Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 19.07.2024

На 18.07.2024 во 11.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Г.Д.(23) од Скопје, кој бил баран со потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Скопје. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

По преземени мерки и активности, тим од пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струмица, денеска (19.07.2024) околу 07.00 часот во Дојранското Езеро го пронајде телото на Д.М.(43) од Скопје, кој вчера се удави во езерото. Имено, вчера во 10.10 часот во СВР Струмица беше пријавено дека тој скокнал од чамец во езерото, пливал неколку метри, по што се удавил. Во акцијата за пронаоѓање и извлекување на телото учествуваа и полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија и нуркачки екипи. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 18.07.2024 во атар на с.Магарево, битолско, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување подигнал две артилериски гранати со калибар 75 мм од Првата светска војна, кои претходно биле пронајдени.

На 18.07.2024 од с.Маково, општина Новаци, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување подигнал артилериска граната со калибар 155 мм од Првата светска војна, која претходно била пронајдена.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, 36 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло...

На 18.07.2024 во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ.(22) од Скопје, удрило во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, паркирано од Л.С.(20) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а двајца сопатници од запреното возило, М.М.(20) и М.Т.(20), двајцата од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 18.07.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Плешенци, во с.Плешенци, патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.З.(57) од с.Долни Стубол, пробиштипско, удрило во велосипед, управуван од Т.В.(38) од с.Плешенци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

На 18.07.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосницата од ул.„Индустриска“ со ул.„Гоце Делчев“ и локален пат кај с.Курија во Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од З.М.(55) и електричен мопед, управуван од Џ.Т.(63), двајцата од Неготино, а двете возила со неготински регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Здравствен дом Неготино. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

На 18.07.2024 во 12.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.Џ.(57) од Гостивар, удрило во велосипед, управуван од И.С.(60) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на место на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

На 18.07.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Ч.(75) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 18.07.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани, С.А.(30) од с.Грдовци, кочанско, пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

На 18.07.2024 во 08.10 часот во ОВР Кавадарци, В.Б.(56) од Кавадарци пријавила дека на место викано „Моклиште“ во Кавадарци била касната од куче скитник.

На 18.07.2024 во 16.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода П.Л.(40) од Свети Николе. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Свети Николе, биле пронајдени и одземени предмети со прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и други предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Во рамки на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност во сообраќајот, вчера (18.07.2024) во периодот од 18.00 до 24.00 часот спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 33 прекршоци (ТЕ-21 и ГВ-12), од кои најголемиот дел, 28 (ТЕ-16 и ГВ-12), биле за некористење на заштитен шлем-кацига и 1 (ТЕ) за мотоцикл со поминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 1 (ТЕ) со поминат рок на осигурителната полиса и 1 (ТЕ) без возачка дозвола, како и 15 (Т-11 и ГВ-4) други видови сообраќајни прекршоци.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Г.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на март 2024 година, пријавениот се договорил со едно лице да му изгради надгробна плоча за 62.000 денари, по што лицето му ја исплатило целата сума, а тој не ја започнал изградбата.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Р. (53) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“. На 14.06.2024 на социјална мрежа, пријавениот испратил фотографии со експлицитна содржина на женско лице.

 

На 18.07.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје, 36 - годишна жена пријавила дека околу 16.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М.(44) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.М. (39) од с.Василево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.07.2024 во с.Василево, полициски службеници кај пријавениот пронашле амфетамин и марихуана, а подоцна при претрес во неговиот дом пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и една дигитална вага.

 

На 18.07.2024 во 21.31 часот во СВР Скопје, Б.Ј.(74) од Скопје пријавил дека во влез од зграда на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.А.(23) од с.Чешиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.02.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, хашиш, семки од растението канабис, амфетамин и предмети со остатоци од амфетамин.

 

На 18.07.2024 во 21.10 часот во СВР Скопје, С.Џ.(20) од с.Цветово, скопско, пријавил дека околу 15.30 часот на автобуска постојка во с.Батинци, скопско, бил физички нападнат од Д.А. и Р.А. од с.Батинци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.07.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје, 32-годишен маж од Скопје пријавил дека во дворот од заедничкиот дом на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од неговиот брат Д.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.И.(41) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“. На 08.06.2024, пријавениот во три наврати искористил податоци од банкарска картичка на лице од Македонска Каменица и од банкомат подигнал пари со што се здобил со противправна имотна корист во износ од 130.000 денари.

 

На 18.07.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје, В.Б.(42) пријавил дека во 18.30 часот во с.Стајковци, скопско, бил физички нападнат од Г.А,. двајцата од с.Стајковци. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.07.2024 во 18.25 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 53-годишно лице од струмичко, кој се сомничи дека околу 11.30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.С.(55), Б.С.(37), К.Н.(58) и Д.П.(55), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“. На 16.09.2023, полициски службеници извршиле контрола во објект на ул.„Борка Левата“ во Прилеп, кој првопријавениот го користел под наем од второпријавениот, при што биле затекнати К.Н. и Д.П. при играње комар, а на масата имало оставени пари како облог.

 

На 18.07.2024 во 20.00 часот во СВР Штип, Д.М.(20) од Штип пријавил дека околу 16.00 часот, на работно место во угостителски објект во Штип, бил физички нападнат од неговиот колега А.С.(30) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (19.07.2024) во 08.20 часот во СВР Скопје, 41 - годишна жена пријавила дека на 10.07.2024 околу 19.30 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.Д.(43) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.А.(22) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 21.03.2024 на место викано „Шилек‘‘ во Пробиштип, пријавениот во своето патничко возило на Д.В.(20) и Б.И.(20) им овозможил да користат дрога.

 

На 18.07.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје, Д.М.(50) од Скопје пријавил дека околу 05.30 часот на подрачјето на Центар, две лица со закана со остар предмет од неговиот малолетен син одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (19.07.2024) во 02.08 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во амбулантата во установата починал осуденикот А.К.(63). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

На 18.07.2024 во 11.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на подрачјето на гостиварски Стрезимир, овчарски кучиња ја нападнале и каснале К.Ф.(55) од Сојузна Република Германија. Таа била пренесена во болницата во Гостивар за укажување помош.

 

На 19.07.2024 во Полициската станица Неготино, В.И.(54) од Неготино пријавила дека околу 06.25 часот на улица „29 Ноември“ во Неготино од дворот на Н.А. излегло куче и ја каснало.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.Ф.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.02.2024 во населба Средорек во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, на 13.12.2023 на ул.„Ѓуро Пуцар“ во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

На 18.07.2024 во 20.50 часот, А.Р.(42) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улицата „4 Јули“ во Кичево била касната од куче скитник.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.И.(26) од Охрид, В.М.(42) и Н.М.(38), двајцата од селото Лешани, општина Дебрца и Д.Н.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, додека против М.И. е поднесена и пријава за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „оштетување“, а против В.М. и Н.М. е поднесена и пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Пријавените кривичните дела ги сториле на 11.06.2024 во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, каде што го нарушиле јавниот ред и мир со насилничко однесување, загрозувајќи ја сигурноста на присутните, упатиле закани кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија и оштетиле службено полициско возило.