Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 24.05.2024


Денеска (24.05.2024) во 00.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (24.05.2024) во 01.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (24.05.2024) во 02.50 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Л.(31) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (24.05.2024) во 00.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, во близина на угостителски објект полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.З.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.05.2024 во 23.50 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Х.Ф.(29) од Република Албанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (24.05.2024) во 04.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.05.2024 во 23.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ж.Ј.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.05.2024 во 22.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, во близина на угостителски објект полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.М.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.05.2024 во 20.15 часот во Парк шума Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ж.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.05.2024 година во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор управуван од Е.А.(76) од Охрид, а со престој во с.Мородвис. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.


На 23.05.2024 во 16.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје-Неготино, во атар на с.Башино село, патничко возило „мерцедес“ со национални регистарски ознаки на Р.Грција, управувано од Л.К.(43) од Гевгелија излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.И.(73) од Гевгелија, а со телесни повреди се здобиле Л.К. и уште еден сопатник Д.И.(79) од Гевгелија, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

На 23.05.2024 во 13.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од бул.„1-ви Мај“ и ул.„Широк сокак“, кај Саат кула во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(45) од с.Долно Оризари, битолско и товарно возило „ивеко“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Лопатица, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „ивеко“ А.М.(48) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 23.05.2024 во 21.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ кај крстосница со ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, малолетник од Кичево кој управувал мотор „хамачи“ паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

На 23.05.2024 во 09.45 часот во Полициската станица Центар, И.З.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Прилепска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 23.05.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, В.С.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 23.05.2024 во 10.45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, К.Ц.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Браќа Чакреви“ во Скопје била касната од куче скитник.


На 23.05.2024 во 22.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот во амбулантското одделение во Казнено поправната установа Затвор-Идризово Скопје, полициски службеник додека извршувал службени дејствија бил физички нападнат од З.П., осуденик во установата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.05.2024 во 21.20 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж од Скопје пријавил дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат со тврд предмет од својата сопруга М.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2024 во 23.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.А.(19) и Т.Б.(53) од една страна и Л.З., С.З. и З.З. од друга страна, сите од Скопје, а притоа употребени биле и тврд предмет како и стаклени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена пријавила дека на 22.05.2024 околу 15.30 часот во семејниот дом во скопско била физички нападната од својот вонбрачен партнер Љ.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.05.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена пријавила дека на 12.05.2024 околу 22.30 часот во семејниот дом во скопско, била физички нападната од својот сопруг М.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(66) од Скопје пријавил дека околу 12.00 часот во неговиот двор, на подрачјето на Гази Баба, по претходно нарушени меѓусоседски односи, бил физички нападнат од Е.М.(82) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.05.2024 во 11.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека А.М.(48) од Струга се здобил со повреди при извршување на работни задачи во јавно претпријатие од Струга. Тој бил пренесен во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга и известен бил трудов инспектор.

На 23.05.2024 во 14.25 часот во Полициската станица Аеродром, П.Ц.(37) од Кочани пријавила дека на ул.„1615“ во Скопје била касната од куче скитник.

Денеска (24.05.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје, Н.С.(18) од с.Арнакија, скопско, пријавил дека на 23.05.2024 околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во близина на с.Чајлане, 17-годишник од с. Бојане, скопско, кој бил со патничко возило „фоклсваген пасат“, а со кого претходно имале расправија, пукал кон Н.С. и неговото возило „сеат леон“. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Денеска (24.05.2024) во 02.30 часот во СВР Струмица, Д.Е.(46) од Струмица пријавил дека околу 01.20 часот во двор од викенд куќа во Струмица, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (24.05.2024) во 06.20 часот во Полициската станица Радовиш, Д.Г.(38) од Радовиш пријавил дека околу 05.40 часот во казино во Радовиш, бил физички нападнат од Л.З. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Радовиш 44-годишна жена пријавила дека на 22.05.2024 околу 21.00 часот во семејниот дом во Радовиш, била физички нападната од својот вонбрачен партнер С.Џ.(36) од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2024 во 16.45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во с.Калково, валандовско, настанал пожар во куќа–карабина, сопственост на А.Т.(56). Повредени лица нема. Од страна на Територијалната противпожарна единица Валандово пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.

На 23.05.2024 во 12.55 часот во СВР Струмица А.М.(39) од Струмица пријавил дека околу 10.00 часот во Струмица, по претходна вербална расправија бил физички нападнат од А.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2024 во 12.00 часот во објект на противпожарната единица, лоциран во старата касарна во Битола, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно се подигнати 303 пушки од периодот на балканските војни и 30 куршуми.

На 24.05.2024 во 03.30 часот во ОВР Прилеп А.С.(19) од Прилеп пријавил дека заедно со уште едно лице со возило се упатиле кон Могилата на непобедените во Прилеп, при што забележале дека возило „пасат" постојано се движи зад нив. Кога пријавителот ја паркирал колата во паркот, од возилото „пасат“ излегле три лица и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 24.05.2024 во 06.35 часот на кеј „Македонија“ во Охрид лишен од слобода е К.Р.Х. (34) од Австралија, кој се сомничи дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“ извршена во угостителски објект во Охрид. Против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.05.2024 во ОВР Кавадарци биле повикани М.Д.(47), Р.Д.(48) и М.Д.(28) сите од село Пепелиште, неготинско, и со нив е извршен службен разговор, по претходна пријава од М.П. (44) од Кавадарци, дека на место викано „Пунктот“ на Тиквешко езеро, додека извршувала службени задачи како рибочувар, била физички нападната од М.Д., Р.Д. и М.Д.. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.05.2024 во 13.00 часот во ОВР Гостивар Ј.Н.(72) од Гостивар пријавила дека околу 12 часот на улица „Душко Поповиќ“ во Гостивар била касната од куче скитник.

На 23.05.2024 во Полициско одделение Групчин е пријавено дека по завршување на изборниот процес при прегласувањето во тетовско Ларце на 22.05.2024, при прославата било пукано со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.