Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 23.05.2024

 На 22.05.2024 во 21.20 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода А.М.(29) од Куманово. При претрес во домот во Охрид кој привремено го користел, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грендер и дигитална вага. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.05.2024 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека од две возила во Куманово одзел предмети. Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 22.05.2024 во 16.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.К.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од прашкаста материја. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (23.05.2024) во 03.25 часот во угостителски објект во Градски парк Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(18) од Скопје и еден малолетник од с.Петровец, скопско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.05.2024 во 13.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ф.(34), затоа што кај него била проонајдена и одземена кафеава грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.05.2024 во 10.48 часот во СВР Битола, вработен во градежна фирма пријавил дека при вршење на ископ во Старата касарна во Битола пронашле поголем број на стари пушки. Увид извршила екипа од СВР Битола, а на 22.05.2024 пушките биле подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој констатирал дека станува збор за 110 стари нефункционални пушки со потекло од Првата светска војна.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 106 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет санкции за некористење на сигурносен појас...

Денеска (23.05.2024) во 01.05 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Ацо Аџи-Илов“ во Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа“, управувано од Т.К.(34) од Неготино и мопед „априлија“, управуван од малолетник од Неготино, двете со неготински регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршил увидна екипа од ОВР Неготино.

На 22.05.2024 во СВР Штип било пријавено дека во 11.00 часот на ул.„Македонија“ во Злетово, патничко возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(69), удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, сопственост на М.П. и во паркиран трактор „имт“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на К.Г., сите од Злетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Т.М., констатирани во Здравствен дом Злетово. По овластување на јавен обвинител, бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

На 22.05.2024 во 18.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес - Езеро „Младост“, во близина на крстосницата кај с.Башино село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа мито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(23) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.М.(31) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.М., додека другиот возач И.А. и неговата сопатничка М.Б.(25) од с.Водоврати, општина Градско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Денеска (23.05.2024) во 08.30 часот во Полициската станица Аеродром, Г.Ј.(42) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 22.05.2024 во 13.10 часот во Полициската станица Центар, Н.Н.(38) од Скопје пријавил дека на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 22.05.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Р.М.(53) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(54) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој се сомничи дека на 04.05.2024 со запалива течност предизвикал пожар во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против У.Ф.(63) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „демнење“. Тој извесно време следел женско лице од Дебар, а на 07.05.2024 од работната канцеларија ѝ го одзел мобилниот телефон.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.Г.(41) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување употреба на наркотични дроги“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во патничко возило „опел астра“ на регионален пат Охрид-Струга, во кој пријавениот бил со лице од Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од кокаин и хероин.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Х.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 25.04.2024 на улицата „Влашки пат“ во Кичево, тој агресивно се однесувал кон малолетник и му упатувал закани.

Вчера (22.05.2024) од 08.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 22 возачи (ТЕ-11 и ГВ-11) за пречекорување на пропишаната брзина надвор од населено место. Санкционирани се и 28 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-11). На возачите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци.

Денеска (23.05.2024) во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле З.Т.(22) од Скопје, затоа што на подрачјето на Центар го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.05.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа во с.Арачиново, скопско, поради нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ј.(28) и Б.Ј.(32), двајцата од с.Арачиново. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.05.2024 во 19.40 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат М.Т.(65) од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, при што е утврдено дека причина за смртта бил струен удар.

На 22.05.2024 во 09.30 часот во СВР Велес, Т.С.(62) од Велес пријавил дека на улица „Христо Татарчев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во период од септември 2023 година досега, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти дека ќе им обезбеди виза за странска земја измамил три лица и за тоа зел по 1.000 евра од лице. Имено, пријавениот ги измамил лицата дека преку социјална мрежа од агенција ќе добијат термин за виза, но тоа не се случило.