Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 14.07.2024

Денеска (14.07.2024) во 02.15 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Т.(18) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.07.2024 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(24) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.07.2024 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од Тетово, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.07.2024 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(34) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.07.2024 во 21.45 часот, на паркинг простор во близина на плажа во Охрид, приведени се М.М.(25) од Струга и Г.Ј.(30) од Прилеп. При извршен преглед, полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај нив, пронајдоа и одзедоа марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.07.2024 на улицата „15 корпус“ во Струга, приведен е Е.Р.(21) од Струга. При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.07.2024 во 00.50 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, приведен е А.М. (20) од Струга. При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа четири паковки со марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.07.2024 во 23.50 часот, во ОВР Дебар приведени се Х.Б.(19), П.Г.(19) и Л.К.(19), сите од Дебар. При преглед извршен на улицата „Дебарски конгрес“ во Дебар, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Дебар, кај Л.К. пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 13.07.2024 во 13.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Миладиновци, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(19) од с.Дорфолија, општина Лозово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.Б.(19) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле А.Н. и уште една малолетна сопатничка од Свети Николе, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 13.07.2024 во 05.11 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.М.(23) од Битола, и патничко возило „шкода“ со хрватски национални ознаки, управувано од Б.Р.(66) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Б.Р. и сопатникот од возилото „бмв“ П.С.(24) од Битола, а со телесни повреди се здобиле А.М. и уште еден сопатник од возилото „бмв“ И.Г.(24) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 13.07.2024 во 09.10 часот на Граничниот премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Г.(53) од Тирана, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол од Р.Грција. Тој бил предаден на полициски службеници при ОВР Струга за понатамошна постапка.

На 13.07.2024 во 18.55 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода A.П.(30) од Косово, поради тоа што при извршени проверки било констатирано дека евидира во оперативните евиденции по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка-Интерпол. Тој бил предаден на косовската полиција бидејќи бил предмет на потрага од нивна страна.

На 13.07.2024 во 06.00 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.Г.(54) од Р.Србија поради тоа што при извршена контрола констатирано било дека личната карта што ја дал на увид била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

На 13.07.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.И.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Тодор Атанасовски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 13.07.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, Х.В.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Блажо Орландиќ“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Секторот за внатрешни работи Битола на 13/14.07.2024 во времето од 22.00-06.00 часот спроведе засилена контрола во областа на сообраќајот. На територија на Ресен изречени се вкупно 12 мерки за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, а на подрачје на Битола санкционирани биле двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол.