СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.С.(33) од Скопје, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 07.06.2024 на ул.„Методија Андонов Ченто“, при извршен преглед над пријавениот, бил пронајден хероин.
Ноќеска (08.07.2024) во 03.00 часот на автопат Тетово-Гостивар, поточно на наплатна станица Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, при сообраќајна контрола, ја лишиле од слобода А.М.(21) од тетовско Желино, која управувала моторно возило. При преглед на возачките документи, таа доставила возачка дозвола за која постои основано сомневање дека е фалсификувана. А.М. е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.
На 07.07.2024 во 12.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Д.З. (37) од Куманово, затоа што физички го нападнал Б.Ј. (39), а подоцна, при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и дигитална вага. Ф.Д.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се 68 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, шест мерки за управување под дејство на алкохол, шест мерки за користење на мобилен телефон при управување, пет мерки за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли...
На 07.07.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(27) од с.Кучевиште, скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата М.П. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Б.П.(49) и еден малолетен сопатник, двајцата од с.Кучевиште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 07.07.2024 во 19.40 часот, кај местото „Прентов мост“ на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од М.А.(68) од Турција и мотоцикл „сузуки“ без регистарски таблички, управуван од П.Т.(23) од битолското село Горно Оризари. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид извршија јавен обвинител и полициски екипи. Возачот на автобусот е приведен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријави против М.А.(59), државјанин на Р.Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот на 01.07.2024 на Граничниот премин „Деве Баир“, при влез во државата, приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување за товарно возило со влекач, издадена од Р.Турција.
На 07.07.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на мaгистралниот пат Кичево-Гостивар, кај превој Стража, мотоцикл „кавасаки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.В.(43) од Скопје, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 07.07.2024 околу 18.30 часот во Полициската страница Валандово било пријавено дека на регионален пат 1401, делница помеѓу Валандово и село Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(62) од с.Колешино, струмичко, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(60) од Скопје и патничко возило „пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(59) од с.Злеово, радовишко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Д.(64) од с.Чифлик, пехчевско, а со телесни повреди се здобила Т.Ј.(40) од с.Злеово, радовишко, и двете сопатнички од возилото „пасат“, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.
На 07.07.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Е.Ѓ.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Нада Гешовска“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 07.07.2024 во 15.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопат А-1, во близина на клучка за село Миравци, настанал пожар на патничко возило во движење, „рено“ со српски национални ознаки, управувано од З.И.(47) од Србија. Повредени лица нема, а увид извршила екипа на ОВР Гевгелија.
На 07.07.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје Ц.С.(31) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од Б.А. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.07.2024 во 20.40 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода С.Е.(25) од Виница, поради тоа што физички ја нападнал неговата 21-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.07.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје, Ќ.М.(40) од Куманово пријавил дека во неговиот двор во с.Грушино, додека со багер рушел помошна просторија, пронашол една неексплодирана направа. При подигање на направата, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје, било констатирано дека станува збор работи за минофрлачка мина 88 мм.
На 07.07.2024 во 19.10 часот во СВР Скопје, Љ.Ј.(57) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот во с.Долно Лисиче, скопско, бил физички нападнат од неколку лица кои му го оштетиле и возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.07.2024 во 16.10 часот во СВР Скопје, А.Ј.(38) од Скопје пријавил дека на 06.07.2024 околу 17.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три лица, кои му го одзеле мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.07.2024 во 13.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.К.(38) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила Ј.А.(16), која ѝ била доделена на згрижување, а која во повеќе наврати се оддалечувала и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 07.07.2024 околу 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Б.(18) од Скопје, поради тоа што на 06.07.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, заедно со еден малолетник и уште едно лице физички нападнале друг малолетник, при што бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.А.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 16.03.2024, на паркинг простор во Струмица, полициски службеници ги забележале пријавениот и неговиот брат додека консумирале марихуана, која била набавена од пријавениот Р.А..
Денеска (08.07.2024) во 04.01 часот во СВР Скопје Н.Л.(40) од с.Бузалково, велешко, пријавил дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде работел како лекар, Ј.М. почнал агресивно да се однесува, а потоа му упатил и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(20) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 02.10.2023 во с.Одри, било паркирано патничко возило, кое го управувал 79-годишен тетовец, а совозач бил пријавениот, кој откако ги забележал полициските службеници, излегол од возилото и фрлил марихуана.
На 07.07.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, 23-годишна жена пријавилa дека на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Ф.(33) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.07.2024 година во 18.45 часот во Тетово, на патот за тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(49) и С.Л.(19) од тетовска Мала Речица, Г.Ц.(52) од Тетово и М.А.(28) и Ф.М.(44), двајцата од Република Косово, а во 19.40 часот во Клиничка болница Тетово и С.Р.(29) од Мала Речица, кои околу 18.30 часот пред маркет на улица „Брвенечка кривина“, по вербална расправија, започнале физичка пресметка во која користеле и тврди предмети. Според пријавеното, во текот на пресметката било оштетено и патничко возило „БМВ“ со косовски национални ознаки, управувано од 44-годишната Ф.М.. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против сите инволвирани лица ќе следува соодветен поднесок.
Вo текот на викендот (06/07.07.2024), во периодот од 22.00 до 04.00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што биле констатирани и санкционирани 3 прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-2), а возилата веднаш биле исклучени од сообраќај. За време на контролите биле констатирани и 18 други видови прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-11).