Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 07.08.2024

 Денеска (07.08.2024) во 01.50 часот во Скопје, на кеј на река Вардар, на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Т.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 06.08.2024 во 13.00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.А.(62) од Гостивар затоа што кај него биле пронајдени пакувања со кафеава прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 06.08.2024 во 16.20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја привеле Ф.С.(67) од Гостивар, која била барана по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Таа била предадена во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

 

На 06.08.2024 околу 10.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорче Петров“ и крак од ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, Л.Д.(65) од с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, бил удрен од приколка и починал на местото. Имено, тој со товарно возило влекач „ман“ со приколка со кумановски регистарски ознаки превезувал работна машина багер. На наведеното место го запрел возилото и со сопатникот Љ.Б.(37) од с.Бразда, започнале со истоварање на работната машина од приколката. Откако Љ.Б. влегол во багерот, Л.Д. останал надвор од возилото да му дава насоки да го спушти од приколката. Притоа, приколката се придвижила, при што влекачот удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, во кое бил И.В.(47) од Куманово, кој се здобил со повреди, констатирани во болницата во Куманово. Во обид да го запре возилото, Л.Д. бил прегазен од приколката и од здобиените повреди починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвиниел, екипа од СВР Куманово и трудов инспектор.

 

На 06.08.2024 во 11.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека кај с.Обршани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(25) од с. Пашино Рувци, прилепско и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15 - годишник од с.Обршани. Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

 

На 06.08.2024 во 04.45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на патот од с.Јосифово кон с.Пирава, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор ,,имт 533“ без регистарски ознаки, управуван од Р.М.(44) од село Јосифово, валандовско и патничко возило „фолксваген шаран“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.П.(69) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „фолксваген шаран“ И.П.(69) од Кавадарци и сопатничка од тракторот Ѓ.М.(37) од село Јосифово, додека со телесни повреди се здобила уште една малолетна сопатничка од тракторот, констатирани во здравствена установа. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.

 

На 06.08.2024 во 20.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул. „Маршал Тито“ во Струмица, М.С.(20) од с.Добрејци, струмичко, управувајќи мотоцикл со струмички регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник И.Г.(21) од Струмица, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

 

На 05.08.0204 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Џон Кенеди“, ул.„Серава“ и ул.„Ферид Захири“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ.(46) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Р.(28), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 06.08.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Чаир, Н.А.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

На 06.08.2024 во 19.42 часот во СВР Штип, И.Л.(43) од Штип пријавил дека на улица „Балканска“ во Штип бил каснат од куче со сопственик. 

Денеска (07.08.2024) во 10.20 часот во близина на Граничен премин Табановце, во правец кон Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на возило комби „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.С. од с.Босилово, струмичко, а сопственост на Н.Т.. Притоа, било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, од чија страна на возачот му е издаден записник за извршен инспекциски надзор, одземена е сообраќајната дозвола, издадено е решение за исклучување од сообраќај и издаден е прекршочен платен налог.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.Н.(26) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 05.05.2024 во Демир Капија, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „ауди“, во кое бил пријавениот со уште две лица од Неготино, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

 

Денеска (07.08.2024) во 00.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода А.Ц.(41) од Виница затоа што на 06.08.2024 околу 23.00 часот во семејниот дом во Виница упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и оштетил дел од покуќнината. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (07.08.2024) во 00.40 часот во СВР Скопје, А.Т.Б.(47) од Скопје пријавила дека на 06.08.2024 околу 23.10 часот во трговски центар на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (07.08.2024) во 00.53 часот во СВР Скопје, Г.Р.(47) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходно недоразбирање, нејзиниот син Р.Р.(19) бил физички нападнат од А.М.(25), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 06.08.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.А.(24) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот на пазар на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Д.Н., кој му оштетил и дел од стоката на тезгата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.08.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во с.Раштак, скопско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека неколку лица градежни работници, кои биле ангажирани преку градежна фирма да работат на еден плац, исекле кабел за електрична енергија и од искрите настанал пожар при што биле опожарени сува трева, нискостеблеста шума и една бандера на ЕВН, која паднала и предизвикала пожар во дворовите од викенд куќите на Б.П.(69) и И.А.(56), двајцата од Скопје. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

 

На 06.08.2024 во 20.45 часот во СВР Штип, И.Л.(43) од Штип пријавил дека околу 20.00 часот во Штип со тврд предмет бил физички нападнат од Т.А.(78) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 06.08.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Ч.С.(17) од Скопје, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 06.08.2024 во СВР Битола, А.Н.(20) од Битола пријавил дека на ул.„Генерал Васко Карангелевски“ во Битола бил каснат од куче скитник.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 03.07.2023 на подрачјето на Гази Баба, пријавениот од автоматска пушка испукал 11 куршуми кон возило „бмв“ во кое бил Б.И. со неговата сопруга, при што го оштетил возилото.  

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.Е.(24) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на стока“. На 03.08.2024 во атар на с.Злокуќани, скопско, полициски службеници извршиле контрола на возило комбе „ивеко“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени повеќе различни производи и стока за кои не поседувал соодветна документација. Исто така, при контролата било констатирано дека возилото илегално влегло во државата.