Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 21.05.2024

 

Денеска (21.05.2024) во 01.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Н.(49) од с.Бунарџик, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.05.2024 во 22.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ.(18) од Гевгелија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.05.2024 во 00.10 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода К.В.М.(66) од Република Турција, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за возилото кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 20.05.2024 во 15.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода М.А.(33) од Шведска, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека е барaн од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Чаир за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас...

На 20.05.2024 во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(32) од с.Колибари, кичевско, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот А.Б., а сопатникот Л.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

На 20.05.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Б.М.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 20.05.2024 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(39) од Скопје, удрил во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од В.Л.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во приватна болница. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 20.05.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.П.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 20.05.2024 во 18.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река Вардар во тетовско Желино, товарно возило „волво“ со српски национални ознаки, управувано од Ж.Ј.(65) од Република Србија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

На 20.05.2024 во 14.20 часот во Полициската станица Аеродром, В.К.(60) од Скопје пријавил дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 20.05.204 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, О.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Денеска (21.05.2024) во 06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1, делница Велес – Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.К (31) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. За настанот е известен јавен обвинител и по негово овластување, полициски службеници од СВР Велес извршија увид на местото.

На 21.05.2024 во 01.15 часот во с.Наколец, ресенско, полициски службеници од Полициската станица Маркова Нога го привеле Б.С.(34) од с.Наколец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.М.(25) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02.05.2024 кај месноста „Манастирец“, тој агресивно се однесувал кон неговата поранешна девојка и ѝ упатил закани.

На 20.05.2024 во ОВР Кочани, 75 – годишна жена од Кочани пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја довело во заблуда дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија и згазил лице – мигрант, а доколку сака да му помогне, треба да даде 60.000 евра. Како што е пријавено, подоцна пред нејзината куќа дошло едно лице на кое му дала 251.400 денари. За настанот е запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(60) од Тетово, вработена во Клиничка болница Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“. Во текот на 2022 година, пријавената изготвила лажна документација и без да склучи купопродажен договор со З.А., продала недвижен имот сопственост на РСМ, кој претставувал бесправно изграден објект.

На 20.05.2024 во 13.45 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.И.(38) од с.Свиларе, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Карпош во Скопје. Увид бил извршен.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(49) и С.Б.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.11.2023, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило и претрес во домот на првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и хероин, додека при преглед кај второпријавената била пронајдена и одземена марихуана.

На 20.05.2024 во 23.30 часот во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода М.Ј.(33) од с.Крушеани, З.К.(35) од с.Кривогаштани, М.М.(55) од Прилеп и С.Л.(56) од Прилеп. Тие се сомничат дека претходно во угостителски објект во с.Кривогаштани, сопственост на Б.Ѓ.(27) од с.Годивље, оштетиле дел од инвентарот, а подоцна запреле патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ, со употреба на сила му го одзеле, го однеле на ул.„Илинденска“ и го запалиле. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани, а повредени лица нема. Во врска со настанот, на 21.05.2024 во 03.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на 20.05.2024 околу 23.30 часот М.М. и З.К. агресивно се однесувале кон командир на Полициското одделение Кривогаштани и му упатувале закани, додека тој извршувал службени дејства. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.М.(24) од Куманово, А.Ц.(28) од општина Дебарца и А.П.(24) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 17.02.2024 на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, по претходна расправија, пријавените физички ги нападнале М.Н. и М.К..

На 20.05.2024 во 17.35 часот во СВР Скопје, Д.Ц.Т. од Скопје пријавила дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, нејзиниот сопруг М.Т.(50) бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против четири малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 24.12.2023 во Тетово, пријавените физички нападнале малолетник и му нанеле повреди.

На 20.05.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.00 часот на автобуската постојка на подрачјето на Центар во Скопје, неколку лица физички нападнале четири малолетници и им одзеле повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.05.2024 во 14.20 часот во СВР Тетово, Ш.И.(41) од Тетово пријавил дека на улица „ЈНА“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.(27) и А.С.(25), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.04.2024 кај Градскиот пазар во Куманово, пријавените физички ја нападнале С.З..

На 20.05.2024 во 09.30 часот во СВР Скопје, Д.Т.(49) од Скопје пријавил дека на 18.05.2024 околу 15.30 часот на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.05.2024 во 16.50 часот во СВР Скопје, Д.Ч.(29) од Скопје пријавил дека на ул.„Народен Фронт“ бил каснат од куче скитник.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад брз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 22.11.2023 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

На 20.05.2024 во 09.00 часот во СВР Скопје, С.С.(52) од с.Катланово, скопско, пријавила дека во автобус, на подрачјето на Петровец, по претходно меѓусебно недоразбирање, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од И.Е. од истото село.

На 20.05.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје, Ѓ.Ѓ.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Кеј 13 Ноември“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ј.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад брз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 02.07.2023 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеници при извршување службени дејствија, при што употребил и тврд предмет и им нанел телесни повреди.

На 20.05.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје, М.С.К.(52) од Скопје пријавила дека на 17.05.2024 во основно училиште на подрачјето на Чаир во Скопје, нејзиниот малолетен бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.05.2024 во 09.50 часот во Полициска станица Карпош, Ф.Д.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Трнодол“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Денеска (21.05.2024) во 02.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал осуденикот И.А.(65) од Тетово, кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а кој претходно бил донесен со влошена здравствена состојба. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(65) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 10.04.2024, при извршена контрола на регионалниот пат Тетово – Пирок, полициски службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен превоз без да поседува соодветна лиценца.

На 20.05.2024 во 11.45 часот во Полициска станица Гази Баба во Скопје, Г.С.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„Архимедова“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 20.05.2024 околу 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во реката Вардар, на подрачјето на Центар, било забележано тело на машко лице. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.К.(24) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 23.01.2024, пријавениот го попречувал патот на полициските службеници кои се обидувале да запрат друго патничко возило.

На 20.05.2024 во 14.00 часот во Полициска станица Карпош во Скопје, М.Т.(27) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Тесла“ во Скопје била касната од куче скитник.