На 22.07.2024 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(35) од село Никуштак, општина Липково. Тој бил осуден на пет години и седум месеци затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, „трговија со луѓе“ по член 418 - а и „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на три години од казната. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна.
На 21.07.2024 во 18.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле Ѓ.Г.(35) од Пробиштип и Ж.М.(23) од Штип. При преглед во патничко возило „хонда“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал Ѓ.Г., а сопатник бил Ж.М., била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, 42 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за некористење сигурносен појас...
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 82 возачи, од кои 22 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 19 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 33 за некористење заштитен шлем-кацига, 1 за минување на затворен сигнал -црвено светло и 4 за возач почетник.
Вчера (21.07.2024), во периодот од 17.00 до 22.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 52 прекршоци (ТЕ-28 и ГВ-24), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 35 (ТЕ-22 и ГВ-13) и 1 (ГВ) мотоцикл со поминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 5 (ГВ) со поминат рок на осигурителната полиса и 9 (ТЕ-4 и ГВ-5) без возачка дозвола, како и 9 (ТЕ-4 и ГВ-5) други видови сообраќајни прекршоци. Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци.
На 21.07.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат во Маврови Анови, К.С.(35) од Скопје, управувајќи мопед без регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.С., констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 21.07.2024 во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Ј.С.(34) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд, поради бегство од КПУ Идризово. Ј.С. е осуден на казна затвор од 12 години и 10 месеци, а во врска со член 188 ст.1 и чл. 236 ст. 1 т.1 в.в чл. 22 и чл. 24 од Кривичниот законик. Лицето ќe биде спроведенo во надлежната казнено-поправна установа.
Денеска (22.07.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 14.10 часот во Скопје, на територија на Шуто Оризари, го лишија од слобода Х.А. (39) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна во траење од една година и шест месеци во врска со чл.235 ст.1. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
На 22.07.2024 во 00.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Кеј Вардар“ бил нарушен јавниот ред и мир со гласна музика од угостителски објект, сопственост на В.А.(37) од гостиварско Чегране. Полициски службеници излегле на местото и по извршеното мерење, на сопственикот на објектот му бил издаден прекршочен платен налог по член 8 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(47), Г.С.(54), М.С.(23) и еден малолетник, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 02.06.2024 во с.Самоков, општина Македонски Брод, пријавените физички го нападнале Б.С. и му нанеле тешки телесни повреди.
На 21.07.2024 во 12.12 часот во СВР Скопје, М.А.(34) од с.Кондово, скопско, пријавил дека околу 12.10 часот во угостителски објект во с.Кондово бил физички нападнат од И.Х., Г.Х., А.Х. и Џ.Х., при што Г.Х. носел нож, но не го употребил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.07.2024 во ОВР Прилеп, Ј.М.(50) од Прилеп пријавил дека околу 12.15 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп и еден час подоцна пред неговиот дом, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од повеќе лица, од кои дел употребиле и метални предмети. Исто така, на 22.07.2024 во 03.00 часот во ОВР Прилеп, Н.М.(28) од Прилеп, син на Ј.М., пријавил дека С.В., В.А., Б.И., А.И., Б.Р., Р.Р., Д.И., Ш.Н. и уште неколку лица, сите од Прилеп, влегле во неговиот двор и со тврди предмети ги оштетиле возилата „лада“ и „фолксваген голф“, кои биле во дворот, а физички нападнале еден од неговите малолетни внуци. Како што е пријавено, С.В. и В.А. носеле и пиштоли, но не ги употребиле. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање случаите, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од с. Другово, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“. На 16.07.2024 на ул.„11 Септември“ во Кичево, пријавениот агресивно се однесувал и ги спречувал полициските службеници додека вршеле службени дејствија.
На 21.07.2024 околу 22.10 часот во с.Јурумлери, скопско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај ги лишиле од слобода Д.Б.(25) и Ј.Б.(35), двајцата од Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.07.2024 во 16.20 часот во СВР Тетово, од Клиничката болница било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Н.Л.(37) од с.Сараќино, тетовско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите во куќа каде што претходно извршувал градежни работи. На местото излегле полициски службеници и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.07.2024 во 11.15 часот во СВР Штип, С.Т.(28) од Штип пријавил дека околу 11.00 часот во дворно место во с.Врсаково, штипско, додека го стартувал неговиот трактор „имт 533“, од искрење настанал пожар на сува трева од кој бил опожарен тракторот и неговото патничко возило „алфа ромео“ со штипски регистарски ознаки. Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 21.07.2024 во 06.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат Е.Ш.(57) од Хрватска, кој бил гостин во хотелот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на Судска медицина за обдукција.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ш.(44) од с.Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.12.2023 на пат кон с.Долна Белица, струшко, полициски службеници кај две лица пронашле марихуана која претходно ја набавиле од пријавениот.
На 21.07.2024 во 21.27 часот во СВР Скопје, Е.Ј.(31) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека во дворот од неговиот дом пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ч.(59) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижност“ и „бесправно градење“. Во текот на 2024, пријавената од катастарска парцела во Дебар, на место викано „Бадеми“, на земјиште во државна сопственост извршила порамнување, а потоа без одобрение за градење започнала со изградба на објект, со што го оштетила Буџетот на државата за 233.263 денари.
На 21.07.2024 во 13.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека на клупа пред зграда на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Т.М.(44) од Пробиштип, со престој во Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 21.07.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Чаир, З.П.(55) од Скопје пријавил дека од домот на подрачјето на Чаир се оддалечил неговиот син А.П.(28) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 21.07.2024 во 18.40 часот, Љ.С.(62) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улицата „Магистрален пат“ во Кичево била касната од куче скитник.