На 07.08.2024 во 12 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50) од с.Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 06.08.2024 околу 12.00 часот предизвикал пожар во реонот на с.Папрадиште кон с.Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. За настанот е известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност" по чл.288 од КЗ.
На 07.08.2024 во 10.35 часот на улица „Даме Груев“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го приведоа А.Б.(32) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.08.2024 на ул.„Столарска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(41) од Битола затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и остар предмет. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.08.2024 во 16.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Т.С.Т.(24) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека зелената карта за товарно возило „фиат“ со турски национални ознаки, кое го управувал, била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Денеска (08.08.2024) во 01.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосница од ул. „Боро Хаџиески“ со ул.„Кузман Јосифоски - Питу“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.М.(33) од с.Радолишта, струшко и мопед „априлиа“ со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
На 07.08.2024 во 22.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Вардарска“ во Велес, патничко возило „хјундаи гец“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(53) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Ќ., констатирани во Општа болница Велес. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 07.08.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат с.Дабиље-с.Петралинци, струмичко, З.А.(24) од с.Старо Балдовци, струмичко, управувајќи патничко возило „опел астра“ со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 07.08.2024 во 14.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница на кеј „Братсво - единство“ со улица „Панче Попоски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(30) од гостиварски Балиндол и мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ј.И.(36) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 07.08.2024 во 16.40 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на 06.08.2024 во 16.20 часот на регионалниот пат Пробиштип-Кратово, Т.М.(25) од село Кетеново, кратовско, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телсни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
На 07.08.2024 во 19.55 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.Н. од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од трактор, кој го управувал В.Р.. Се работи на расчистување на случајот.
На 07.08.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.М.(51) од Скопје пријавила дека на ул.„Крива Феја“ во Скопје била касната од куче.
На 07.08.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Чаир, Б.Ч.(44) од село Бразда, скопско, пријавил дека на ул.„Зуфер Мусиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 07.08.2024 во 21.20 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Т.(48) од село Кадино, општина Илинден, пријавил дека на ул. „Благој Стефковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 08.08.2024 во 09.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја привеле Е.П.(43) од Куманово, која била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 236 став 1, во врска со член 22 од Кривичниот законик. Е.П. била спроведена во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 07.08.2024 околу 23.20 часот во близина на Граничен премин Табановце, во правец кон граничниот премин, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на возило комби „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т. од с.Пиперево, струмичко. Притоа, било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, од чија страна на возачот му и издаден записник за извршен инспекциски надзор, одземена е сообраќајната дозвола, издадено е решение за исклучување од сообраќај и издаден е прекршочен платен налог.
ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против К.Г.(54) од с.Штавица, прилепско, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот на 05.08.2024 околу 09.00 часот запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото, по што бил приведен во полициска станица. Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема.
На 07.08.2024 во 17.00 часот во СВР Тетово, полномошник на правно лице од велешко пријавил дека бил измамен од сопственик на правно лице од Гостивар. Според пријавеното, пред четири месеци во Тетово се договориле со гостиварецот да му продаде три товарни возила за цена од 70.000 евра. Како што е пријавено, откако се договориле тој му уплатил 30.000 евра и ги зел возилата, а останатиот износ требало да го плати во рок од 10 дена, но до пријавувањето не ја исплатил целата сума. Исто така, според пријавеното, тој побарал гостиварецот да му ги врати возилата и на неговата сметка му ги вратил парите, но гостиварецот одбивал да му ги врати возилата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.08.2024 во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ј.(32) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 03.00 во дворот од неговиот дом на улица „Народна револуција“ во Куманово, по претходна расправија и физичка пресметка, со остар предмет му нанел убодна рана на С.М.(35) од Куманово. С.М. бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.. В.Ј. бил задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ.
На 07.08.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.30 часот во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, осудениците А.Ц.(23) и Ј.Ц.(25), двајцата од Скопје, биле физички нападнати од неколку други осуденици кои употребиле метални, дрвени и остри предмети. А.Ц. и Ј.Ц. се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.08.2024 во 21.50 часот во СВР Скопје, Н.К.(39) од Скопје пријавила дека околу 21.00 часот на фудбалско игралиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од С.П. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.08.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, Е.С.(31) од Република Турција пријавил дека околу 16.50 часот на кањон Матка, на подрачјето на општина Сарај, по претходна расправија, тој и Ј.М.(31) и А.К.(31), сите од Република Турција, биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.08.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, Ѕ.М.(57) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.08.2024 во 23.45 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(33) од Скопје поради сомнение дека околу 22.50 часот на подрачје на Карпош вознемирувал две малолетнички од Скопје. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.08.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Побожје, општина Чучер – Сандево, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.П.(60) и В.П.(64) од една страна и В.Б.(37) од друга страна, сите од село Побожје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.08.2024 во 01.30 часот во СВР Скопје, 29-годишен маж од Скопје пријавил дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 28 – годишна сопруга од Скопје, која употребила и тврд предмет. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.08.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Берово, Г.Т. од Берово пријавил дека на спортско игралиште во Берово неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.08.2024 во 10.35 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на патот кон с.Рамни Габер и с.Вртекица, скопско, настанал пожар во штала со околу 1000 бали со сено, а била зафатена и сува трева околу шталата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
На 07.08.2024 во СВР Скопје, С.В.(1960) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека околу 17.30 часот настанал пожар во близина на неговата фарма на место викано „Врба“, при што горело стрниште со сува трева, а биле зафатени и две фолии со градинарски производи и винова лоза. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
На 07.08.2024 околу 06 часот полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица на Железничката станица Гевгелија пронашле повредено едно лице мигрант од Мароко, со повреди од струен удар, со кои се здобил на вагон на железничката станица. Се работи на расчистување на случајот.
На 07.08.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Кавадарци, К.С.(64) од Кавадарци пријавил дека на ул.„Бел Камен“ во Кавадарци бил каснат од куче скитник.
На 08.08.2024 во 01.30 часот во СВР Велес, А.Б.(39) од Велес пријавила дека на ул.„Луј Пастер“ во Велес, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 03.04.2024 во експозитура на банка во Скопје, пријавениот со остар предмет оштетил стакла од експозитурата.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.П.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.02.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, раствор на метадон и една дробилка.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.П.(23) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и А.Т.(22) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 26.04.2024, првопријавениот посредувал при продажба и купување на марихуана помеѓу второпријавениот и друго лице, додека второпријавениот со уште едно лице користеле марихуана во возило на лицето.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.Б.(33) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.12.2023, полициски службеници извршиле преглед над лице од Радовиш, при што била пронајдена и одземена марихуана која претходно ја купил од пријавениот. Подоцна, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Ш.Д. (20) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дел „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.12.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот и возилото на пријавениот и биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Л.А.(31) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.10.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми калибар 7,65мм.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.А.(20) и Ј.А.(74), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 20.12.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со пиротехнички средства.