Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 09.06.2024

На 08.06.2024 во 20.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.06.2024 во 17.55 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.06.2024 во 21.35 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.06.2024 во 22.20 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.С.(22) од Кавадарци и М.Ч.(22) од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 08.06.2024 во 16.10 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(41) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 

На 08.06.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.А.(60) и моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.П.(32) двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 
На 08.06.2024 околу 12.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во близина на крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ во Скопје моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.С.(26) од Скопје удрил во пешакот А.И.(74) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала А.И., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Со телесни повреди се здобил моторциклистот констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
 
На 08.06.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во с.Тремник, неготинско, се случиласообраќајна несреќа помеѓу моторцикл управуван од М.Ш.(21) и моторцикл „хамачи“ со неготински регистарски ознаки управуван од А.Ш.(19) двајцата од с.Тремник. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата моторциклисти констатирани во ЈЗУ Неготино. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.
 
На 08.06.2024 во 07.50 часот во СВР Струмица, било пријавено дека на крстосницата од бул.,,Ленинова'', ул.,,Браќа Миладинови'' и ул.,,Цветан Димов“ во Струмица патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки управувано од З.К.(59) од Струмица удрило во инвалидска количка управувана од П.К.(86) од с.Добрејци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.К. констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица.
 
На 08.06.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат  Маврово-Дебар на место викано „Обесена вода“ кај с.Жировница патничко возило „алфа“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Р.Х.(63) од с.Неготино, полошко излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.И.(47) од Чегране, гостиварско, додека возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
 
На 08.06.2024 во 17.30 часот во Полициско одделение Шуто Оризари, Р.А.(34) од Скопје пријавил дека на ул.„Гвадалахара“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 08.06.2024 во 14.25 часот во Полициска станица Чаир, О.А.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Александар Ударевски“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

Денеска (09.06.2024) во 07.00 часот во СВР Скопје А.К.(52) од Скопје, пријавил дека околу 04.15 часот во казино во трговски центар на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
Денеска (09.06.2024) во 00.10 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.(39) од Скопје поради тоа што на 08.06.2024 година околу 22.00 часот во домот на подрачјето на Чаир физички ја нападнал неговата 40 годишна сопруга и и упатувал закани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  
 
На 08.06.2024 во 18.15 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ.Р.(63) од Скопје, по претходна пријава дека околу 16.50 часот физички ја нападнал Л.А.(24) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 08.06.2024  во 11.50 часот на подрачјето на Сарај, скопско полициски службеници од Полициското одделение Сарај ги привеле К.С.(32) од с.Ласкарци, скопско и Е.И.(33) од с.Буковиќ, скопско поради тоа што околу 11.30 часот по претходна расправија го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 08.06.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Драчево Х.О.(59) од с.Батинци,скопско пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син А.О.(22). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  
 
На 08.06.2024 во 12.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во куќа, која времено ја користел В.В.(65). Во пожарот куќата со гаражата биле целосно изгорени како и патничко возило „фиат темпра“. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

На 08.06.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје Р.Б.Ј.(20) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот на подрачјето на Гази Баба по претходна расправија бил физички нападнат од А.Г. кој потоа со остар предмет им се заканувал на него, Д.Ј. и И.Г.П., по што ги нападнал и со тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 08.06.2024 во 16.28 часот во Полициска станица Свети Николе, В.М.(62) од Велес пријавил дека во с.Црнилиште бил физички нападнат од едно лице кое му го одзело ранецот во кој имало пари и лични документи. По преземените мерки констатирано било дека се работи за Е.Ќ.(41) од Велес. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.


На 08/09.06.2024 во периодот од 22.00 до 03.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 11 прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-3), од кои 10 биле  од 0,50 до 1 % промили алкохол во крвта и еден до 1,5% промили алкохол во крв. При контролата, исто така биле констатирани и 13 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-4). Возачите кои биле под дејство на алкохол веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци.

На 08/09.06.2024 година од 21 до 03 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 16   возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-06, Кичево-02). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 08.06.2024 година во 16.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Велес лишен од слобода е Д.С.(43) од Велес бидејќи на место викано „Којник“ по претходна расправија на Б.А.(74) од Велес  со тврд предмет му нанел тешки телесни повреди констатирани во Општа Болница Велес. Д.С е задржан во полициска станица Велес, за настанот е известен Јавен обинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.06.2024 во 03.40 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.И.(36) од Струмица бидејки агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно расчистување на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.