Денеска (28.07.2024) во 02.00 часот на локалниот пат во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода А.М.(35) од с.Равен, гостиварско. При преглед во возилото во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (28.07.2024) во 02.30 часот на бул.„Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода С.А.(20) од Швајцарија, со престој во село Дебреше, гостиварско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.07.2024 во 01.00 часот во хотел во Нов Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода М.С.(41) и М.С.(31) двајцата од Гевгелија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (28.07.2024) во 00.25 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.07.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.07.2204 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.07.2024 во 23.00 часот на влез во с.Бојане, општина Сарај, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.У.(24) од с.Желино, тетовско. При преглед на патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 27.07.2024 во 23.20 часот на паркинг простор кај Градскиот стадион во Виница, полициски службеници од ОВР Виница ги лишиле од слобода Е.Ј.(19) и Б.М.(18), двајцата од Штип, затоа што до патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Б.М., била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.07.2024 во 12.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во куќа во Градско, градежни работници кои извршувале градежни работи пронашле рачна бомба. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 37 санкции, за возење без возачка дозвола 12 мерки, 11 санкции за управување возило под дејство на алкохол, шест мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло...
На 27.07.2024 во 18.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.,,Климент Охридски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Г.Ч.(48) и велосипед управуван од Љ.А.(75), двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.Ч. констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 27.07.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Градец, гостиварско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, управувано од Л.А.(32) од с.Градец и мотоцикл без регистраски ознаки, управуван од Д.С.(25) од с.Боговиње, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. .
На 27.07.2024 во 11.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул. „Ѓорче Петров“ и ул.„620“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(39) и мотоцикл „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.( 50), двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Ургентен центар Куманово. Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Куманово.
На 27.07.2024 во 19.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосница од регионален пат Р1201 со регионален пат Р2240, пред село Вевчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(76) од с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше и патничко возило „смарт“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ќ.(52) од с.Велешта, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Ќ. и неговата сопатничка Ф.Ќ.(46) од село Велешта, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Додека возачот Р.Р. се здобил со телесни повреди констатирани во Медицински центар Струга. Извршен бил увид од ОВР Струга.
Денеска (28.07.2024) во 03.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Г.Ѓ.(52) од Скопје пријавил дека на крстосница на бул.„Александар Македонски“ со ул.„Интернационални бригади“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 27.07.2024 во 15.30 часот во во Полициската станица Гази Баба, Е.В.(40) од с.Дељадровци, општина Илинден, пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 28.07.2024 во 03.00 часот во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода М.К.(28) од Охрид. Тој бил затекнат при користење бела прашкаста материја, која се обидел да ја фрли откако ги забележал полициските службеници, по што и физички им се спротивставил. Прашкастата материја била одземена и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.07.2024 во 12.30 часот во гостиварска Горна Бањица, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.М.(46) од Горна Бањица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени патни исправи, лични карти и други документи на повеќе лица за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Исто така, Б.М. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.07.2024 во Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода М.К.(39) од Кавадарци. Имено, по претходни оперативни сознанија преземени се мерки за пронаоѓање и фаќање на сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Околу 21.00 часот во Велес, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле три лица и кои во тој момент го напуштиле возилото. Откако не застанале на дадена наредба, полициски службеник од службен пиштол испукал еден предупредувачки куршум во воздух, по што М.К. бил фатен и кај него било пронајдено и одземено поголемо најлонско пакување со зелена тревкаста материја. М.К. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.07.2024 во 03.00 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас го лишиле од слобода Б.У.(46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија. Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.
На 27.07.2024 во 21.00 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.А.(32) од Свети Николе поради сомнение за сторени кривични дела по член 216 и член 235 од Кривичниот законик. Претходно било влезено во неговиот дом и биле пронајдени предмети со остатоци од наркотична дрога, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27/28.07.2024 во периодот од 23.00 до 05.00 часот на подрашјето на Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што биле санкционирани 9 возачи (ТЕ-6 и ГВ-3), кои биле исклучени од сообраќај. За време на контролите биле констатирани и 19 останати прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-12). На сите возачи-прекршители им биле изготвени законски предвидените поднесоци и ќе се соочат и со заштитна мерка „забрана за управување“ во времетраење од 3 до 12 месеци, зависно од процентот на присуство на алкохолот во крвта.
На 28.07.2024 во 02.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Добрејци и Пиперево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу запрежно возило управувано од В.Г.(73) од село Добрејци и патничко возило „форд фиеста“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(24) од село Василево, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Г., а со телесни повреди се здобила Е.Б.., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ц.(29) од Скопје и А.Т.(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.07.2024, полициски службеници од СВР Скопје ги затекнале пријавените при купопродажба на околу 500 грама марихуана. После тоа, со судска наредба, извршен е претрес во домот кај Д.Ц.во Скопје, при што е пронајдена тегла со марихуана, празни тегли со остатоци од марихуана и дигитална вага.
На 27.07.2024 во 13.45 во ОВР Гостивар, 45- годишник од гостиварско село пријавил дека бил измамен од Б.Џ. од Гостивар за сума од 1.800 евра. Според пријавеното, во февруари тој му оставил возило на поправка и му ги дал парите, а пред еден месец Б.Џ. го известил дека возилото го дал на лице во Тетово да ја заврши работата. Како што е пријавено, во телефонски разговор лицето од Тетово го известило дека возилото е поправено и откако Б.Џ. ќе му надомести за завршената работа ќе можат да си го земат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.07.2024 во 03.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(40) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон Љ.С.(32) од Куманово. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 27.07.2024 во 11.39 часот во СВР Куманово, Н.Ј.(59) од с.Лопате, кумановско, пријавил дека од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Е.Н.(37) од с.Романовце, кумановско, а кое било паркирано во неговиот двор. Полициски службеници од СВР Куманово го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.
Денеска (28.07.2024) во 08.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.С.(46) од Скопје затоа што физички ја нападнал неговата 44 - годишна поранешна партнерка од Скопје и ѝ се заканувал со остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.07.2024 во 18.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Џ.(59) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал својата 79-годишна мајка. Тој бил спроведен здравствена установа, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А.(21) од с.Ливада, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.10.2023 на ул.„Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана и дробилка.
На 27.07.2024 во 23.15 часот во СВР Куманово, 36-годишна жена од Куманово пријавила дека околу 22.45 часот во дворот од нејзината куќа била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Д.П.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (28.07.2024) во 01.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци го привеле Г.Т.(46) од с.Побожје, општина Чучер-Сандево, затоа што на 27.07.2024 околу 20.30 часот во с.Побожје физички го нападнал С.Н.(65) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (28.07.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ј.(29), кој оштетил и врата на една соба. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.07.2024 во 21.50 часот во СВР Скопје, А.С.(21) од с.Петровец пријавил дека во 21.15 часот на работното место како обезбедување во трговски центар на подрачјето на Карпош во Скопје бил физички нападнат од Ј.И.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (28.07.2024) во 02.15 часот во Полициската станица Кочани, Ф.П. од Кочани пријавил дека околу 00.30 часот тој и неговата девојка биле физички нападнати од три машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.07.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа на подрачјето на општина Петровец, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.П.(45) и Н.Ц.(41), двајцата од с.Петровец, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.07.2024 во 13.15 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на ул.„Св.Георгиј Кратовски“ во Кратово, по претходно недоразбирање околу паркирано возило, бил нарушен јавниот ред и и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Л.(70) и Т.Л.(35), двајцата од Кратово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.07.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во домот се вратила Н.А.(16) за која на 26.07.2024 беше пријавено дека се оддалечила од својот дом.