Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 13.07.2024

На 12.07.2024 во периодот од 15.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата биле санкционирани 30 прекршоци за непрописно престигнување (ТЕ-16 и ГВ-14). При контролата, исто така, биле констатирани и 8 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На возачите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.

На 12.07.2024 во 19.40 часот полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода А.И.(42) од тетовско Непроштено, која била затекната при кражба на златен предмет во златара во Тетово. А.И. е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2024 година во 19.10 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, од слобода го лишија М.П.(48) од Скопје. При извршен преглед, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа бела грутчеста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.07.2024 во 19.50 часот на автопатот А1 Демир Капија-Неготино, после наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49) од Р.Србија, која била со повреди на телото. Извршен е разговор со нејзиниот сопруг Б.М. (52) од Р. Србија кој кажал дека враќајќи се со С.М.(49) и нивните малолетни син и внука од одмор од Р.Грција, С.М., која имала здравствени проблеми физички го нападнала, по што настанала физичка пресметка и тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон Граничен премин „Табановце“. Од страна на Итна медицинска помош Неготино на С.М. и била укажана лекарска помош, по што е пренесена во здравствена установа „Негорци“. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.

Денеска (13.07.2024) во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Народни херои“ во Скопје Ѓ.М.(30) од Скопје додека управувал мотоцикл „хонда“ изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 12.07.2024 во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(34) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2024 во 23.30 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, И.А.(36) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка Е.Д.(13) која и претходно се оддалечувала и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.07.2024 во 20.45 часот во СВР Скопје, 31- годишна жена пријавила дека околу 13.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош, каде работела, дошол нејзиниот поранешен партнер В.М.(32) и и одзел пари, по што пред објектот физички ја нападнал, а употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (13.07.2024) во 03.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на 12.07.2024 околу 23.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, по претходна расправија А.Р.(24) бил физички нападнат од Л.Ш. и С.Л., сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (13.07.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје, С.Ф.(35) пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од Ј.Д. и В.Д., сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2024 во 14.25 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(58) од Скопје поради тоа што во Полициската станица Кисела Вода агресивно се однесувал кон полициски службеници. Исто така полициски службеници ја привеле и А.И.(57) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2024 во 15.50 часот во СВР Скопје, од Јавна установа-Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел во Скопје, во повеќе наврати З.Т.(39) од Скопје и упатувал закани и психички ја малтретирал неговата малолетна ќерка, а на 09.07.2024 околу 22.00 часот физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (13.07.2024) во 02.15 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода К.М.(65) и Д.М.(45) по претходна пријава дека околу 01.40 часот во парк во Виница заедно со уште две малолетни лица физички ја нападнале С.И.(34) сите од Виница. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2024 во 21.30 часот во СВР Штип, Ф.С.(19) од Штип пријавил дека околу 20.15 часот во Штип, додека бил во неговото возило ,едно лице со закана со остар предмет му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 На 12.07.2024 во 13.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, во двор од куќа, сопственост на Д.Ѓ.(40) од Скопје, тој бил физички нападнат со тврд предмет од малолетник. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, при што затекнале четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, а на местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина. Малолетните лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Известен бил јавен обвинител, кој излегол на лице место. Во 16 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.. Денеска (13.07.2024) во тек е увид под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Денеска (13.07.2024) во 02.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е.Ч.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ј.(36) од Р. Турција, затоа што кај него биле пронајдени и одземени семки од канабис. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


На 12.07.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки (такси возило) управувано од Ќ.М.(57) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од О.М.(21), двајцата од Скопје. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а неговата малолетна сопатничка се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 12.07.2024 во 10.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(74), и електричен тротинет управуван од М.Ф.Ц.(20) од Камерун. Во несреќата возачот на електричниот тротинет се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 12.07.2024 во 20.05 часот во СВР Битола, било пријавено дека на пат за с.Брусник, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од С.С.(43) и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(61), двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

Денеска (13.07.2024) во 01.00 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на крстосница од ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Цане Кузманоски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“, управувано од Д.П.(34) од Прилеп и мотоцикл управуван од В.М.(18) од с.Беровци, прилепско, двете возила со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

На 12.07.2024 во 14.30 часот во Полициска станица Аеродром Ј.К.(20) од Скопје пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје била касната од куче скитник.

На 12.07.2024 во 21.55 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги привеле Д.Б.(38) и Ф.Ѓ.(32), двајцата од Велес. При прегледот кај Д.Б. била пронајдена и одземена марихуана, а Ф.Ѓ. не поседувал документ за идентификација. По документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.