Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 05.08.2024

 На 04.08.2024 во 11.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле С.С.(39) од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово за издржување на казната.

 

На 04.08.2024 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 05.08.2024 во 01.00 часот од ул. „Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Ц.(34) од Прилеп поради сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 215 од Кривичниот законик. Од него биле одземени мопед „хамачи”, облека, пакувања со грутчеста материја и монети во различни апоени. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

Денеска (05.08.2024) во 00.43 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, кај место викано „Баткова чешма“ во Делчево, патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од А.А.(24) од Македонска Каменица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.А. и неговиот сопатник Н.Ј. (26) од Македонска Каменица, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник Р.А.(27) од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

 

На 04.08.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 11.10 часот на улица ,,Наум Наумовски-Борче" во Велес, патничко возило „фоксваген пасат" со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од Велес, удрило во пешакот Ѓ.П. (63) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. 

 

На 04.08.2024 во 19.25 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, мотоцикл „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(49) од Гостивар, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

На 04.08.2024 во 13.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Могила – Будаково, пред с.Могила, битолско, С.Р.(47) од Битола, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата С.Р. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола.

 

На 04.08.2024 во 17.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.К.(43) од Охрид и мотоцикл „кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од А.С.(36), од Охрид. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид. 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело “Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ. Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија. Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови. Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот. ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место - суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службвеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата.

 

На 04.08.2024 околу 14.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај селото Пештани, била пронајдена минофрлачка граната од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.В.(23), А.Б.(23) и Н.С.(21), сите од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30.07.2024 на улица „Гоце Делчев“ во Кичево, пријавените физички ги нападнале К.Л., Т.Л. и Б.Л., сите од Кичево, по што биле лишени од слобода.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.М.(68) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој, во Општата болница во Дебар го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и упатување закани кон вработените, по што бил приведен во полициска станица.

 

На 04.08.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје, А.Б.(34) од с.Батинци, општина Студеничани, пријавил дека во неговиот двор пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое го оштетило ветробранското стакло од неговото возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 05.08.2024 во периодот од 01.00 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во ноќен клуб на улица „Маршал Тито“, сопственост на Х.А. од Тетово. При контролата во објектот биле затекнати осум странски државјанки и две македонски државјанки кои ги забавувале гостите, од кои Л.М.(32) од Република Србија немала регулиран престој. Таа била приведена и задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 04.08.2024 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.Г.(40) од Република Србија поради непријавен престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Граничниот премин Табановце за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (05.08.2024) во 04.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Тетово - Скопје, од с.Дворце кон с.Радуша, општина Сарај, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од село Сарај, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ш.С.(19) од село Радуша и С.А.(34) од село Сарај, а со телесни повреди се здобиле возачот А.З. и уште двајца сопатници Б.М.(18) и еден малолетник, двајцата од село Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Денеска (05.08.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(50), С.И.(48), Д.И.(27) и С.И.(53), од една страна, Е.А.(22), И.И.(36), С.А.(39), Е.А.(51), Ф.К.(18) и М.К.(20) од друга страна, како и С.Д.(30) и Ч.Д.(25), сите од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 04.08.2024 во 22.20 часот во СВР Скопје, Н.П.(38) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од И.А.(54) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.08.2024 во 19.25 часот во СВР Скопје, А.К.(40) од Република Турција пријавил дека околу 15.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.08.2024 во 22.20 часот во СВР Штип, Р.З.(68) од село Шашаварлија, штипско, пријавил дека околу 21.00 часот во селото бил физички нападнат од Ј.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 03.08.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат М.С.(50) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 04.08.2024 во 04.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, настанал пожар во викенд куќа, која била целосно опожарена. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

 

На 04.08.2024 во 22.30 часот во Полициското одделение Чегране, Н.Р.(48) од гостиварско Тумчевиште пријавил дека неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

 

На 05.08.2024 во 08.00 часот во Полициското одделение Камењане, Ф.Ш.(34) од тетовско Боговиње пријавил дека неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Џ.(54) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.07.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле марихуана, хероин, кокаин и 14 таблети метилен диоксиметамфетамин.   

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(70) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 14.06.2024 во двор од семејната куќа на Ф.И.(43) од с.Врапчиште, пријавениот со нож се обидел да го нападне Ф.И..