Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 25.07.2024


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик. Имено, првопријавениот А.Д. на 23.05.2022 и второпријавениот Д.Д. на 24.05.2022 во текот на работното време додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано „Ѓинов Камен“, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани. Исто така, првопријавениот А.Д. на 29.02.2024 и третопријавениот Ј.Б. на 08.03.2024, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на место викано „Ѓинов Камен“, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Ј.Б. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. За полициските службеници А.Д. и Д.Д., поради изминување на роковите за водење на дисциплинска постапка, нема да биде поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

На 24.07.2024 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ј.Н.(48) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.07.2024 во 16.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Р.(23) од Битола. Тој се сомничи дека околу 15.30 часот влегол во дворот на С.Б.(74) од Битола и со употреба на сила ѝ одзел личен накит. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.07.2024 во 23.50 часот во угостителски објект на регионален пат Тетово – Волковија, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Л.(33) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.07.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.К.(25) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.07.2024 во 23.50 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода О.Ф.(20) од Тетово, затоа што при негов и преглед во неговото патничкото возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

На 25.07.2024 во 01.10 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Н.Л.(37) од Тетово, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба за издржување на затворска казна. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 24/25.07.2024, во периодот од 23.00 часот до 03.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово - Полициско одделение Галате извршиле акциска контрола во угостителски објект во близина на автопатот Тетово-Гостивар, сопственост на Р.Б.(49) од Гостивар, а со цел пронаоѓање на странски државјани кои илегално престојуваат и работат на подрачјето и на лица кои се бараат по разни основи, присуство во угостителски објекти на малолетници по полноќ, контрола на возила и сл. При контролата биле приведени сопственикот Р.Б. и Ф.Б.(48) од гостиварски Добридол, кои биле барани по распишана потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. При контролата, исто така, биле приведени 4 странски државјанки од 33 до 49-годишна возраст од Албанија и Косово, кои непријавено престојувале на подрачјето и го злоупотребиле туристичкиот престој. Во текот на контролата, во друг угостителски објект во Неготино, полошко, биле затекнати и приведени три државјанки на Република Албанија на возраст од 31 до 33 години, кои немале регулиран престој на подрачјето. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола осум санкции, десет мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, три мерки за користење на мобилен телефон при возење...

На 24.07.2024 во 22.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосница од регионален со локален пат, помеѓу струшките села Боровец и Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, управуван од малолетник од с.Лабуништа и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Ф.Н.(53) од с.Лабуништа, двете со струшки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот малолетен сопатник констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

На 24.07.2024 во 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, во близина од крстосница од ул.„Брегалничка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „чемп“ и мопед „лонџиа“, двата со штипски регистарски ознаки, управувани од двајца малолетници од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот „чемп“, а другиот малолетник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Денеска (25.07.2024) во 02.620 часот во с.Лојане, липковско, полициски службеници од СВР Куманово го привеле О.Ч.(39) од Полска, со живеалиште во Израел, поради нелегален престој во државата, при што не поседувал ни документи за идентификација. Тој бил задржан во СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 24.07.2024 во 19.10 часот во Полициската станица Центар, К.С.(22) од Велес пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 24.07.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, П.А.(85) од Скопје пријавил дека на ул.„Мечкин Камен“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
 

На 24.07.2024 во 14.25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Т.(26) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени. А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 25.07.2024 во 05.15 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ.(44) од Охрид. При преглед кај него е пронајден лаптоп компјутер, кој е предмет на кривично дело „кражба“, извршена претходно во сместувачки објект на улица „Цар Самоил“ во Охрид. Компјутерот е одземен и предаден на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против С.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Љ.Т.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.07.2024 на улицата „Димитар Влахов“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин. Додека, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и други предмети со остатоци од хероин.

На 24.07.2024 во 12.30 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Х.(47) од Кочани, затоа што во семејната куќа во Кочани физички ја нападнал својата 41-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.К.(28) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 15.05.2024 во Тетово, пријавениот физички ја нападнал неговата 21 - годишна сопруга и ѝ нанел повреди.

На 23.07.2024 во 11.50 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.Н.(53) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма во с.Визбегово, скопско. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик.

Денеска (25.07.2024) во 00.10 часот во СВР Скопје Е.Н.(39) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека на 24.07.2024 околу 23.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.Ќ.(32) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(18) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30.10.2023 во с.Брвеница, тетовско, пријавениот, по претходна расправија, со тврд предмет го нападнал Х.С..

Денеска (25.07.2024) во 02.30 часот во СВР Скопје, А.П.(42) од Свети Николе пријавил дека околу 00.20 часот пред зграда на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија за паркинг простор, бил физички нападнат од негов сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.М., државјанин на Унгарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 31.03.2024 на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, поради претходни меѓусебни недоразбирања, пријавениот со тврд предмет нападнал малолетник.

Денеска (25.07.2024) во 02.55 часот во СВР Скопје, А.Џ.(64) од с.Горна Матка, општина Сарај, пријавил дека на 24.07.2024 околу 16.30 часот во дворот од неговата куќа, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ј.Р.(19) од истото село, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.12.2023 во населба Дреновец во Тетово, пријавените со тврд предмет го нападнале А.И..

На 24.07.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, Ф.Н.(35) од Скопје пријавил дека околу 12.50 часот на работното место на паркинг простор на подрачјето на Центар, по претходна расправија за наплата на паркинг услуга, едно лице му се заканило, а потоа со употреба на сила му одзело терминал за увид на наплатите за паркирање, сопственост на Паркинзи на Општина Центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Р.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“ и „полово вознемирување“. На 19.07.2024 во продажен објект во Драчево во Скопје, пријавениот физички ја нападнал вработената и одзел производи, по што го напуштил местото. Набргу се вратил без облека и ја повикал за да ги плати производите. Веднаш по настанот тој бил фатен и лишен од слобода.

На 23.07.2024 во 10.20 часот во СВР Скопје, К.С.(43) од Скопје пријавил неговиот татко С.С.(75) паднал од кровот на семејната куќа на подрачјето на Чаир. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот излегла екипа од СВР Скопје.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, во моментот на издржување на казна затвор во Казнено - поправната установа Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 21.09.2023 пријавениот, преку телефонска комуникација и лажно претставување и прикажување на факти за фиктивна купопродажба, довел во заблуда сопственик на правно лице, со што го навел да стори штета на имотот на правното лице во вредност од 47.040 денари.

На 24.07.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.С.(43) од Скопје пријавил дека од домот каде престојувале се оддалечиле четири лица од Бангладеш на возраст од 23 до 36 години, кои биле вработени во приватна фирма во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.И.(49) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.02.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.

На 24.07.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Делчево, А.С.(43) од Делчево пријавила дека околу 21.00 часот, додека седела во угостителски објект на бензинска пумпа со нејзините пријатели, нејзиното куче домашен миленик ја каснало малолетната ќерка на пријателите. Малолетничката била однесена за укажување на лекарска помош, а сопственичката го предала кучето на ветеринарен лекар. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.В.(43) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 10/11.07.2024 пријавениот неовластено набавил и употребил податоците од банкарска картичка на лице од Штип, по што извршил 12 успешни трансакции, со што се стекнал со противправна имотна корист со вкупен износ од 11.632 денари.

Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани, К.Ј.(64) пријавил дека во канал за наводнување во близина на с.Оризари, кочанско, ја пронашол удавена неговата мајка М.Ј.(89) од с.Оризари, за која еден час претходно пријавил дека се оддалечила од домот. Телото на починатата било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(20) и А.Р.(30), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 25.06.2024, пријавените физички го нападнале А.Ш.(19), а потоа првопријавениот со нож му нанел повреда, додека второпријавениот, при обид да го напушти местото, со возилото удрил во неговиот брат Б.Ш и во неговата мајка.

Денеска (25.07.2024) во 07.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.М.(55) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син А.М.(32) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.З.(75) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство. На 19.05.2024, по претходна вербална расправија, пријавениот упатил закани со нож кон неговата снаа и ѝ нанел повреда.

На 24.07.2024 во СВР Битола, А.Б.(35) од Битола пријавил дека во близина на Офицерски дом во Битола бил каснат од куче скитник.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.М.(20) од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 24.06.2024 на ул.„Партизанска“ во Берово со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, а подоцна преку мобилна апликација се јавил на полициски службеник и му упатил закани.

На 24.07.2024 во ОВР Неготино, Д.Д.(37) од Демир Капија пријавил дека пред угостителски објект во Демир Капија бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(45) од с.Пирок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Пријавениот, на парцели сопственост на РСМ, без да поседува документација, узурпирал државно земјиште и изградил објекти.

На 24.07.2024 во 13.20 часот, М.К.(64) од Кичево во полициска станица пријавил дека на локален пат во кичевското село Козица бил каснат од куче скитник.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Д.(44) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 14.07.2024 во семејниот дом во Пехчево, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка.