На 20.07.2024 во 20.10 часот на регионалниот пат Битола – Прилеп, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Р.(31) од Прилеп, со привремен престој во с.Ивањевци, општина Могила и Д.А.(37) од Штип, со привремен престој во с.Ивањевци. Тие се сомничат дека во текот на денот од објект на правно лице во с.Долно Српци, општина Могила, одзеле повеќе предмети. При преглед на патничко возило „опел" со прилепски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени одземените предмети. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во периодот од 22.00 часот на 20.07. до 01.30 часот на 21.07.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30), Ф.Ѓ.(29), сите од Скопје, М.Н.(22) од Прилеп, Н.А.(23), И.С.(28), двете од Скопје и тројца малолетници. При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети. Исто така, Т.Ѓ. се однесувал агресивно и ги спречувал полициските службеници при преземањето службени дејствија. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Денеска (21.07.2024) во 05.20 часот во село Кадино, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(22) од с.Марино, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја и пиштол. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.07.2024 во 01.00 часот во Маврово, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.Д.(43) од Маврово затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.07.2024 во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.07.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.07.2024 во 23.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.07.2024 во 21.25 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Е.З.(23), Џ.З.(30), Д.З.(22), З.М.(25) и Д.У.(26), сите од Струмица. При преглед на патничко возило „мерцедес“ во кое се превезувале била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 21.07.2024 во 02.50 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Д.Г.(25) од Радовиш затоа што кај него била пронајдена марихуана. Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 103 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, осум санкции за управување возило со брзина поголема од пропишаната, седум мерки за некористење сигурносен појас...
На 20.07.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„518“, ул. „516“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со холандски национални ознаки, управувано од Б.С.(43) од Холандија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(50) од Скопје. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
На 20.07.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Трапчин Дол, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.Ф.(74) од Скопје и патничко возило „тојота“ со чешки национални ознаки, управувано од П.Х.(44) од Република Чешка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Т.Ф. и А.Х.(78) од Република Чешка, сопатничка од возилото „тојота“, додека со телесни повреди се здобиле возачот П.Х. и тројца негови сопатници, П.С.Х.(44) и двајца малолетници, сите од Република Чешка, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 20.07.2024 во 12.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Зеф Љуш Марку“ во Скопје, патничко возило „форд ка“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(26) од Скопје, удрило во А.М.(82) двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 20.07.2024 во 23.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово - Скопје, во близина на с.Требош, општина Желино, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.З.(41) од с.Љуботен, скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ш.З. и малолетен сопатник од с.Љуботен, додека со телесни повреди се здобиле двајца малолетници од с.Милетино и с.Љуботен, констатирани во Клинички центар Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 20.07.2024 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Ж.Г.(26) и патничко возило „пежо“ со швајцарски национални ознаки, управувано од М.И.(69), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 20.07.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Гази Баба, В.С.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 21.07.2024 во 02.55 часот во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го приведоа Ј.Н.(20) од Австралија затоа што при контрола во објектот бил затекнат при користење кокаин. При преглед кај него, исто така, бил пронајден кокаин. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.07.2024 во 21.10 часот на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го приведоа С.Т.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.07.2024 во 22.10 часот на магистралниот пат Струга-Подмолје, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода Д.С.(36) од Охрид. При преглед извршен во неговиот автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.07.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје, Б.С.(40) од Скопје пријавил дека на таван од семејна куќа на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје пронашол една автоматска пушка, четири рамки за автоматска пушка, 381 куршуми калибар 7,62 мм, една рачна бомба и 20 чаури. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Оружјето и муницијата биле подигнати од полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи за понатамошна постапка.
На 19.07.2024 околу 16.00 часот во СВР Велес, Е.С.Т.(31) од Велес пријавила дека во подрумска просторија во куќа на нејзината баба, во која никој не живеел, била пронајдена експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал експлозивната направа.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Е.(28) и А.А.(29), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 04.07.2024 од полициски службеници било запрено патничко возило, управувано од пријавениот, кај кого при извршен преглед била пронајдена и одземена марихуана.
На 21.07.2024 при акциска контрола на подрачјето на СВР Тетово, во угостителски објект на улица „Благоја Тоска" биле затекнати четири малолетници после 24 часот, од кои три биле предадени на нивните родители, додека едниот од нив - странски државјанин бил предаден на полициски службеници од Одделот за странци за понатамошна постапка и предавање на неговиот родител.
На 20/21.07.2024, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово беше спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што се санкционирани 9 возачи (ТЕ-6 и ГВ-3), кои веднаш биле исклучени од сообраќај. За време на контролите биле констатирани и 9 други видови прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-2).
На 21.07.2024 од 00 до 05 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-01, Кичево-03). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод, поднесе кривична пријава против Х.К.(34) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“ На 19.06.2024 на ул.„Маршал Тито“, полициски службеници извршиле преглед на товарно возило управувано од Х.К. натоварено со минерални суровини, сопственост на правно лице од Охрид, без да поседува соодветна лиценца за вршење на јавен превоз на стоки и предмети.
На 20.07.2024 во 21.35 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.С.(48) од с.Градец, виничко. Тој бил баран по централен распис од Полициската станица Кочани поради сомнение дека околу 20.00 часот на ул.„Димитар Влахов “ во Кочани со возилото „фолксваген пасат“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „форд фокус“ со кочански регистарски ознаки, по што го напуштил местото. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кочани за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (21.07.2024) во 02.00 часот во с.Двориште, беровско, полициски службеници од Полициската станица Берово го привеле Д.М.(59) од Пехчево затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.07.2024 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.С.(41) од Студеничани, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14.30 часот во адвокатска канцеларија во Скопје агресивно се однесувал и упатил закани кон адвокат од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (21.07.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, Љ.Џ.(51) од с.Дрма, скопско, пријавил дека на 20.07.2024 околу 22.30 часот во неговиот дом бил физички нападнат од Ф.А., А.А., Р.А. и Е.А., сите од Скопје, кои притоа употребиле и дрвени предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Велес поднесе кривична пријава против С.А.(72) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 17.11.2023 при извршен претрес во куќата на пријавениот, биле пронајдени куршуми.
Денеска (21.07.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, М.Б.(46) од с.Средно Коњари, општина Петровец, пријавил дека во селото, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.07.2024 во 00.40 часот во СВР Скопје, Г.С.(47) од Скопје пријавил дека на 19.07.2024 околу 21.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, тој и М.С.(43) биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистувае на случајот.
На 20.07.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, 55-годишен маж од скопско село пријавил дека неговата 23-годишна ќерка околу 12.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг А.С. од скопско село, по што А.С. и неговиот брат М.С. упатиле закани кон неа и нејзиното семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.07.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, Ф.К.(22) од Скопје пријавил дека околу 20.15 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од едно лице кое употребило и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.07.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градски парк на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Г.(24) и М.С.(22), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.07.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во мотел на подрачјето на општина Чаир во Скопје бил пронајден починат Б.А.(38) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 20.07.2024 во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Транспортен центар - Скопје настанал пожар во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈСП Скопје. Во пожарот возачот А.С.(58) од Скопје вдишал чад, по што бил пренесен на Клиниката за токсикологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.