Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 01.08.2024

Денеска (01.08.2024) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ш.(20) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.07.2024 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(25) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.07.2024 околу 11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул. „Архиепископ Доситеј” со ул.„Ристо Секирчанец” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пасат” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(27) од с. Гостиражни и патничко моторно возило марка „поло” со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(40) од Прилеп. По несреќата М.М. со возило на Итна медицинска помош Прилеп е пренесена во Градска болница Прилеп каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Вчера (31.07.2024) околу 17 часот во СВР Скопје од Институт за јавно здравје било пријавено дека во временскиот период од 14.30 до 16.00 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенси за испитување на заразни и незаразни болести. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.07.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Три чешми, на клучката за с.Спанчево, патничко возило „фиат стило“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(21) од Велес, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

На 31.07.2024 во 01.00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Пробиштип–село Крупиште, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(66) од Пробиштип и патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.М.(32) од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Р., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.


На 31.07.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце кај с.Слатино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(23) од Тетово и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с.Слатино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од првото возило К.З., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Вчера (31.07.2024) во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани вкупно 77 возачи (ТЕ-59 и ГВ-18). Од нив 49 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-34 и ГВ-15), од кои 7 возачи (ТЕ) ја пречекориле дозволената брзина за над 70 километри на час, а 26 возачи (ТЕ-22 и ГВ-4) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При контролата, исто така, санкционирани се и 28 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-25 и ГВ-3), а санкционирани се и 7 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-4). На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.

На 01.08.2024 во 00.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат с.Неготино-Гостивар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,мерцедес“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од С.Ш.(51) од Неготино, и патничко возило ,,џип“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од Н.Д.(46) од гостиварско Горјане. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле патниците од возилото „џип“ С.Н.(25) и С.Н.(40) од Горјане и С.Ш., додека Н.Д. и три малолетни сопатници се здобиле телесни повреди, констатирани во медицински центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР-Гостивар.

Во текот на вчерашниот ден (31.07.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 476 возачи. Од нив 37 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 295 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 181 надвор од населено место.

Вчера (31.07.2024) околу 22.20 часот на локален пат во с. Побожје кон место викано Рамно, од страна на мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е товарно моторно возило "мерцедес спринтер" со скопски регистарски ознаки. При извршен преглед на возилото, пронајдени се 110 пакети во кои имало 1.320 кутии со обувки-патики, различна величина и натписи од различни брендови за кои лицата немале соодветна документација. Исто така, при извршениот преглед на возилото пронајден е и пиштол. Љ.И.(38) од с. Танушевци, скопско и Р.И.(63) од с. Визбегово, скопско се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 и член 396 од Кривичниот законик и истите се спроведени во ПО Мирковци за понатамошна постапка.

На 31.07.2024 во 22.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат за тетовско Седларево од коловозот излетал четирицикл со тетовски регистерски таблици, управуван од А.С.(26) од с.Групчин. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница во Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

На 31.07.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Х.Г.(21) од с.Волково-скопско пријавила дека во с.Волково била касната од куче скитник.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 89 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас...

На 31.07.2024 околу 22 часот, за време на музички концерт на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, при извршени прегледи кај А.Д.(20) и А.Ј.(21), двете од Тетово, пронајдоа и одзедоа марихуана, додека кај Н.Г.(33) од Струга, пронајдоа бела прашкаста материја. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 01.08.2024 во 02 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, едно лице физички ги нападнало С.С.(21) и Б.П., двајцата од Охрид. По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

 

На 31.07.2024 во 18,50 часот, на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, при извршен преглед врз П.В.(20) од Нови Сад, Република Србија, пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 31.07.2024 во 22.50 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, приведен е Б.Р.(19) од Струга. При извршен преглед, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 31.07.2024 во времето од 10.00 до 13.00 часот, согласно претходно изготвен план на подрачјето на Гостивар, полициски службеници од ОВР-Гостивар во соработка со службени лица од Центарот за социјални работи-Гостивар спровеле акциска контрола за спречување на питачење, при што на улица ,,Браќа Ѓиновски“ и ул. „Илинденска“ биле затекнати како питачат М.А. (21) од Скопје и С.Б.(61) од гостиварски Сенокос. Тие се предадени на службениците од ЦСУ-Гостивар за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 31.07.2024 во 22.50 часот во СВР Куманово, Д.М.(42) од Куманово пријавил дека во објект на фудбалски клуб во населбата „Карпош“ во Куманово било влезено со употреба на сила и била одземена спортска опрема. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот. 

 

На 31.07.2024 во СВР Куманово во 15.35 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Џ.Б.(28) од Куманово, затоа што питачел на бензинска пумпа во Куманово и ги вознемирувал присутните граѓани. Џ.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и   „полов напад и силување“, казниво по член 186 од Кривичниот законик и против К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик. Во текот на месец мај 2024, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале. Тие биле лишени од слобода и по документирање на случајот, поднесена е кривична пријава.

 

На 31.07.2024 СВР Струмица – ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Ј.(30) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 став 1, а во врска со член 19 од Кривичниот закон и Д.С.(31) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ по чл. 22 од Кривичниот закон, а во врска со кривично дело „убиство во обид“. На 31.07.2024 околу 01:30 часот на тротоар на раскрсницата помеѓу улиците „22-ри Октомври“ и „Партизанска“ во Радовиш, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица А.Ј. со остар предмет му нанел убодна рана на Ѓ.А. од Радовиш, а истовремено Д.С. активирал солзавец кон Ј.Т. од Радовиш. Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Во текот на вчерашниот ден лицата биле изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

 

Денеска (01.08.2024) во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 06.00 часот во казино на подрачјето на Центар, две лица со закана со остар предмет од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.07.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје од касарната Илинден било пријавено дека во кругот на касарната биле затекнати три лица-мигранти од Египет, од кои едното лице било малолетно. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.        

 

На 31.07.2024 во 08.41 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор Скопје било пријавено дека околу 00.30 часот, во установата кај Е.С. (28), вработен во установата, била пронајдена кутија од цигари во која имало марихуана и кокаин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (01.08.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, Н.М.(49) од Скопје пријавил дека на 31.07.2024 околу 23.00 часот пред казино на подрачјето на Центар, тој и неговиот син Д.М.(26) биле физички нападнати од Е.К., А.К. и уште едно лице кое се заканувало со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.07.2024 во 23.55 часот во СВР Скопје, А.Ш.(54) од Скопје пријавил дека околу 21.55 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, едно лице физички го нападнало неговиот малолетен син и уште еден вработен во објектот В.Л.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (01.08.2024) во 07.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(58) од Скопје пријавила дека на 30.07.2024 околу 13.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека извршувала работни задачи како вработена во Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (01.08.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во Студеничани-скопско, по претходно семејно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.С.(28) и С.С.(35) од една страна и С.С.(41) и О.С.(38) од друга страна, сите од с.Студеничани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.07.2024 во 03.15 часот во с.Глуво-скопско полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.А.(31) од с.Чучер Сандево-скопско поради тоа што околу 01.30 часот заедно со негов пријател, физички го нападнале А.С.(19) од с.Мирковци, скопско. Исто така околу 10.00 часот било пријавено дека Н.А. му упатувал и закани и на И.С.(49) (татко на А.С.). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Б. (29) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 15.07.2024, пријавениот во куќата на неговата 74-годишна баба од Велес, со употреба на сила и одзел предмет и истиот го продал.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.З. (26) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против С.М. (26) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување“ во врска со извршено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Првопријавената со намера да биде префрлена од женското затворско одделение во Казнено поправна установа Идризово Скопје во болницата во Демир Хисар, поттикната од второпријавената, на 21.05.2024, со запалка предизвикала пожар во собата во која престојувала, во кој бил зафатен ходникот од женскиот дел, предизвикувајќи материјална штета.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Б. (35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 14.11.2023 во с.Ласкарци, општина Сарај, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени еден пиштол-марка „Валтер ППК“ , две рамки и шест куршуми. 

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ц.Н.(45) од Велес и правно лице од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 05.07.2024, при извршена контрола на правното лице било констатирано дека лиценците за вршење на јавен превоз биле со помината важност.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Д. (19) од Кавадарци и С.К. (23) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“. На 27.05.2024 пријавените пред угостителски објект во Кавадарци, одзеле паркирано незаклучено патничко возило „застава“, сопственост на Ј.С., на кое клучевите му биле во брава, а по преземени мерки од полициски службеници, возилото било пронајдено во с.Отишани.

 

На 31.07.2024 во 09.15 часот во Полициската станица Кочани, Д.К.(34) од Кочани пријавил дека на 29.07.2024 околу 17.10 часот во близина на влезот за с.Рајчани, кочанско, Д.Т. од село Турско Рудари, пробиштипско, го удрил со тврд предмет и му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

               
 

На 31.07.2024 во 12.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во Кочани, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.С.(53) с.Грдовци, кочанско и Л.Ј.(41) од с.Тркање, кочанско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.07.2024 во 13.45 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот бил извршен службен разговор со 7 лица-мигранти од кои 5 од Авганистан и двајца од Бангладеш кои влегле од Р.Грција и сакале да заминат во Р.Србија, а претходно биле пријавени од СГП Рујане. Тие биле пренесени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.