Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 11.07.2024

На 10.07.2024 во 23.30 часот на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода В.И.(18) од СР. Германија, со престојувалиште во гостиварско Чајле и малолетник од Чајле, кај кои биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш. Тие се задржани во полициска станица и против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 10.07.2024 во 12.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица „Панче Попоски“ во Гостивар го лишиле од слобода Т.М.(43) од Гостивар, поради основано сомнение дека претходната ноќ извршил три кражби, во кои биле одземени половни делови од возила и алат. Кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе бидат вратени на сопствениците, а тој е задржан во полициска станица и по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 11.07.2024 во 01.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Ф.И.(30) од Радовиш. За него била издадена наредба за приведување од Основен суд Радовиш, со која се барал за издржување на затворска казна. Лицето било предадено во Казнено-поправна установа Затвор Струмица.

На 10.07.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок,

На 10.07.2024 во 18.35 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Х.(35) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 10.07.2024 во 21.15 часот во Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин Ќафасан го лишиле од слобода И.В.(34) од Р. Албанија, поради тоа што бил баран со распишана меѓународна потерница од Интерпол-Р.Грција. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Струга за понатамошна постапка.

На 10.07.2024 во 17.00 часот на регионалниот пат Гевгелија - с.Конско, на место викано „Катеринина чешма“, полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода В.К.(34) од Р.Албанија, поради тоа што при контрола во патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле затекнати Е.М.(45), И.М.(29), Џ.В.(26) и А.В.(24), сите од Р.Албанија, кои имале остварено илегален влез од Р.Грција во државата. И четирите лица биле приведени. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл...

Денеска (11.07.2024) во 00.38 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на крстосницата од ул.„Хасан Приштина“ и „Медат Цами“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“ со германски национални ознаки, управувано од Е.З.(37) од с.Беловиште, гостиварско и мотоцикл „хамачи“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од Е.Е.(18) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општата болница Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.

На 10.07.2024 во 20.30 часот во СВР Охрид било пријавено на ул.„Абас Емин“ во Охрид малолетничка, додека управувала мопед „педа“ со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 10.07.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул. „Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа во која товарно возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.П.(42) од село Костурино, струмичко, удрило во пешакот С.Т.(75) од село Моноспитово, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 10.07.2024 околу 21.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Вардарска“ во Велес, мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болница во Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 10.07.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Ј.Х.(57) од Гевгелија пријавил дека при ископ на песок во сепарација во близина на „Македонија пат“ - Гевгелија била пронајдена граната. Од страна на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување таа била безбедно подигната и утврдено е дека станува збор за артилериска граната 155 мм, која потекнува од Првата светска војна.

На 10.07.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Центар, Љ.С.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Ленинова“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 10.07.2024 во 20.45 часот во Полициско одделение Македонска Каменица, Т.И.(48) од Македонска Каменица пријавил дека на ул.„Индустриска“ во Македонска Каменица неговата внука била касната од куче скитник.

На 10.07.2024 во 16.20 часот во ОВР Кавадарци, Ц.Т. (35) од Кавадарци пријавила дека на улица „Илинденска“ во Кавадарци нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

 На 11.07.2024 во 10.25 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар и од Полициското одделение Чегране лишен е од слобода А.Н.(54) од с.Чајле. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени се марихуана и хашиш, спакувани за понатамошна продажба. По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 10.07.2024 во 11.00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.З.(29) од Кавадарци, по претходна пријава дека преку социјална мрежа упатувал закани на полициски службеник од ОВР Кавадарци. А.З. е приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.Ј.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ и Б.А.(25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. На 28.02.2024 едно лице пријавило дека неговата дебитна картичка, во повеќе наврати била употребена на онлајн платформата на правно лице. По претходно поднесено барање од ОЈО за утврдување на IP-адреси од каде бил креиран и логиран корисник, од правното лице било утврдено совпаѓање со депозитните трансакции од првопријавениот, а на 28.02.2024 на профилот на првопријавениот била прикачена фотографија од личната карта на второпријавениот.

На 10.07.2024 во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ристо Кавалиновски“ во Битола има лице повредено со огнено оружје. Од страна на увидна екипа од СВР Битола излезено е на местото на настанот при што констатирано е дека Т.С.(74) од Битола, додека ја чистел пушката, се повредил, по што е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Денеска (11.07.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, С.А.Б.(27) пријавила дека на 10.07.2024 околу 22.55 часот на подрачјето на Бит Пазар таа и нејзиниот братучед А.А.(21), двајцата од Скопје, биле физички нападнати од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против Б.М.(36) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 24.04.2024 пријавениот на ул.„Осоговска“ во Македонска Каменица, физички го нападнал С.С..

Денеска (11.07.2024) во 05.30 часот во СВР Скопје, С.Љ.(48) од Скопје пријавил дека околу 03.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од А.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.П.(43) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. На 30.05.2024 во семејната куќа, пријавениот физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга, нанесувајќи и телесни повреди.

На 10.07.2024 во 13.45 часот во СВР Скопје 33-годишна жена пријавила дека на 07.07.2024 околу 18.00 часот, во домот на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната од нејзиниот сопруг Џ.О.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.И.(34) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.05.2024 поради нарушени семејни односи, со закана со нож, пријавениот и упатувал сериозни закани на неговата вонбрачна сопруга.

На 10.07.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 09.07.2024 околу 23.40 часот во Дом за стари лица на подрачјето на Кисела Вода, Т.К.(47) од Скопје физички ги нападнала С.В.(52) од Скопје и Д.А.(48) од Тетово, и двете вработени во домот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(46) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 02.02.2024 во Куманово, на ул. „Никшиќка“, при извршен преглед над пријавениот, бил пронајден и одземен хероин и кокаин.

На 10.07.2024 околу 10.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Т.(50) од с.Љубанци, скопско, пријавил дека околу 07.00 часот на место викано Бозиште, скопско, неговиот син Д.Т. (18) со патничко возило излетал од шумски пат, по што починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

На 10.07.2024 во 14.30 часот во Полициска станица Кочани, Т.С.(21) пријавила дека на 21.06.2024 околу 22.00 часот во Кочани била физички нападната од А.А., двете од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.07.2024 во 22.50 часот во с.Дорфулија, општина Лозово, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода И.Ш.(58), поради тоа што околу 19.00 часот упатувал закани на С.Д.(37) и неговото семејство, сите од с.Дорфулија, општина Лозово, а истиот ден И.Ш.(58) пријавил дека бил физички нападнат од С.Д.(36) и Д.Д. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Н.С.(29) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 06.04.2024 при претрес во домот на пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана, која ја консумирал со Ј.А.

На 10.07.2024 во 21.50 часот во СВР Скопје, Ѓ.Ш.(66) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во паркот во Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.07.2024 околу 23.00 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево, пред с.Кривогаштани, Б.П.(43) од с.Кривогаштани, управувајќи патничко возило „ауди“, со велешки регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. Тој се здобил со повреди, по што бил пренесен во Градска болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Битола извршиле увид на местото на настанот.

На 10.07.2024 во 15.10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека М.Х.(28) од скопското село Палиград, на улицата „Раштански пат“ во Кичево, бил каснат од куче скитник.