На 04.09.2024 во 19.20 часот во с.Кременица, битолско, полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од с.Кременица. Тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува кривична пријава.
Денеска (05.09.2024) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Р.(29) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (05.09.2024) во 02.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.09.2024 во 12.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ф.(39) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.09.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.М.(29) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.09.2024 во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.09.2024 во 15.30 часот на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Б.(41) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена бела грутчеста материја. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.09.2024 во 07.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода П.Ф.Г. од Сојузна Република Германија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека косовската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 04.09.2024 во 17.34 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип - Кадрифаково, кон населба „Три Чешми“ во Штип, патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(59) од Штип, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 04.09.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„1033“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(56), удрило во велосипед управуван од Љ.А.(42), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 04.09.2024 во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„20“ во село Сарај, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ф.(40) и мотоцикл „бенели“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ш.(29), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник А.И.(21) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 04.09.2024 во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(34) од село Сарај, скопско и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(38) од село Патишка река, општина Сопиште, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 04.09.2024 во 11.10 часот во Полициската станица Гази Баба, З.С.(61) од Скопје пријавил дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 04.09.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Х.(36) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 04.09.2024 во 14.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.С.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.09.2024 во 00.10 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Л.Л.(38) и 30 – годишната М.А., двајцата од Велес. На наплатната станица Сопот, полициските службеници извршиле контрола на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Л., а сопатничка била М.А., при што биле пронајдени и одземени кафеава грутчеста материја и кафеава прашкаста материја. Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.09.2024 во 22.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Р.И.(39) и Ј.К.(38), двајцата од општина Студеничани. На регионалниот пат Скопје – Велес, во близина на езеро Младост, полициските службеници извршиле контрола на патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р., а сопатник бил Ј.К., при што биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „Бајкал“ и патрони за неа, без да поседуваат соодветна дозвола. Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.09.2024 во 11.45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Ј.Ј.(38) од Пробиштип. Тој се сомничи дека на 03.09.2024 околу 05.30 часот со запалива течност предизвикал пожар на влезната врата и предмети пред влезната врата од станот сопственост на Н.В.(46). Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 03.09.2024 во 17.58 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.С.(32) од село Мородвис, општина Зрновци. Според пријавеното, тој околу 14.00 часот на земјен планински пат на планината Плачковица, кон с.Видовиште, управувајќи крос мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот, при што се здобил со повредите. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Денеска (05.09.2024) во 09.50 часот, полициски службеници од СВР Штип извршиле службен разговор со Д.П.(21) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека на 04.09.2024 околу 12.30 часот на семејна веселба во Штип испукал неколку куршуми во воздух од пиштол „Екол специјал 99“ за кој не поседувал документација. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, а полициски службеници ги подигнале чаурите за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.09.2024 во 17.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А.(32) од Скопје затоа што агресивно се однесувал и упатувал закани на полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.09.2024 во 14.47 часот во Полициската станица Делчево, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда била донесена Г.С.. Според пријавеното, таа се здобила со повредата при извршување работни задачи во продажен објект во Делчево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
Денеска (05.09.2024) во 00.10 часот во СВР Скопје, М.С.(29) од село Сарај, скопско, пријавил дека на 04.09.2024 околу 23.00 часот во круг на фирма на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил физички нападнат од И.К.(33) од село Падаруша, општина Студеничани, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.09.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, М.Б.(34) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, малолетник со остар предмет се заканувал на неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.09.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, С.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 09.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.09.2024 во 22.22 часот во СВР Скопје, А.А.(18) од Скопје пријавил дека околу 21.50 часот на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.09.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје, 33 - годишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево била физички нападната од својот 39-годишен сопруг од Скопје. Исто така, во 20.00 часот сопругот пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга, која употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (05.09.2024) во 00.40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г.(31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30 - годишна жена од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Денеска (05.09.2024) во 04.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба било опожарено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 27- годишаната О.С. од Скопје. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.09.2024 во 14.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.М.(34) од Скопје пријавил дека од местото каде биле сместени се оддалечиле три лица од Непал на возраст од 20 до 37 години, а кои биле вработени во фирма во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 04.09.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Гази Баба, К.М.(72) од село Јурумлери, скопско, пријавил дека на ул.„Разлошка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 04.09.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Центар, М.П.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 04.09.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.М.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.С.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“. На 16.08.2024, пријавениот со закана со пиштол принудил едно лице од банкомат да извади пари и да му ги даде. Исто така, на 10.05.2024 на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, откако пријавениот проверил дека друго лице немало пари на банкарската картичка, со пиштол му упатил закани.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.П.(34) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 28.06.2024, во продажно место во Делчево, пријавениот упатувал закани на овластен ветеринарен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство, кој извршувал службени дејствија.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ј.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.07.2024 во семејната куќа, пријавениот со нож упатувал закани на својата баба.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против З.П.(45) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 10.07.2024, пријавениот преку мобилна апликација испратил пораки со заканувачка содржина на двајца вработени во Центарот за социјални работи Берово.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.П.(19) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување на сигурноста“ и две кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 29.08.2024 на Градскиот плоштад во Крива Паланка, за време на одржување на културна манифестација, пријавениот се заканувал на две лица, а при интервенција на полицијата физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија Откако бил приведен во Полициската станица Крива Паланка, тој физички нападнал и друг полициски службеник .
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Џ.(25) и Р.Џ.(22), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „осигурителна измама“ и „поднесување на лажни докази“. При вршење увид од екипа на СВР Тетово во врска со пријава за фалсификувани медицински извештаи, биле забележани медицинските извештаи од првопријавениот и второпријавената, кои не биле заведени во соодветни книги за заведување на сообраќајни незгоди, ниту во системот „Мој термин’’, а притоа истите извештаи биле предочени на лекарите чиј факсимил стоел на документот, по што лекарите се произнеле дека извештаите не се пополнети од нивна страна, ниту потписот е нивен. Од СВР Тетово била контактирана осигурителната компанија во врска со обештетувањето кое го добиле прво и второпријавените, од каде бил добиен одговор дека на 30.12.2021 преку адвокат до нив било доставено барање од прво и второпријавената за нематеријална штета, по што на двајцата им биле исплатени вкупно 160.000 денари. Во изготвување на фалсификуваните медицински извештаи им помагало друго лице, а кое потоа им ги дало на првопријавениот и второ пријавената и на тој начин им помогнал да се стекнат со противправна имотна корист од 160.000 денари.