Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 01.09.2024

На 31.08.2024 во 10.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(29) од Битола. Тој се сомничи дека од февруари 2023 до 31.08.2024 во повеќе наврати преку социјална мрежа упатувал закани кон 49 – годишна жена од Битола и нејзиното семејство и на тој начин од неа изнудил околу 400.000 денари. Н.Д. бил затекнат при примање пари од жената, кои биле пронајдени и одземени. Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, различни видови патрони за ловечка пушка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. Лицето било приведено во полициска станица и против него по брза постапка е поднесена кривична пријава по член 258 од Кривичниот законик, додека од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Денеска (01.09.2024) во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.З.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.08.2024 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.08.2024 во 13.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.08.2024 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.08.2024 во 16.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.О.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.08.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.08.2024 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ќ.А.(19) од с.Ново Село, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (01.09.2024) во 00.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од ул.„Асном“ со ул.„Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.М.(24) од Охрид и мопед „априлија“, управуван од Д.В.(18) од Охрид, кој после тоа удрил во паркирано патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

На 31.08.2024 во 14.25 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, кај место викано „Северова падина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од Кавадарци и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.М.(31). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „форд“, Е.С.(33) од Кавадарци, констатирани во болницата во Кавадарци. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

На 31.08.2024 околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Свети Николе, кај клучка Коњари, малолетник од Свети Николе, управувајќи мопед „априлија“ со светиниколски регистарски ознаки, удрил во одрон и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 31.08.2024 во 15.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, Б.Р. пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Денеска (01.09.2024) во 00.20 часот во Полициската станица Аеродром, Н.А.(65) од Скопје пријавила дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје била касната од куче скитинк.

На 31.08.2024 во 15.20 часот во Полициска станица Кичево, С.А.(36) од Кичево пријавил дека во с.Осломеј бил каснат од куче скитник.
 

На 31.08.2024 во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(44) од Куманово. Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 30.08. и 31.08.2024 од дворно место на ул.„Никола Тесла“, сопственост на Б.А.(26) од Куманово, одзел повеќе делови за автомобили. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Т.(22) и К.Ј.(31), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 21.08.2024 на магистралниот пат А4, на крстосница за с.Ињево, радовишко, полициски службеници запреле патничко возило управувано од второпријавениот, а при преглед над првопријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Џ.А.(27) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. На 05.03.2024 во атар на с.Дедели, валандовско, полициски службеници пронашле и одзеле пушка „Browing“, која не евидирала во системот за оружје, а по извршено вештачење било утврдено дека трагите на пушката потекнуваат од пријавениот.

 

Денеска (01.09.2024) во 05.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(38) од Скопје и Н.Ѓ.(29) од с.Волково, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (01.09.2024) во 01.50 часот во СВР Скопје, М.Н.(24) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека околу 01.10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.08.2024 во 23.00 часот во ОВР Кочани, 30 - годишна жена од Кочани пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг З.Л., со кого е во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.08.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(40) од с.Булачани, скопско и Ф.Ш.(28) од с.Трубарево, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.08.2024 во 00.35 часот во СВР Охрид, А.Д.(32) од Охрид пријавил дека на 30.08.2024 во 22.10 часот во угостителски објект во Охрид бил физички нападнат од Б.„Н“, В.„Н“ и уште три лица, при што В.„Н“ му упатил и закани со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 31.08.2024 во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, по претходно недоразбирање во чекалната, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.08.2024 во 14.00 часот на улица „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.М.(30) од Охрид, затоа што претходно физички го нападнал М.М.(23) од Охрид и со неговото возило го оштетил мотоциклот кој го управувал М.М.. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 31.08.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје, А.Ј.(20) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари, лични документи и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.08.2024 во 11.35 часот во Полициското одделение Велешта, Р.П.(62) од Вевчани пријавила дека околу 11.20 часот во нејзината бавча во Вевчани, била физички нападната од О.П. од Вевчани, која употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.08.2024 во 17.20 часот во СВР Скопје, Е.П.(61) од Скопје пријавила дека околу 16.10 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.08.2024 во 12.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 29.08.2024 во 03.00 часот, пред казино на подрачјето на Чаир бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.С.(34) и М.К.(31), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.08.2024 во 17.02 часот во ОВР Дебар, Б.Б.(22) од Скопје пријавил дека околу 16.05 часот на регионалниот пат Дебар - Струга, две лица го нападнале со остар предмет и му нанеле повреди, по што му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.08.2024 во 12.25 часот во СВР Скопје, Б.М.(55) од с.Клепач, прилепско, пријавил дека на 30.08.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело и личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.08.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.П.(47) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот штитеник Е.Ј.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

Денеска (01.09.2024) во 00.45 часот во Полициската станица Кичево, У.З.(44) од Кичево пријавил дека на ул.„Прилепска“ бил каснат од куче скитник.