На 01.08.2024 во 12.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(26) и С.Ј.(25), двајцата од Скопје. Имено, при извршен претрес по претходна судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, во стан каде престојувал С.Ј., биле пронајдени и одземени марихуана и пари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (02.08.2024) во 03.15 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (02.08.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.08.2024 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(22) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, пиштол „зораки 917-Т“ и една рамка со 13 куршуми. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.08.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас...
На 01.08.2024 во 10.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15-ти Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од А.И.(50) од Р.Австрија и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(40) од Охрид, како и паркирано товарно возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „поло“ Н.М.(43) од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид, а со телесни повреди се здобиле А.И. и неговиот сопатник И.И.(50) од Охрид, како и уште една сопатничка од возилото „поло“ К.М.(22) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 01.08.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, четирицикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од И.Т.(48) од Гостивар излетал од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 01.08.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„101“ и ул.„Бранко Станојевиќ“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл без регистарски ознаки, управуван од А.Н.(22) од Р.Италија и патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.И.(33) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 01.08.2024 во 15.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, И.Н.(22) од село Стар Караорман, штипско, управувајќи мопед „априлиа“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 01.08.2024 во 17.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Тополчани патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Л.(54) од с.Могила, битолско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 01.08.2024 во 14.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.,,Ленинова'' на делницата од крстосница со ул.,,Браќа Миладинови'' до крстосница со ул.,,24-ти Октомври'' во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачија дастер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Ф.М.(66) од Р.Швајцарија, со место на живеење во село Смоларе, општина Ново Село и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(58) од Струмица, сопственост на правен субјект од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Т., констатирани во Општата болница Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 02.08.2024 во 04 часот во СВР Охрид било пријавено дека во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Р.Б. врз М.Г.(36), двајцата од Охрид. Пo документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.08.2024 во 23.45 часот, за време на музички концерт на Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, приведени се Л.С.(20) и Л.Н.(18), двајцата од Скопје, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која се вклучиле и други лица од Скопје. Против сите учесници во нарушувањето, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 01.08.2024 во 23 часот, при контроли извршени на музички концерт на спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај Х.В.(21) од Охрид, пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.08.2024 во 22.50 часот, на музички концерт кој се одржуваше на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај Е.Ј.(30) од Прилеп, пронајдоа и одзедоа марихуана, додека кај С.А.(20) од Скопје, пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (02.08.2024) во 03.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар била опожарена надворешна влезна врата од објект на спортска обложувалница. Пожарот бил изгаснат од случајни минувачи. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2024 во 19.05 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром -Скопје, полициски службеници ги привеле Ц.Д.Р.(24) од Велика Британија и М.К.Ч.(27) од Полска затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека истите го пречекориле дозволениот престој во државата. Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.
На 01.08.2024 во времето од 01:50 до 04:00 часот полициски службеници од СВР Тетово, согласно изготвен план, спровеле акциска контрола во угостителски објект во гостиварско Чегране, сопственост на Б.Н.(42) од Чегране. При контролата поради нерегулиран престој приведени се шест странски државјанки (од Р.Србија и Р. Албанија) на возраст од 23 до 35 години, кои се обиделе да избегаат, но биле спречени во обидот. Лишен од слобода е и А.М.(29) од гостиварско Форино, кој работел како обезбедување во објектот, а сопственикот Б.Н. се дал во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање. По документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци.
На 01.08.2024 во 13.55 часот во СВР Тетово Б.Д.(42) од тетовско Селце пријавил дека неговиот малолетен син во дворот на нивната семејна куќа бил каснат од куче скитник.
Денеска (02.08.2024) во 02.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил опожарен објект на спортска обложувалница. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2024 во 22.43 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на локалниот пат Кочани - брана Гратче, мопед управуван од В.А.(57) од Кочани, излетал од надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
На 01.08.2024 во 09.52 часот во СВР Скопје, Е.П.И.(37) од Скопје пријавила дека околу 07.00 часот во нејзиниот двор од куќа на подрачјето на Кисела Вода пронашла заталкано зрно од огнено оружје и дека не и е предизвикано никакво оштетување. Се работи на расчистување на случајот.
На 01.08.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Н.(41) од Скопје, пријавил дека од домот каде престојувале се оддалечиле пет лица од Непал од 24 до 41-годишна возраст, кои биле вработени во фирма во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 01.08.2024 во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил пронајден во безсознание Ж.Ј.(61) од с.Марена, кавадаречко, на кого му била пружена лекарска помош и по кратко време починал. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Денеска (02.08.2024) во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Љ.(42) од Скопје поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени еден боев куршум, нож, метална палка на расклопување и електрошок. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.08.2024 во 23.50 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека околу 23.50 часот во угостителски објект во Крива Паланка, С.В.(41) од село Радибуш, општина Ранковце бил физички нападнат од Б.П. и Р.М., двајцата од Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (02.08.2024) во 02.24 часот и во 03.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел биле опожарени два објекта на спортска обложувалница, а во едниот случај од пожарот бил зафатен и соседен објект. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.07.2024 во 01.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека пред угостителски објект во с.Чешиново, општина Чешиново–Облешево, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.С.(44) од с.Тркање, Н.Г.(20), М.И.(24), И.М.(27) и С.Е.(34) сите од с.Чешиново. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.