На 07.06.2024 во 21.10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.З.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (08.06.2024) во 00.45 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.06.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Сарај, скопско Ф.А.(31) од истото село управувајќи трактор со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и се превртел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката Р.С.(19) констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 07.06.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Берово, било пријавено дека на Регионалниот пат Делчево-Берово, на место викано „Негреска чекална“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со делчевски регистарски ознаки управувано од К.Н.(42) од Делчево и трактор управуван од В.М.(55) од Пехчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.
На 07.06.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци, било пријавено дека на крстосница од ул.„Пионерска“ и ул.„22-ри Декември“ во Кавадарци моторцикл „априлиа“ со кавадаречки регистарски ознаки управуван од малолетник од Кавадарци излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.
Денеска (08.06.2024) во 01.58 часот во Полициската станица Гевгелија, било пријавено дека на крстосницата од ул.“Коле Неделковски“ и ул.„Љубљанска“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано од Б.Ј.(20) од Гевгелија и мотоцикл „педа“ со гевгелиски регистарски ознаки управуван од малолетник од с.Прдејци, гевгелиско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговиот малолетен сопатник констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.
На 07.06.2024 во 12.45 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле У.Х.(61) од Косово затоа што при извршена пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
На 07.06.2024 во 14.30 часот на место викано „Раскрсница“ атар на с.Јажинце, полициски службеници го привеле Б.Ч.(20) од Косово затоа што се обидел илегално да влезе во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Рогачево за понатамошна постапка.
На 07.06.2024 во 12.25 часот во Полициската станица Центар К.П.(22) од Битола пријавил дека на ул.„Кочо Рацин“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 07.06.2024 во 14.50 часот во Полициска станица Центар Б.П.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Мирослав Крлежа“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Денеска (08.06.2024) во 04.30 часот во СВР Скопје, Г.Т.(49) од Скопје пријавил дека околу 02.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од Љ.Г. и неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.06.2024 во 11.15 часот во СВР Скопје, 41 годишна жена пријавила дека на 06.07.2024 на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Р.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.06.2024 година Е.Р. (46) во ПО Шуто Оризари пријавил дека на 05.06.2024 година бил повикан во Полициското одделение од страна на полициски службеник по претходна пријава од неговата невенчана сопруга поради меѓусебна вербална расправија која се случила во населба Шуто Оризари, во која Е.Р. физички ја нападнал.
Откако пристигнал во Полициското одделение, според пријавеното, Е.Р. бил физички нападнат од полициски службеник. Известен е Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 07.06.2024 во 13.45 часот во СВР Скопје, М.С.(23) од Скопје пријавила дека на паркинг на подрачјето на Бит Пазар од залутано зрно од огнено оружје бил оштетен кровот од нејзиното патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.06.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Ј.А.(18) пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од С.Ф.(45) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.06.2024 година во 04.45 часот, во СВР Охрид задржана е А.Е.(28) од Руската Федерација. Лицето е задржано врз основа на член 147 од Законот за странци а во врска со непријавен престој во РСМ. Против неа, ќе биде поднесен соодветен поднесок.