Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 10.08.2024

 


 

На 09.08.2024 година во 23,12 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод - Кичево се случила сообраќајне несреќа помеѓу патничко возило марка „БМВ“ со странски регистарски ознаки, управувано од М.К.(23) од Кичево со патничко возило „Ауди“ управувано од Ѓ.И.(40) од Кичево, како и со четири паркирани возила: „БМВ“, „Ауди“, „Фолксваген шаран“ и „Опел“. Во незгодата починал М.К., а смртта е констатирана во Градска болница Кичево, додека со тешки телесни повреди се здобил вториот возач на „Аудит-то“ Ѓ.И., како и уште четири сопатници во двете возила, „мерцедес“ и „ауди“, а две лица (сопатници), се здобиле со телесни повреди, сите констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

 

На 09.08.2024 година, во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улица „11-ти Октомври“ со булевар „Кочо Рацин“ во Скопје, електричен тротинет „шаоми“ управуван од В.Ј. (34) од Скопје удрил во пешакот В.М. (64) исто така од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

На 09.08.2024 година во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека истиот ден во утринските часови на регионалниот пат Пробиштип - Кратово, во близина на место викано - „Кундинска барака“ - Перово долче, мотоцикл марка „Хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Љ.А.(18) од Пробиштип изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

 

На 09.08.2024 година во 13.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово - село Брвеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К.(56) од село Горна Речица, тетовско, со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(36) од село Желино, тетовско, како и паркирано патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, сопственост на М.Ќ.(38) од село Боговиње, тетовско. Во несреќата од движечкото возило „мерцедес“ со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички - З.Р.(52) и една малолетничка, додека со телесни повреди од истото возило се здобиле возачот Б.З. како и уште две негови сопатнички - Р.З.(34) и Р.З.(26) сите од село Желино. Повредите се констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 

Денеска (10.08.) во 00.55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.П.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 09.08.2024 година во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(21) од село Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (10.08.) во 00.30 часот во с.Балталија, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.М.(37) од село Селце, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На   09.08.2024 година  во   12.40   часот   во   СВР   Скопје   од   вработено   лице   од   Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека при извршен претрес   на осуденикот М.А. била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 09.08.2024 година во 20.30 часот на патот Средно Водно кон туристички објект „Македонско село“ во Скопје, на подрачјето на ПС Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полција при СВР Скопје го привеле П.П. (21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена воздушна пушка „Славија 624“ и дијаболи калибар 4.5. По целосно документирање на случјат ќе следува соодветент поднесок по чл.80 ст.1 од Законот за оружје.

 

На 09.08.2024 година во 13.30 часот во Полициската станица Аеродром, Ц.П.(77) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

На 09.08.2024 година во 20.00 часот во Полициската канцеларија Старо Нагоричане било пријавено дека во с.Жегљане, општина Старо Нагоричане било опожарено лозје, сопственост на В.К. Повредени лица нема. Од Територијалната противпожарна едница Старо Нагоричане пожарот бил локализиран. Извршен бил увид од увидна екипа. 

На 09.08.2024 во 17.45 часот во СВР Скопје, М.Ш. (27) од Скопје пријавил дека околу   17.20 часот   на   подрачјето   на   Шуто   Оризари   во   Скопје   бил   физички нападнат од Е.У.(28). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 09.08.2024 година во 17.30 часот во Скопје, било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар настанала вербална расправија помеѓу Х.В.(56) и Н.В.(51) двајцата од Скопје. При распавијата Н.В. со огнено оружје упатил сериозни закани кон Х.В. и неговото семејство, а во еден момент извршил и оштетување на патничко возило „Голф“ сопственост на Х.В. Бидејќи Н.В. е лице кое издржува затворска казна во Казнено поправна установа „Идзризово“, со наредба од Основен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом. По насоки на ОЈО, лицето е однесено во Казнено поправна установа „Идризово“. По целосно документирање на случајот против Н.В. ќе биде поднесена пријава за сторени кривични дела по член 144 став 2 и член 133 од Кривичниот законик, „Загрозување на сигурноста“ и „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 09.08.2024 година во 04.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот во с. Костурник пронашле 11 лица мигранти, од кои две женски и девет машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.08.2024 година во 12.30 часот во СВР Куманово, 65-годишна жена од кумановско село пријавила дека претходниот ден околу 19.15 часот во семејната куќа била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.В.(71). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 На 09.08.2024 година во 22.30 часот во СВР Куманово, И.Ќ. (51) од Куманово пријавил дека од продажно место во негова сопственост, се оддалечил неговиот син М.Ќ.(18) од Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Денеска (10.08.) во 02.00 часот во СВР Скопје, Х.Б.(40) од село Стајковци, скопско, пријавила дека околу 00.10 часот во с. Стајковци, по претходни нарушени односи физички била нападната од С.Д.(37) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.08.2024 година во 07.50 часот во СВР Скопје, З.М.(69) од Скопје пријавила дека околу 06.50 часот на подрачјето на Чаир, била физички нападната од лицето С.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 09.08.2024 година во 22.20 часот во СВР Скопје, А.К.(44) од село Трубарево, скопско, пријавил дека истиот ден во 22.00 часот во неговиот двор, по претходно нарушени должничко - доверителски односи бил физички нападнат од неговиот сосед Д.З.(34). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.08.2024 година во 23.00 часот во СВР Скопје, Д.Х.(44) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање околу паркинг место, бил физички нападнат од двајца соседи А.„Н.“ и Р.„Н“ од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

На 09.08.2024 година во 23.50 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Кавадарци, со живеалиште во Скопје пријавила дека околу 18.00 часот во продажно место на подрачјето на Драчево во Скопје, додека била на нејзиното работно место, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Р., кој употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Денеска (10.08.) во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија, С.А.(21) од село Негорци, гевгелиско, пријавил дека во 01.45 часот пред продажно место во Гевгелија бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.08.2024 година во 23.30 часот полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле У.Ш. (65) од Радовиш, по претходна пријава затоа што истиот ден околу 21.00 часот физички ја нападнал неговата поранешна 57-годишна сопруга во нејзиниот дом. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 09.08.2024 година во 16.10 часот во Полициската станица Радовиш, Е.Г.(32) од Радовиш пријавила дека околу 14.30 часот во Радовиш, на неа и на нејзиниот татко Р.Г. им биле упатувани закани по животот од А.Р. од село Баница, струмичко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.08.2024 година во 11.20 часот во СВР Велес, било пријавено дека М.Б.(84) од Скопје предизвикал општа опасност во село Оморани, општина Чашка, при што во дворното место од неговата куќа била опожарена сува трева. М.Б. од пожарот се здобил со изгореници констатирани во Општа Болница - Велес. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.