Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 27.07.2024

      

 

Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(32) и М.Џ.(24) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство" по член 123 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали" по член 396 од Кривичниот законик. По преземени мерки и активности во координација со јавен обвинител, утврдено е дека на 01.07.2024 во с.Батинци, скопско, пријавените со автоматски пушки пукале кон возилото „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв, при што на местото починал А.Б.И., а З.И. се здоби со повреди и беше пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар Скопје.

Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, исто така, поднесе кривична пријава и против В.И.(26) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. По преземени мерки било констатирано дека на 17.07.2024 на подрачјето на Чаир во Скопје, тој со пиштол пукал кон Д.Б.(31) и му нанел тешки телесни повреди.

 

Денеска (27.07.2024) во 02.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.А.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (27.07.2024) во 03.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Х.(24) од с.Теарце, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и пари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.07.2024 во 23.00 часот, по преземени мерки и активности, на Градскиот стадион во Виница за време на одржување на музичка манифестација, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Г.Г.(44) од с.Градец, виничко, а ги привеле С.Х.(18) од Виница и двајца малолетници од Виница и Струмица затоа што биле затекнати како користат марихуана. Со нив бил извршен службен разговор, во кој за малолетниците присуствувал и социјален работник од Центарот за социјална работа Виница. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (27.07.2024) во 01.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ф.Ш.(21), Б.С.(23) и В.И.(22), сите од Штип, затоа што во нивна близина била пронајдена и одземана марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.07.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Е.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.07.2024 во 21.45 часот на улица „Благоја Тоска" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Е.(25) од тетовско Желино затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.Тој е задржан во полициска станица и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

 

Денеска (27.07.2024) во 01.25 часот во угостителски објект во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ф.(26) од Република Албанија затоа што незаконски престојувал во државата и не поседувал документи за идентификација. Тој бил задржан во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка.    

 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 22 санкции, за возење без возачка дозвола 14 мерки,  седум санкции за управување возило под дејство на алкохол, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли...

 

На 26.07.2024 во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Страшко Симонов“ во Куманово, товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ф.(31) од Скопје удрило во пешакот Ј.Ј.(58) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ј. констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 26.07.2024 во 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Драги Шутевски“ и ул.„Романовска“ во Куманово, патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(46) удрило во малолетен пешак, двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.

 

На 26.07.2024 во 21.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ш.М.(27) од Куманово, удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Куманово.

 

На 26.07.2024 во СВР Струмица било пријавено дека во 11.35 часот на магистрален пат Струмица-Ново Село се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(67) од Струмица и товарно возило „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управвувано од А.К. од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М.(41), сопатичка во возилото „шкода“, констатирани во Медициснки центар Струмица. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

 

На 26.07.2024 во 20.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница од ул.„Младинска “ и ул. „Димитар Цветинов“ во Струмица, П.С.(43) од Струмица, управувајќи  мотоцикл со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

 На 26.07.2024 во 22.15часот на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го привеле Л.Д.(25) од струшкото село Корошишта. При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 

На 26.07.2024 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(40) од Велес. Откако ги забележал полициските службеници, тој фрлил пакување со зелена трефкаста материја, која била пронајдена во негова близина. По извршениот службен разговор, тој на полициските службеници им предал и пакување со зелена трефкаста материја, која ја поседувал во неговиот дом. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поденесена соодветна пријава.

 

На 26.07.2024 во 18.05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.Р.(21) и А.Д.(23), двајцата од Велес. Тие се сомничат дека се обиделе да одземат предмети од Јавна здравствена установа на улица „Петре Прличко“ во Велес. М.Р. и А.Д. биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 26.07.2024 во 21.50 часот на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода С.Е.(34) и А.З.(38), двајцата од кичевското село Бачишта, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.П.Б.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.07.2023, полициски службеници од СВР Скопје извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавената и претрес во нејзиниот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари.

 

На 26.07.2024 во периодот од 15.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Тетово, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа, санкционирани се 17 возачи, од кои 8 на територија на Тетово и 9 на територија на Гостивар. Исто така, во текот на контролата биле санкционирани и 17 останати прекршоци (ТЕ-15 и ГВ-2).

 

На 26.07.2024 во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 22.40 часот во с.Рашче, скопско, на кров од патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Б. од с.Рашче, паднало заталкано зрно од огнено оружје. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 26.07.2024 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(61) од Скопје, удрило во електричен тротинет управуван од А.Т.(46) од Скопје, со престој во Сојузна Република Германија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Т. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски “ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 26.07.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на кеј „Браство– Единство“ во Гостивар, мотоцикл „џилера“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од О.А.(33) удрило во пешакот Б.Г.(75), двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Б.Г. констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипаод ОВР Гостивар.

 

На 26.07.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, Б.А.(36) од с.Мамудовци, кичевско, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во товарно возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(40) од Кичево, кое се движело пред него. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

 

На 26.07.2024 во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, Н.П.(55) од Скопје, управувајќи мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.П. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Скопје.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Е.(21) од с.Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.10.2023 на ул.„Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и ризла.

 

На 26.07.2024 во 23.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода О.З.(34) и М.Ѓ.(67), двајцата од Прилеп. О.З. се сомничи дека физички ја нападнал својата 41-годишна поранешна сопруга, додека М.Ѓ. се обидел фиизчки да ја нападне својата 41- годишна ќерка, но бил спречен од нејзиниот поранешен девер. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

 

На 26.07.2024 во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници при СВР Скопје го привеле М.М.(21) од село Љуботен, скопско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.07.2024 во 23.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Б.(32) од прилепско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани кон својата 62-годишна мајка и се обидел физички да ја нападне. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 26.07.2024 во 23.35 часот пред трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници го привеле Ј.А.(31) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.07.2024 во 08.00 часот, полициски службеници при СВР Битола го привеле И.Ј.(32) од Битола затоа што на бул.„1 Мај“ во Битола го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. При приведувањето кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

Денеска (27.07.2024) во 00.30 часот во населба Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле С.Џ.(20) од с.Цветово, скопско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.07.2024 во 22.35 часот во штипско село, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.Д.(20) од штипско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19.25 часот се обидел со тврди предмети да го нападне својот 45 – годишен татко и му се заканувал, по што во семејната куќа ја оштетил влезната врата и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 27.07.2024 во 03.30 часот во СВР Тетово, Г.Ќ.(25) од Данска, со живеалиште во Тетово, пријавил дека на 26.07.2024 околу 21.30 часот пред угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово - Јажинце, кај тетовско Пршовце, додека седел во патничко возило со негови другари, Л.Ф.(26) од Данска, со живеалиште во скопско, од огнено оружје пукал кон него и му нанел прострелна рана. Тој бил пренесен во тетовската клиничка болница каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

 

На 26.07.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода четири малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар на кров од катна гаража. Тие биле затекнати на местото и од нив бил одземен предметот со кој го предизвиклае пожарот. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 26.07.2024 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.З.(45) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12.00 часот упатувал закани на неговата поранешна 45-годишна вонбрачна сопруга и нејзиното семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (27.07.2024) во 08.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека пред угостителски објект во Берово, И.Б.(48) од с.Будинарци, беровско бил физички нападнат од Ѓ.Ј.(59) од с.Ратево, беровско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 27.07.2024 во 03.00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(18) од Скопје поради сомнение дека на 26.07.2024 околу 22.30 часот допирал по телото 20 – годишна девојка од Република Франција. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 26.07.2024 во 01.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Г.П.(51) од Куманово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно докуемнтирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (27.07.2024) во 01.45 часот во СВР Скопје, С.Ј.(43) од Скопје пријавил дека во 01.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Д.Ј.(34) од Скопје, кој употребил и метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.07.2024 во 16.45 часот во Полициската станица Крива Паланка, С.И.(33) од кривопаланечко пријавил дека околу 16.00 часот, неговиот братучед Д.И. со метален предмет оштетил дел од неговата куќа, при што едно парче летнало и го погодило него. Во врска со истиот настан, Б.И.(72) од истото село во 23.00 часот пријавил дека околу 16.30 часот, неговиот роднина С.И.(33) фрлал тврди предмети кон неговата куќа, при што бил погоден неговиот син Б.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (27.07.2024) во 01.00 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во Кратово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.М.(18) од една страна и М.Д.(20) и Д.Ц.(19) од друга страна, сите од Кратово. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 26.07.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, Џ.А.(21) од Скопје пријавил дека околу 14.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

 

На 26.07.2024 во 18.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Куманово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.З.(21) и Д.М.(24), двајцата од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.07.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, К.Т.(30) од Скопје пријавил дека околу 18.15 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од три машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.07.2024 во 17.00 часот во Полициското одделение Старо Нагоричане било пријавено дека во с.Жегљане, општина Старо Нагоричане, настанал пожар на нива, сопственост на Л.А.(65) од село с.Жегљане, при што изгореле 19 сандаци со пчели. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.  

 

На 26.07.2024 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека од Домот за деца без родители на подрачјето на Бит Пазар се оддалечила Н.А.(16), која и претходно се оддалечувала и била враќана. Според пријавеното, можно е да се наоѓа кај Е.А.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.