Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 04.08.2024

 На 03.08.2024 во 15.45 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Р.Џ.(27) од Штип, кој бил баран по потерница поради бегство од Затвор Куманово. Р.Џ. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

 
 

На 04.07.2024 од 01 до 04 часот полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во ноќен клуб во тетовско Желино, со цел откривање на странски државјани со нерегулиран престој во подрачјето или злоупотреба на престојот. При тоа биле затекнати и приведени 18-странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и тоа: две од Србија, седум од Украина, 10 од Албанија, а приведено е и едно машко 46-годишно лице од Албанија, кои престојувале на подрачјето спротивно на целта, односно немале соодветна документација. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следат соодветни поднесоци.

 
 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.08.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас...

 
   

На 03.08.2024 во 10.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш кај „Василевска крстосница“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(58) од Штип, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(75) од село Раклиш, радовишко и патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано на Т.Г.(28) од село Иловица, општина Босилово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.Ф.(60) од Штип, од возилото „опел корса“, а со телесни повреди се здобиле возачите В.С. и М.Џ. и уште двајца сопатници од возилото „опел корса“ К.Ф.(66) и Л.С.(55), двајцата од Штип, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

 
 

На 03.08.2024 во 17.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Штука, општина Босилово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник, и мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од М.К.(61), двајцата од село Штука, општина Босилово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.К., а со повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

               
 
 

На 03.08.2024 во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(44) удрило во Н.Ј.(74), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 
 

На 03.08.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Горно Коњари- Средно Коњари, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(44) од Штип и трактор управуван од А.Р.(51) од село Долно Коњари, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Р., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 
 

На 03.08.2024 во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(51) удрило во С.Л.(64), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 
 
 
 

На 03.08.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Маџари“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Булачани, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од село Црешево, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата малолетна сопатничка од село Арачиново-скопско, а со телесни повреди се здобила С.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 
 

На 03.08.2024 во 14.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во населбата Циглана во Гостивар, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.Ф.(75) од с.Беловиште, гостиварско излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Д.Б.(53) од с.Беловиште, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

На 03.08.2024 во 14.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.С.(32) од Скопје пријавила дека на ул.„Антон Попов“ во Скопје била касната од куче скитник.

 На 03.08.2024 во 22.35 часот во Охрид, при преглед врз Б.Т.(35) од Велес, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 

На 04.08.2024 во 02.40 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е П.М.(25) од струшко. При извршена контрола од полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, тој се обидел да фрли бела прашкаста материја што ја имал кај себе. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 04.08.2024 година во 00.40 часот, во Полициското одделение во струшкото село Велешта, од слобода се лишени А.О.(21) и Л.Б.(25), двајцата од Либражд, Република Албанија. Тие се сомничат дека на подрачјето извршиле повеќе кривични дела кражба и тешка кражба. По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 04.08.2024 во 08.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-село Извор, во близина на село Бусилци, општина Чашка, патничко возило ,,фиат браво" со велешки регистарски ознаки, управувано од А.К.(75) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.К.(70) од Велес , а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

На 04.08.2024 во 00.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р1403, помеѓу селата Подареш и Калугерица, радовишко, малолетно лице од село Калугерица управувајќи мопед „хонда“ без регистарски ознаки, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

 

Денеска (04.08.2024) во 01.50 часот во СВР Скопје, П.С.(47) од Скопје пријавил дека на 03.08.2024 околу 23.00 часот пред бензинска пумпа на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.08.2024 во 12.50 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.С.(65) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во трговски центар на подрачјето на Центар. За настанот бил известен трудов инспектор и излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје. 

 

На 03.08.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, Ќ.М.(54) од с.Сарај, скопско пријавил дека пред вратата од неговиот дом пронашол паднато заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
 
 

На 03.08.2024 во 17.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Б.(44) од скопско село, по претходна пријава дека истиот ден во домот извршил физички напад и обљуба врз неговата 43-годишна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.08.2024 во 22.50 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.С.(32) и Ш.С.(29) двајцата од село Слупчане, општина Липково, по претходна пријава дека околу 20.00 часот во населбата Бедиње во Куманово, заедно со уште неколку други лица, физички го нападнале И.И.(36) од село Опае, кумановско, а бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.08.2024 во 11.20 часот во Полициската станица Крива Паланка, С.П. пријавил дека околу 10.30 часот во Крива Паланка бил физички нападнат од Н.Ј. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.08.2024 во 09.45 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 08.15 часот во нива, на место викано „Брестика“, атар на село Долни Балван, општина Карбинци, А.М.(33) од с.Чардаклија-штипско бил повреден во пределот на раката од заталкано зрно од ловџиска пушка. Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.