Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 29.07.2024

На 28.07.2024 во 17.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(43) од Гостивар. Тој се сомничи дека околу 16.45 часот со закана се обидел да одземе пари од спортска обложувалница на подрачјето на Центар во Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, било констатирано дека Д.С. издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово – отворено одделение Велес и бил пуштен на викенд отсуство. Лицето било спроведено во установата, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.07.2024 во с.Железнец, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода О.М.(30) и Е.Ш.(36), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ во каменолом во атар на с.Железнец. За настанот бил известен јавен обвинител, а од нив биле одземени предмети поврзани со кривичното дело. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.07.2024 во 21.45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Р.И.(23) од Скопје, кој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

На 28.07.2024 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.07.2024 во 17.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Р.(37) и А.Е.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.07.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(21) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.07.2024 во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода С.С.(20) од с.Трубарево, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.07.2024 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(26) од с.Арачиново, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.07.2024 во 22.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.М.(34) од Република Србија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека бил баран од Интерпол Германија и Интерпол Австрија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (26/27/28.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 157 санкции, 16 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за возење без возачка дозвола...

На 28.07.2024 во 15.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Нов булевар Гевгелија“ во Гевгелија, И.К.(76) од Струмица, управувајќи патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во паркиран автобус „волво“ со гевгелиски регистарски ознаки. И.К. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

На 28.07.2024 во 10.10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Добрејци, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од М.М.(49) од село Пиперево, струмичко и велосипед управуван од И.В.(74) од село Добрејци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот И.В., констатирани во Медицински центар Штип, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 28.07.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје– Куманово, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(49) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 28.07.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Кондово, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(51) од с.Кондово, удрило во малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 28.07.2024 во 16.10 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат с.Бигла - Пекланска крстосница, мопед со винички регистарски ознаки, управуван од В.С.(50) од Виница, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Денеска (29.07.2024) околу 13.30 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(23) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено - поправна установа.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.К.(28) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При контрола на патничко возило „рено клио“, со кое се превезувала, извршена на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници кај неа пронајдоа и одзедоа марихуана.

 

Вчера (28.07.2024) во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани вкупно 106 возачи (ТЕ-91 и ГВ-15), од кои 12 (ТЕ-11 и ГВ-1) со брзина од над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Од нив, 81 пречекорување (ТЕ-66 и ГВ-15) се регистрирани надвор од населено место, а 25(ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место. Санкционирани се и 20(ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.  

 

На 27/28.07.2024 во периодот од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-05, Струга-04, Кичево-01). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

 

На 28.07.2024 во 08.20 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, бил приведен М.Б.К.(35) од Република Бугарија, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден во Полициската станица Крива Паланка за натамошна постапка.

 

На 28.07.2024 во 12.55 часот на Граничниот премин Деве Баир, на излез од државата, била приведена Д.К.Д.(34) од Република Бугарија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека го пречекорила дозволениот престој во државата. Таа била предадена во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

На 28.07.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управуван од М.М.(44) од Виница, со живеалиште во Швајцарија и мотоцикл „ктм“ со винички регистарски ознаки, управуван од Н.Д.(29) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.М., а со телесни повреди се здобил Н.Д., констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево. 

 

На 28.07.2024 во 19.35 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат кај влез за с.Попоец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(45) од Скопје и мотоцикл „бмв“ без регистарски ознаки, управуван од А.А.(55) од с.Аранѓел, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

 

На 28.07.2024 во 12.27 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Амди Леши“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(35) од Дебар и патничко возило „шкода“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ф.Р.(68) од с.Бањиште, дебарско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.

 

На 28.07.2024 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.К.(24) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.П.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 06.07.2023 во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници при преглед на пријавениот кој управувал мотоцикл, пронашле и одзеле кокаин, а во багажниот простор биле пронајдени и одземени пари во различни апоени во вредност од 3.000 евра и 5.000 денари, и други предмети поврзани со кривичното дело.

 

Денеска (29.07.2024) во 00.55 часот во СВР Скопје, В.С.(24) од Скопје пријавил дека на 28.07.2024 околу 21.30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Б.Ј. и уште неколку други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 28.07.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Л.(20) и З.А.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 27.07.2024 во 15.05 часот во СВР Скопје, 81 - годишен маж пријавил дека околу 13.00 часот во скопско село бил физички нападнат од неговиот син М.Г.(44). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 24.12.2023 во населба „Дреновец“, откако пријавениот ги забележал полициските службеници, се дал во бегство при што фрлил марихуана, по што бил приведен.

 

Денеска (29.07.2024) околу 12 часот во СВР Скопје З.М., вработен во ЈСП, пријавил дека додека управувал автобус од Транспортен центар кон с. Бањани, на ул. Христијан Тодоровски Карпош во Скопје забележал дека автобусот има дефект, па застанал и ги симнал патниците, по што настанал пожар во автобусот. До сега нема пријава за повредени лица.

 

На 28.07.2024 во 22.15 часот во СВР Скопје, Д.Д.(35) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот во населба Илинден бил физички нападнат од Г.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.07.2024 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.З.(22) и С.К.(45), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

 

На 29.07.224 околу 00.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Глумово, скопско, настанал пожар во штала сопственост на А.Н.(44) од с.Глумово, во кој изгореле бали сено, домашно животно и други предмети. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид.  

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ј.(25) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 25.04.2023 полициски службеници при СВР Битола, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

 

На 28.07.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Свети Николе 20-годишник пријавил дека во светиниколско село, по претходна расправија, бил нападнат со остар предмет од неговиот 54 - годишен татко. Во врска со случајот, во 10.20 часот, 54-годишно лице пријавило дека по вербална расправија неговиот 20-годишен син го нападнал со тврд предмет, нанесувајќи му тешка телесна повреда, констатирана во Клиничката болница Штип. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (29.07.2024) во 07.45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Г.(57) од Скопје пријавила дека на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје била касната од куче скитник.

 

На 28.07.2024 во ОВР Гостивар, Д.Т.(46) од Гостивар пријавил дека на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.