано „Маврица“, од експлозија на рачна бомба со повреди се здобил Б.А.(51) од с.Неготино. Тој бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар за укажување на лекарска помош. По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство со екипа од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР. Се работи на расчистување на случајот.
На 11.09.2024 во 22.24 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Полициската станица Чаир го привеле Н.Ф.(35) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.09.2024 во 17.59 во СВР Штип, Р.С.(50) од Штип пријавил дека околу 17.00 часот во Штип, по претходна расправија околу паркирање на возило, бил физички нападнат од негов сосед. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.09.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, Т.М.(26) од Скопје пријавила дека на 31.08.2024 околу 23.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и А.М.(24) од Скопје биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.09.2024 во 01.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди бил донесен Н.Ј.(35) од Скопје. Според пријавеното, тој претходно бил физички нападнат од Г.С., кој употребил и стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.09.2024 околу 20.35 часот на сервисна улица после исклучокот од автопатот А1 Велес – Скопје, кон с.Отовица, велешко, полициски службеници забележале дека во патничко возило „фолксваген туран“ се превезуваат мигранти. Откако возачот ги забележал полициските службеници, со возилото удрил во возило „форд“, сопственост на МВР, по што продолжило со движење на автопатот А1 и на наплатната станица Отовица со возилото удрил во рампа на кабина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.09.2024 во 12.30 часот кај наплатна станица Романовце, полициски службеници од СВР Куманово пронашле едно лице мигрант од Алжир. Лицето било пренесено во транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.
На 11.09.2024 во 22.35 часот во СВР Битола, И.С.(29) од Битола пријавил дека на ул.„Панде Илковски” во Битола бил каснат од куче скитник .
На 11.09.2024 во 14.00 часот во СВР Битола, Б.Р.(47) од с.Средно Егри, битолско, пријавила дека во Битола била касната од куче скитник.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.С.(47) од с.Двориште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Во домот во с.Двориште, пријавениот држел ловечка пушка со калибар 16мм и седум ловечки патрони со калибар 16мм. без да поседува соодветна дозвола издадена од надлежен орган.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект и М.М.(38) од с.Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“. На 08.09.2020, постапувајќи по претходна пријава, на патот кој води од с.Неготино кон с.Волковија било затекнато товарно возило, сопственост на пријавениот правен субјект, а управувано од второпријавениот, кој од приколката истоварил отпаден материјал.
СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Скопје и против правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 27.08.2024 на наплатната станица Градско, било запрено товарно возило со полуприколка, сопственост на пријавеното правно лице, а управувано од пријавениот, при што било утврдено дека истиот врши транспорт, без да поседува лиценца за вршење превоз, притоа без платен налог и соодветна документација.