По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје. При претресот пронајдени се: 73 паковки со марихуана, 56 паковки со кафеава прашкаста материја, 13 паковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9060 евра и 14100 денари. Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје. Против Р.Џ. е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка и е определена мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје.
На 30.07.2024 полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Р. од с. Али Коч, радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на с. Али Коч. На 30.07.2024 во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума. По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е дека С.Р. ги подметнал пожарите односно сторил кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“ и кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по чл.227 од КЗ. С.Р е лишен од слобода и во службен разговор признал дека ги сторил кривичните дела, по што е задржан во ОВР Радовиш. По документирање на случајот, ОВР Радовиш до надлежното ОЈО Струмица ќе поднесе соодветна кривична пријава.
Денеска (31.07.2024) во 03.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.07.2024 во 00.10 часот на автопатот Гостивар-Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Л.(41) од тетовско Желино, затоа што при преглед кај него и во возилото „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое бил, кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 30.07.2024 во 20.50 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ѓ.С.(36) од Тетово кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 30.07.2024 во 11.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Е.В.(29) од Кавадарци, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување затворска казна. Е.В. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
На 30.07.2024 во 18.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле А.О.(27) од Кавадарци, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување казна затвор. А.О. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
На 30.07.2024 во 09.30 часот во село Марена, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци и ОВР Неготино го привеле А.Ј.(33) од село Војашанци, неготинско, кој бил баран со потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување мерка притвор. А.Ј. бил спроведен во Казнено - поправна установа Затвор Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 за некористење сигурносен појас...
На 30.07.2024 во 21.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дански национални ознаки, управувано од К.Ц.(21) од Данска и патничко возило „хонда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од с.Бистрица, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.М. и неговата сопатничка Л.М.(60) од с.Бистрица, додека со телесни повреди се здобил возачот К.Ц., констатирани во Клиничка болница Битола. Во несреќата било оштетено и паркирано возило „опел“ без регистарски ознаки, паркирано од Б.С.(59) од Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 30.07.2024 во 20.15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“, ул.„Маршал Тито“, ул.„Белградска“ и ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Д.(62) од Струмица и мопед со струмички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мопедот. Повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 30.07.2024 во 18.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(34) од Скопје, удрило во паркирано возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на И.С.(51) од Штип, по што удрило во И.С., кој бил до неговото возило и во метални столбчиња. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.С., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 31.07.2024 во 02.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица ,,Лазар Лазаревски“, на Б.З.(44) од гостиварско Неготино, кој управувал патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, му се слошило, по што изгубил контрола и со возилото удрил во паркирано возило „нисан“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од А.С.(62) од Гостивар. Б.З. бил пренесен во Медицински центар во Гостивар, каде што лекар констатирал смрт. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа при ОВР Гостивар.
На 28.07.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(39) од Штип и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(60) од село Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „мерцедес“, а со телесни повреди се здобиле возачот З.М. и уште една негова малолетна сопатничка, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 30.07.2024 во 19.00 часот во Полициското одделение Зајас било пријавено дека на шумски пат во атар на село Грешница, кичевско, патничко возило „мицубиши паџеро“ без регистарски ознаки, управувано од М.Е. од Кичево, се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Б.Р. од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 30.07.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, В.К.(36) од с.Митрашинци, беровско, пријавил дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 30.07.2024 во 11.00 часот во Полициското одделение Петровец, С.В.(38) од с.Петровец пријавила дека во селото, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 30.07.2024 во 22.15 часот во Полициската станица Чаир, М.М.(46) од Скопје пријавил дека ул.„1559“-Љуботенски пат бил каснат од куче скитник.
На 30.07.2024 во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар го лишија од слобода Т.Ф.(33) од с.Страчинци, кој бил баран по распис, а од Основен кривичен суд Скопје е донесено решение со кое му е одредена мерка притвор. Притоа, кај него бил пронајден и одземен кокаин. После тоа, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, беше извршен претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето е предадено во Полициската станица Гази Баба, од каде е спроведено во Казнено– поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.
На 30.07.2024 во 23.35 часот на улица „Туристичка“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го привеле А.К.(19) од струшкото село Корошишта затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера (30 јули) во периодот од 07.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување, при што биле санкционирани 33 возачи (ТЕ-14 и ГВ-19). Санкционирани се и 4 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На возачите прекршители изготвени им се предвидените законски поднесоци.
На 30.07.2024 во 16.00 часот во СВР Тетово, 50-годишен маж од тетовско село пријавил дека бил измамен од Х.И.(32) од тетовско за сума од 23.000 евра. Според пријавеното, во текот на февруари Х.И. го довел во заблуда и со него склучил договор за купопродажба на недвижен имот во тетовско со вкупна површина од околу 11.000 квадратни метри, а кој бил сопственост на други лица. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (31.07.2024) во 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле А.Ќ.(32) од Скопје затоа што околу 01.45 часот пред казино на подрачјето на Центар физички го нападнал Б.Ј.(57) од Скопје додека извршувал работни задачи во објектот, при што употребил и стаклен предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.07.2024 во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Штип извршиле службен разговор со А.М.(53) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон неговата 49-годишна вонбрачна партнерка, додека била на своето работно место. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.07.2024 во 13.45 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив бил донесен А.Ѓ.(38) од Штип - пожарникар од Територијалната противпожарна единица Штип. Според пријавеното, тој вдишал чад при гаснење на пожар во штипско.
На 30.07.2024 во 17.25 часот во Полициската станица Неготино, К.Д.(29) од Кавадарци пријавила дека на работното место во Итна медицинска помош Неготино, Д.Ј.(24) од село Долни Дисан, неготинско, агресивно се однесувал кон неа. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.07.2024 во 23.45 часот во СВР Скопје, Б.Р.(33) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот, по претходно недоразбирање, И.А. од Скопје, во својот дом на подрачјето на Гази Баба, физички го нападнал него и се обидел да го нападне неговиот внук Д.Р.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.07.2024 во 12.40 часот во СВР Скопје, Е.У.(78) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила ѝ го одзело мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.07.2024 во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.Ќ.(23) и Р.Н.(57), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.07.2024 во 09.30 часот во СВР Скопје, П.В.(65) од Скопје пријавил дека на 29.07.2024 околу 18.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Г.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.07.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека на 29.07.2024 околу 22.40 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот сопруг И.Ц.(39) ѝ упатил закани и со тврд предмет го оштетил нејзиното патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.07.2024 во 14.18 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 14.00 часот осуденикот С.М.(33) од Кочани со тврд предмет го скршил стаклото од прозорецот на канцеларија на директорот на затворот. Увид извршила екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.07.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека при гаснење на пожар во с.Орел, светиниколско, се превртело возило на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, при што двајца пожарникари се здобиле со повреди. Од Итна медицинска помош им била укажана помош, по биле пренесени во болницата во Кавадарци.
На 30.07.2024 во 21.25 часот, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода М.И.(37) од Македонски Брод затоа што на социјална мрежа пишувал статуси со заканувачка содржина. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (31.07.2024) во 01.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.К.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Трифун Хаџијанев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 30.07.2024 во 09.45 часот во Полициската станица Карпош, М.Д.(70) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„Иван Цанкар“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 30.07.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.Л.(39) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Х.(47) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 24.07.2024 во семејната куќа, пријавениот се заканувал и физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел повреди.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 19.06.2024 во населба Ново Лисиче во Скопје, пријавениот физички нападнал друг малолетник и му нанел повреди.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.С.(36) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 03.07.2024 во Охрид, пријавениот агресивно се однесувал и ги спречувал полициските службеници додека вршеле службени дејствија.
СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Б.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.02.2024 во Младински парк во Велес, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.К.(39) од Кавадарци, А.Ј.(34) од Неготино и А.Ѓ.(22) од с.Јосифово, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На паркинг во Велес, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „фиат пунто“, во кое се превезувале пријавените, при што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Д.(48) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје со распрскувачки материи“. На 24.08.2023, во Долно Соње, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „хјундаи“ на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пушка карабин „Чешка Зброевка“ со 16 куршуми.