На 03.09.2024, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Г.Г. од с.Дабиле, струмичко. Околу 18.30 часот на наплатната станица Романовце била извршена контрола на возило - комбе „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека превезува стоки од Сојузна Република Германија и само за помал дел поседувал царинска потврда за платени давачки, додека пак за поголемиот дел не поседувал никаква документација. Известен е Отсекот за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител, возилото и предметите за кои не поседувал документација биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278-Б - „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 353 од Кривичниот законик – „злоупотреба на службената положба и овластувања“.
Денеска (04.09.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(18) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 17.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 13.25 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(27) од Сојузна Република Германија, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 12.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.О.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 19.45 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода Р.К.(28) од село Градашорци, струмичко, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 21.05 часот на улица „Браќа Блажески“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ќ.И.(51) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 03.09.2024 во 11.25 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода К.Б.(32) од Косово, затоа тоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
На 03.09.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ и ул.„Петар Делјан“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, упраувано од З.Д.(61) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(50) од с.Батинци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле О.Д.(26) од Скопје, сопатничка во возилото „опел“ и Х.И.(42) од с.Батинци, сопатничка во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.Д. и сопатничката во неговото возило В.Д.(52) од Скопје, како и двајца малолетни сопатници од возилото „бмв“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.
На 03.09.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од бул.„Ленинова“ и ул.„24 Октомври“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(57) од село Ново Село, струмичко и мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(25) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Денеска (04.09.2024) во 00.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, на клучката Штип - Велес кон с.Кадрифаково, патничко возило „даеву ланос“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(38) од Штип излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 03.09.2024 во 17.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„14 Бригада“ и ул.„Цар Самоил“ во Кочани, Е.С.(35) од Кочани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.А.(43) од Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
На 03.09.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Ѓ.(20) од с.Волково, скопско, пријавила дека на ул. „81“ во с.Волково била касната од куче скитник.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи- Охрид, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи при Оддел за граѓански работи, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од Кривичниот законик во врска со член 9 став 5 од Законот за оружје и член 6 и член 7 од Законот за административни такси во МВР. Пријавениот Љ.З., во својство на одговорно лице, во периодот од 01.01.2022 до 05.08.2024 од барателите, на рака ги земал парите што требало да ги платат на жиро сметката на Министерството за внатрешни работи за административни такси, со цел да им врши услуга, односно во нивно име тој да изврши уплата за административни такси. Но, наместо тоа, парите тој противправно ги присвоил и со тоа за себе прибавил имотна корист и нанел штета на Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 60.950 денари. Во наведениот период, за вкупно 179 примени барања нема потврда за платени административни такси. Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола против Љ.З. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.
Единиците за внатрешни работи Центар и Бит Пазар и Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесоа кривични пријави против А.Б.(18) од Скопје и К.Д.(18) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела тешка кражба на дрзок начин. Имено, две дела се извршени на 03.09.2024 на подрачјето на Центар, каде што пријавените со употреба на физичка сила од две жени на возраст од 28 и 59 години одзеле личен накит, што го носеле на себе. Третото дело е извршено на 31.08.2024 на подрачјето на општина Аеродром, каде што, исто така, со употреба на сила од 61 - годишна жена одзеле личен накит. Со пријавените бил извршен службен разговор во полициска станица, а оштетените ги препознале сторителите. Дел од накитот бил пронајден и вратен на оштетените. Во текот на денот пријавените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
На 03.09.2024 во 19.00 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишиле од слобода Ѓ.В.(31) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (04.09.2024) во 02.00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле С.С.(24) од Штип затоа што при преглед во неговото патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (04.09.2024) во 02.00 часот, по претходна наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани извршиле претрес во помошна просторија од куќа во Кочани и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“ по член 398 од Кривичниот законик, од слобода биле лишени С.А.(35), А.К.(32), И.М.(44), М.П.(33), Д.Д.(30), К.З.(36), З.М.(43), М.П.(35), П.Е.(28), В.Д.(37), О.В.(46) и Г.С.(34), сите од Кочани. При извршениот претрес биле пронајдени и одземени пари, мобилни телефони и чипови. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 07.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Генерал Васко Карангелевски“ и ул.„Игњат Атанасовски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен Ц4“ со австриски национални ознаки, управувано од П.Ј.(54) од Република Австрија, со престој во Битола и скутер со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетничка од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 03.09.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1108, во близина на село Ново Коњско, гевгелиско, Ј.А.(43) од Гевгелија управувајќи мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
На 03.09.2024 во 18.14 часот во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Тетово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од електричен тротинет на локален пат во тетовско Сараќино. Увид извршила екипа од СВР Тетово.
Денеска (04.09.2024) во 01.45 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Н.Х.(47), К.С.(38) и Д.Д.(30), сите од Скопје, затоа што околу 01.30 часот, по претходна расправија околу должничко-доверителски односи, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во СВР Штип бил извршен службен разговор со А.Н.(43) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговата 40 – годишна сопруга со која е во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.08.2024 во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.С.(49) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот на работното место во автоперална на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Г.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.09.2024 во 18.30 часот во Дебар, полициски службеници од криминалистичката полиција во Дебар го лишиле од слобода Е.Ф.(20) од Дебар, кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка. Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на претставници од Центарот за социјални работи и по целосно документирање на настанот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.09.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, Ј.Б.(38) од Скопје пријавила дека на 02.09.2024 околу 11.00 часот во училишен двор на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.09.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена од Скопје пријавила дека на 02.09.2024 околу 22.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од својот 30-годишен сопруг од Скопје, кој ѝ се заканувал и со остар предмет. Исто така, во 17.45 часот сопругот пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.09.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 02.09.2024 околу 17.35 часот во кругот на Полициската станица Аеродром во Скопје, Ж.А.(39) од с.Раштак, скопско, физички нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 14.59 часот во СВР Скопје, од спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар било пријавено дека од сефот во обложувалницата недостасуваат пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.09.2024 во 13.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Голиoво, скопско, настанал пожар во викенд куќа со непознат сопственик, нискостеблеста шума, сува трева и лозје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 03.09.2024 во СВР Скопје, С.Х.(52) од Скопје пријавил дека забележал дека надгробната плоча од гробот на неговиот починат вујко на гробиштата во Бутел била оштетена. Извршен е увид од полициски службеници од Полициската станица Чаир и се работи на расчистување на случајот.
На 03.09.2024 во 09.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Карпош во Скопје била пронајдена почината Н.Т.(39) од Скопје, која имала здравствени проблеми. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
На 03.09.2024 во Виница била пронајдена С.А.(14) од Крива Паланка, за која на 30.08.2024 нејзиниот татко Н.А.(43) од Крива Паланка пријави дека се оддалечила од домот во с.Сопот, кавадаречко, каде што привремено престојувале.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(35) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. На 21.08.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата 35-годишна сопруга.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.П.(73) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 28.07.2024 во село Секулица, кратовско, пријавената го пуштила нејзиното куче без да биде обезбедено и без надзор, кое отишло во дворно место од викенд куќа на друго лице и каснало 60-годишна жена од истото село.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.В.(58) од Скопје и против правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“. Првопријавениот, приложувал фалсификувани ISO сертификати, со кои во временски период од 2020 до 2022 година, како правно лице учествувал и добивал работа на огласи за јавни набавки.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Н.(24) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 06.06.2024, при купување мобилен телефон од Д.М. од Штип., пријавениот во оптек пуштил фалсификувани пари.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(55) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. На 06.02.2024 на државно земјиште на ул.„ЈНА“ во Струга, пријавената бесправно направила доградба на објект.