Денеска (30.07.2024) околу 07.15 часот на ул.„Отокар Кершовани“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги го лишиле од слобода А.Б.(30) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ пo член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа.
На 29.07.2024 на ул.„Таку Димитровски” во Битола, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.М.(28) од Битола. Тој се сомничи дека во периодот од 26 до 29.07.2024 извршил „тешка кражба“ во објект на правно лице во Битола, при што одзел повеќе предмети. Притоа, во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 29.07.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.С.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.07.2024 во 18.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Д.З.(40) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 29.07.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Б.Ѓ.(27) и Н.Д.(29) од Битола затоа што при преглед на патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, сопственост на Н.Д., биле пронајдени и одземени пакување со прашкаста материја и банкноти во различни апоени во внатрешноста со остатоци од прашкаста материја. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.
На 30.07.2024 во 00.30 часот во Градски парк во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Ѓ.Ј.(20) од Велес. Откако ги забележал полициските службеници, тој фрлил пакување со зелена тревкаста материја, која била пронајдена во негова близина. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло)... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
На 29.07.2024 во 14.43 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Плачковица, во близина на влез во с.Стар Караорман, штипско, патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.И.(23) од Штип, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.Ј.(23) од Штип, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 29.07.2024 во 21.50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш - село Ињево, радовишко, Р.Р.(26) од Радовиш, управувајќи мопед „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Р., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 29.07.2024 во ОВР Кавадарци, од болницата во Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од мотоцикл на патот Градско-Прилеп во изградба, во близина на село Сирково.
На 29.07.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Карпош, Б.Ч.(34) од Скопје пријавил дека на ул.„Ловќенска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 30.07.2024 во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со В.О.(43), Е.В.(29) и Х.В.(34) од Кавадарци. Тие се сомничат дека извршиле кражба од патничко возило и во разговорот го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.07.2024 во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода З.Н.(53) од Кавадарци. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект во Кавадарци, при што одзел повеќе производи. Од вработен бил спречен да побегне, по што бил приведен во полициска станица. Производите биле вратени на сопственикот, за настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против М.К. и А.Д., двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 25.07.2024 околу 00.00 часот во дворно место во Радовиш, првопријавениот М.К., полициски службеник во ОВР Радовиш, кој не бил на работа, со службениот пиштол испукал пет куршуми во воздух, по што второпријавената А.Д., држејќи го пиштолот заедно со првопријавениот, испукале четири куршуми во воздух, со што предизвикале опасност за животот и телото на присутните. Настанот бил снимен со мобилен телефон од трето лице, кое ја пратило снимката на А.Д., која пак ја објавила на социјална мрежа. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против М.К. и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
На 30.07.2024 во 00.20 часот на ул.„4 Јули“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.С.(27) од Кичево затоа што кај него била пронајдена и одземена бела материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (29.07.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 265 возачи. Од нив 41 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 110 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.
На 29.07.2024 во 14.20 часот во ОВР Гостивар, 55-годишник од Гостивар пријавил дека бил измамен од М.Ф. од тетовско Боговиње за сума од 6500 евра. Според пријавеното, тие се договориле да направат неколку размени на возила и други предмети со компензација и при размена на едно од возилата, М.Ф. одбил да му даде го возилото што било договорено, туку му дал постаро возило. Како што е пријавено, откако одбил да го земе тоа возило, лицето не му се јавувало на повиците и не му го вратило неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.07.2024 околу 15.00 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар на сува трева во дворно место во с.Стар Караорман, штипско, сопственост на Ј.А.(73), при што била зафатена и помошна просторија. Пожарот се проширил и зафатил дворно место и куќа сопственост на Р.М.(39), заштитна ограда од нива сопственост на Б.С.(65) и дворно место и помошен објект сопственост на П.С.(54). Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од мештаните и екипи на Територијалната противпожарна единица Штип. Извршен бил увид.
На 29.07.2024 во 23.05 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен малолетник од Скопје. Според пријавеното, во близина на стадионот во Чаир тој бил физички нападнат од неколку други малолетници, при што еден од нив употребил остар предмет и му нанел повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.07.2024 во 22.40 часот во СВР Скопје, О.А.(58) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, неговиот син Е.Г.(35) од Скопје бил физички нападнат Р.А., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.07.2024 во 16.25 часот во СВР Скопје, М.Г.(75) од Скопје пријавила дека околу 15.15 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од ќерка на нејзиниот сосед В.В. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.07.2024 во 03.52 часот во СВР Скопје, Д.М.(41) од Скопје пријавил дека на бензинска пумпа на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, едно лице со закана со остар предмет му одзело пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.07.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, В.А.(53) од Скопје пријавила дека околу 14.25 часот на влез од паркинг на трговски центар на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело паричник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.07.2024 во 18.42 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 14.00 часот настанал пожар на сува трева во с.Кшање, кумановско, кој се проширил и го зафатил и с.Кокошиње, при што била зафатена и куќата на С.П.(75) и Т.П.(73). Од здобиените повреди на местото починал С.П., додека нивниот внук успеал да ја извлече Т.П. од куќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство кај С.П., а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.
На 30.07.2024 во 03.53 часот во СВР Скопје, Б.Х.(48) од Скопје пријавил дека непосредно до неговото паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки на подрачјето на Бит Пазар била опожарена сува трева. Тој сам го изгаснал пожарот, при што забележал дека возилото било испрскано со запалива течност. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
На 29.07.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца Скопје било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 29.07.2024 во 11.20 часот во Полициската станица Карпош, М.Б.(79) од Скопје пријавила дека од домот, се оддалечил нејзиниот сопруг Т.Б.(86), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 29.07.2024 во 11.40 часот во ОВР Гостивар, Ј.Ф.(48) од Гостивар пријавил дека околу 09.15 часот пред нивната куќа, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 29.07.2024 во 15.40 часот во СВР Куманово, Б.И.(34) од Куманово пријавил дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.М.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 12.07.2024 во Штип, пријавениот со закана со нож од Ф.С.. одзел пари.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Б.(19) од светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „злоупотреба на лични податоци“. На 09.07.2024, пријавениот од својот број на друго лице пратил фотографии со експлицитна содржина од својата партнерка, ја сменил лозинката на нејзиниот профил на социјална мрежа и објавил фотографии.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Г.(49) од с.Крушеани, општина Кривогаштани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 14.05.2024 во с.Крушеани, пријавениот со остар предмет се заканувал на Х.Д., З.М. и Д.Р., по што од пиштол испукал неколку куршуми во воздух.
СВР Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Ш.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 25.06.2024, пријавениот и уште две машки лица физички ги нападнале М.А., М.М. и Л.П..
СВР Скопје, поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.05.2024, по претходна расправија на социјална мрежа, пријавените дошле пред основно училиште во с.Чифлик нападнале двајца други малолетници, при што еден од нив употребил и тврд предмет.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.М.(64) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 17.06.2024 во угостителски објект во Штип, пријавениот упатил закани на Г.К. од Штип.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје поради постоење основи на сомнение дека во текот на септември 2023 во катна гаража на подрачјето на Центар во Скопје извршиле обљуба врз малолетничка од Скопје и сминале со мобилен телефон, по што и се заканиле дека снимката ќе ја објават на социјални мрежи.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ќ.(28) од с.Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.12.2023 на ул.„Партизанска“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“, во кое сопатник бил пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(38) од Република Австрија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.07.2024 во Охрид, бил извршен преглед врз А.З. и била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.О.(51) од с.Белчишта, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.02.2023, полициски службеници извршиле претрес на лице, моторно возило, дом и помошни простории во с. Белчишта, кои ги користел пријавениот, при што биле понајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и растенија канабис.
СВР Охрид, поднесе кривична пријава против Е.К.(28) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.04.2023 на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „рено клио“, во кое сопатник бил пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.З. (23) и И.А.(19), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 13.11.2023 во казино во Струмица, во казино, пријавените пуштиле во оптек фалсификувани странски банкноти.
СВР Охрид, поднесе кривична пријава против С.П.(60) од с.Миокази, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Во текот на 2023, пријавениот - вработен во агенција за обезбедување од Кичево, извршил промена на податоци на оригиналната службена легитимација и ја употребил како вистинска, односно со истата се легитимирал при контрола и ја користел додека бил на работа како обезбедување во една фирма.
СВР Охрид, поднесе кривична пријава против С.Б.(43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. На 04.10.2023, пријавениот од Јавната установа Национален парк „Галичица“ побарал Одобрение за поставување на пчелни семејства на катастарска парцела која била во сопственост на државата, а на 30.05.2024, при извршен увид, било констатирано дека изградил нелегална бетонска и жичана ограда и градежен објект.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(59) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На 03.11.2023, на катастарска парцела на место викано „Женска плажа“, пријавениот узурпирал државно земјиште со поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност, а притоа не поседувал одобрение издадено од надлежен орган.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Т.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 23.05.2024, на објава на веб портал, пријавениот од профил на социјална мрежа споделил содржина со која поттикнувал омраза и нетрпеливост.