На 19.07.2024 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Г.С.(43) од Скопје. при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 19.07.2024 во 12.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Д.Р.(31) од Скопје поради сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик. Тој бил фатен веднаш по извршување на делото во продажен објект на подрачјето на Драчево во Скопје, од каде со употреба на сила од вработената одзел производи. Откако бил приведен во полициска станица агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.07.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.07.2024 во 00,10 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Е.И.(19) од селото Житоше, општина Долнени, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.07.2024 во 15.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги привеле Д.Н.(42) од Охрид и А.Г.(49) од Скопје затоа што при преглед на патничко возило „опел“, сопственост на А.Г., во кое биле двајцата, кај Д.Н. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2024 во 22.45 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле Ј.А.(42) и М.О.(20), двајцата од Кавадарци, затоа што кај нив била пронајдена зелена тревкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2024 во 05.45 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(38) од Република Србија затоа што при гранична проверка било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Франција за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога''. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струмица за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 91 мерка, меѓу кои за возење со брзина поголема од пропишаната 10 мерки, пет санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло...
На 20.07.2024 во 00.18 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп - Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило марка „фолксваген голф“ со привремени регистарски ознаки, управувано од И.Б.(47) од Скопје и патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.С.(34) од Прилеп. Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп. Увидот на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
На 19.07.2024 во 05.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Вардарски рид“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од З.К.(63) од Гевгелија и мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управвуван од М.П.(45) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
На 18.07.2024 во 20.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на бул.„Македонија“ во Делчево, патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, управувано од Д.И.(29) од Делчево, удрило во малолетен пешак од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
На 19.07.2024 во 16.55 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Љупчо Сантов“, ул.„Браќа Ставреви“ и ул.„Раде Кратовче“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Е.А.(42) од Кочани и патничко возило „бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Кочани, по што возилото „фолксваген поло“ удрило во пешаците Р.К.(50) од Кочани и М.Р.(20) од с.Оризари, кочанско, и во паркирано патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.К., додека со телесни повреди се здобиле М.Р и двајцата возачи, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
На 19.07.2024 во 22.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово – Бањиче, патничко возило „шевролет“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(24) од Тетово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Л.(18) од Тетово, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 18.07.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на тротоар од бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, мотоцикл управуван од А.Б.(69) од Скопје удрил во отворена шахта. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Увид бил извршен.
На 19.07.2024 во 14.15 часот во СВР Скопје, В.Д.(64) од Скопје пријавила дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била касната од куче скитник.
На 19.07.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Ѓ.(30) од с.Бардовци, скопско, пријавил дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 19.07.2024 околу 16.00 часот во Полициската станица Карпош, А.Д.(59) од Скопје пријавил дека на ул.„Езерци“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 19.07.2024 во 21.05 часот на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода М.Н.(25) од Тетово. Тој бил баран по локален распис од СВР Тетово поради постоење основи на сомнение дека на 18.07.2024 во три наврати со закана кон сопственикот на продажен објект во Тетово и физички напад врз неговата сопруга одзел пари од дневниот промет. Лицето било предадено во СВР Тетово и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.07.2024 во 12.10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Ч.(38) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дигитална вага и повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја. Д.Ч. е приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 19.07.2024 во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид ја привеле Е.М.(23) од Битола, која претходно во продажен објект во Охрид одзела повеќе производи. Одземеното било вратено на одговорното лице во продажниот објект, а по целосно документирање на настанот, против Е.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.А.(35) и Т.С.А.(35) двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 08.12.2023, при извршен претрес во домот на пријавените, била пронајдена марихуана.
Ноќеска (20.07.2024) во периодот од 00.00 до 02.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во ноќен клуб на регионален пат Тетово- Скопје. При контролата во објектот биле затекнати осум странски државјанки на возраст од 22 до 32 години од Русија, Молдавија и Албанија, кои го злоупотребиле престојот, односно престојувале во државата спротивно на целта. Тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Ж.К.(53) од село Костурино, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека на 18.07.2024 во подрумски простории на станбена зграда во Струмица извршил обљуба врз малолетно лице со пречки во развојот. Истиот ден лицето беше лишено од слобода. Од страна на судија од Основен суд Струмица на осомничениот му била определена мерка притвор во траење од 30 дена.
На 19.07.2024 во 10.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Ургентен центар во Тетово со изгореници бил донесен Х.И.(60) од тетовска Мала Речица. Според пријавеното, тој дошол во допир со далековод додека работел на инсталирање на струјна мрежа во куќа во изградба во тетовски Калник и се здобил со изгореници. Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово и трудов инспектор.
На 19.07.2024 во 13.45 во СВР Тетово, 57-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 5185 евра. Според пријавеното, преку социјални мрежи тој комуницирал со лицето кое му се претставило како управител на странска фирма за да купи возило. Како што е пријавено, тие се договориле и тој во неколку наврати извршил уплата преку трансакциска сметка, по што комуницирал со фирмата од каде дознал дека нема уплата за возило на негово име и сфатил дека бил измамен. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (20.07.2024) во 01.40 часот во СВР Скопје, Ф.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 01.20 часот во дворот од неговата куќа на подрачјето на Шуто Оризари, тој и неговата сопруга Е.Д.(35) од Куманово биле физички нападнати од Ф.С.(55), А.С.(28) и Е.М.(35). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2024 во 06.15 часот во СВР Скопје, С.К.(64) од Скопје пријавила дека околу 05.25 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзин сосед. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2024 во 12.50 часот во СВР Скопје, Б.Н.(42) од Скопје пријавил дека на 18.07.2024 околу 20.45 часот во влез од станбена зграда на подрачјето на општина Аердром во Скопје бил физички нападнат од неговиот сосед Б.Ј.(74) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје, Б.Ј.(22) од Куманово пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.07.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно нерасчистени должничко - доверителски односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ѓ.(34) од с.Трново, битолско, од една страна и Х.М.(21) и Г.М.(18), двајцата од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца сопружници на 26-годишна возраст од Скопје, при што сопругата употребила стаклен предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2024, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров извршиле службен разговор со малолетник од с.Ново Село, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека на 17.07.2024 со уште двајца малолетници учествувал во физичка пресметка со А.В.(31) од Скопје, при што еден од малолетниците употребил дрвен предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје, Л.С.(38) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот, по претходно недоразбирање, во автоперална на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од неколку лица, кои го оштетиле неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.07.2024 околу 15.25 часот во СВР Велес било пријавено дека повторно се активирал пожарот на регионалниот пат Велес - Извор, кај место викано „Пашин мост“, при што горела сува трева, а бил зафатен и дел од железничката пруга Велес - Битола. Екипи на Територијалната противпожарна единица Велес преземаат мерки за гаснење на пожарот.
На 19.07.2024 во 16.39 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар на место викано „Домус бунар“ во атар на с.Црнилиште, светиниколско, при што изгореле две стари напуштени куќи и површина со сува трева, стрниште и лозов насад. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 19.07.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар во Скопје било пронајдено машко лице со повреди и во бессознание. Лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што лекар констатирал тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.07.2024 во 01.13 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул.„Гроздан Трифунов“ во Кочани настанал пожар во патничко возило „фиат пунто“ со винички регистарски ознаки, сопственост на Е.Ј.(48). Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 19.07.2024, постапувајќи по претходна пријава дека малолетник од Кочани живеел во вонбрачна заедница со малолетничка од Скопје и дека извршил обљуба врз неа, полициски службеници од Полициската станица Кочани презеле мерки и во неговиот дом малолетникот бил затекнат со малолетничката. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Кочани, со малолетничката бил извршен службен разговор и бил направен преглед во здравствена установа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, Б.С.(62) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила му одзело чанта со лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (20.07.2024) во 01.50 часот во СВР Скопје, К.С.(44) од Скопје пријавил дека на 19.07.2024 околу 23.55 часот во угостителски објкет на подрачјето на Центар во Скопје, Р.С. од с.Арачиново, скопско, упатувал закани на него и С.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.07.2024 во 10.30 часот во СВР Охрид, О.Ц(54) од Охрид, управител на правно лице од Охрид, пријавил дека од местото каде што престојувала се оддалечила вработената Н.Б.(20) од Непал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 19.07.2024 во 15.00 часот во СВР Штип, Б.К.(55) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината мајка Д.Р.(74), лице со здравствени проблеми, а која и претходно неколку пати се оддалечувала и се враќала. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.