Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 11.06.2024

 На 10.06.2024 околу 16.00 часот во Велес, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода С.Т.(49), Л.Л.(37), Р.С.(32) и С.Л.(29), сите од Велес. При претрес во домот на С.Т. и Л.Л., извршен со судска наредба и во соработка со Единицата за службени кучиња, а во кој биле затекнати Р.С. и С.Л., кај С.Т. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и една дигитална вага, додека кај Л.Л. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја , таблети екстази, две дигитални ваги и пиштол „Екол“. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 10.06.2024 во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш. Тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото. Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 10.06.2024 во 19.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Ѓ.(29) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.06.2024 во 22.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.06.2024 во 10.00 часот на ул.„Петар Алчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.С.(42) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.06.2024 во 12.30 часот на ул.„Васил Ѓоргов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(40) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. За настанот бил известен јавен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.06.2024 во 23.00 часот на ул.„Димо Гавровски Кара“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Ф.Ј.(21) од тетовско Дебарце, која била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Таа била спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се девет мерки за некористење сигурносен појас, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

 

На 10.06.2024 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Србија“, Х.Б.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб од улично осветлување. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во „Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 10.06.2024 во 09.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Добривоје Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова’’ во Битола, мотоцикл со битолски регистарсски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во пешакот Б.Б.(81) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

 

На 10.06.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат од брана „Иловица“ кон село Иловица, струмичко, трактор без регистарски ознаки, управуван од малолетничка од село Иловица, удрил во пешакот Н.К.(26) од село Иловица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

 

На 10.06.2024 во 11.45 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на крстосницата од магистралниот пат Охрид - Кичево со ул.„Марксова“ во Кичево, патничко возило „хјундаи“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Б.Џ.(80) од с.Црвивци, кичевско, удрило во велосипед управуван од С.Д.(77) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Медицински центар Кичево. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

 

На 10.06.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Карпош, В.С.(31) од Скопје пријавила дека на ул.„Атинска“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 10.06.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Гази Баба, З.А.(28) од с.Синѓелиќ, скопско, пријавил дека во близина на автобуска постојка на подрачјето на с.Синѓелиќ бил каснат од куче скитник.

 

На 10.06.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Аеродром, Р.П.(45) од с.Долно Лисиче пријавил дека на ул.„10“ во с.Долно Лисиче, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Ј.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 17.12.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле ловечка пушка, две воздушни пушки и патрони за ловечка пушка со калибар 16мм.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, во својство на закупец, без решение за реконструкција издадено од надлежен државен орган, извршил бесправна реконструкција, доградба и надградба на кровна конструкција на објект на улицата .„Цар Самоил“ во Охрид кој се наоѓа во старото градско јадро на Охрид, прогласено за културно наследство од особено значење.

 

Отсекот за компјутерски криминал и Отсекот за општ криминал при СВР Куманово поднесоа две кривични пријави против Л.А.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „полов напад и силување“. Тој креирал профил на социјални мрежи под лажно име и објавувал експлицитни содржини од неговата поранешна сопруга. При преземањето мерки и извршената анализа на случајот било откриено дека тој извршил и обљуба врз неговата поранешна сопруга, по што бил пронајден и лишен од слобода.

 

На 10.06.2024 во 11.55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на пресекот од ул.„Железничка“ со ул. „Абас Емин“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Л.Р.(70) и мотоцикл „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(21), двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот Д.Ѓ. и неговата сопатничка В.С.(61) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.

 

На 10.06.2024 во 15.26 часот во СВР Тетово било пријавено дека на 07.06.2024 околу 21.30 часот на бил.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.И.(25) удрило во електричен тротинет управуван од малолетник, двајцата од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Клинички центар Тетово. По насоки на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.А.(50) од с. Неготино, гостиварско и Г.С.(30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.01.2024 во угостителски објект, полициски службеници извршиле контрола на пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Т.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 04.03.2023 на регионалниот пат с.Маврово - с.Никифорово, полициски службеници извршиле преглед на возилото на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и други предмети со остатоци од кокаин.

 

На 10.06.2024 во 22.08 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(38) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во с.Добрево, пробиштипско. Увид бил извршен.  

 

На 11.06.2024 во 00.48 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Р.(20) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во Пробиштип. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.А.(72) и З.Ј.(60), двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 12.05.2024 на место викано „Равни дол“ во Македонска Каменица, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што си нанеле тешки телесни повреди.

 

На 10.06.2024 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(62) и А.С.(30), двајцата од Скопје, од една страна и Б.И.(46) од с.Страхојадица, скоспко и А.И.(41) од Скопје од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.06.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје, 44 - годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир, неговата поранешна сопруга А.М. физички ги нападнала нивните два малолетни сина. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ц.(42) од Прилеп и правно лице од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“. Пријавените, со намера за себе да стекнат противправна имотна корист, вршеле неовластена продажба на производи со идентична заштитена трговска марка на правно лице од Република Турција.

На 10.06.2024 во 20.45 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината свекрва. С.М.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.06.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје, Ј.М.(21) од с.Никиштане, скопско, пријавил дека на работното место фо приватна фирма на подрачјето на Чаир во Скопје бил физички нападнат од неговиот колега Ф.В.(19) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.О.(64) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Пријавениот, во текот на 2016 на дел од катастарска парцела во државна сопственост, узурпирал земјиште поставувајќи дрвена ограда и без одобрение за градење изградил викенд куќа.

 

На 10.06.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, неговата поранешна вонбрачна партнерка ИД.(48) од Скопје физички го нападнала нивниот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.06.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје, И.Н.(49) од Скопје пријавил дека во 21.20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров физички бил нападнат од неговиот сосед С.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.Д.(77) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Пријавениот, во период од 15 години на катарска парцела во државна сопственост, изградил објект без да поседува одобрение за градба.

 

На 10.06.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Б.Ј.(17), која и порано се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Б.(66) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавената, во текот на 2023 година, изградила куќа со деловни и станбени простории на катастарска парцела без претходно обезбедено одобрение за градба,.  

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Р.(31) од Кралство Холандија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 05.06.2024 во с.Пештани, пријавениот оштетил медицинско возило и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. 

На 11.06.2024 во Полициската станица Кочани, С.Р.(50) од Кочани пријавила дека на ул,,Теодосија Паунов“ во Кочани била касната од куче скитник.