На 13.05.2024 во 20.40 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Л.(43) и К.Б.(35), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.05.2024 во 20.50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Ш.(22) од Струмица, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.05.2024 во 11.00 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода М.И (45) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава грутчеста материја. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.05.2024 во 23.35 часот во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип ги привеле В.Е.(26) и О.М.К.(25), двајцата од Република Турција со привремен престој во Штип. При преглед во патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал В.Е., а сопатник бил О.М.К., била пронајдена и одземена дробилка во која имало марихуана. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе следува соодветен поднесок.
На 13.05.2024 во 22.20 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во тетовско Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода С.К.(24) од тетовски Порој, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 13.05.2024 на ул.„Дабничка” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги привеле А.С.(25) и А.А.(19), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.05.2024 во 13.06 часот во Полициската канцеларија Демир Капија, И.М.(31) од Демир Капија пријавил дека во дворот од семејната куќа на ул.„Наум Наумов“ пронашол експлозивна направа. Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Гевгелија безбедно ја подигнал направата и констатирал дека станува збор за рачна граната која потекнува од Првата светска војна.
На 13.05.2024 околу 09.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ затекнале пет лица од Кина (три женски и две машки) при обид илегално да ја преминат држвната граница од Република Северна Македонија кон Република Грција. На 12.05.2024 тие влегле во Република Србија преку аеродромот во Белград, по што на 13.05.2024 оствариле илегален влез во држвата. Регионалниот центар за гранични работи Југ – Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија до Основен суд Гевгелија поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, по што од Судија за прекршоци изречена им е глоба и прекршочна санкција - протерување на странец од РСМ со забрана за влез во траење од една година.
Во текот на вчерашниот ден (13.05.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.
На 13.05.2024 во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“, управувано од Ј.И.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“, управувано од А.В.(30) од с.Никиштане, скопско, двете со скопски регистарски ознаки, при што била удрена и Ф.К.(65) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а со телесни повреди се здобил сопатник од возилото „фолксваген поло“, А.В.(19) од с.Никиштане, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 13.05.2024 во 19.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип, патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(63) од Штип, удрило во малолетен пешак од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 13.05.2024 во 11.20 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.П.(40) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 13.05.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.М.(57) од Скопје, пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 13.05.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.А.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 13.05.2024 во СВР Тетово бил извршен службен разговор со А.К.(37) од Тетово. Имено, на 09.05.2024 во 12.00 часот таа лажно пријавила дека околу 08.20 часот на паркинг простор од казиното каде што работела, едно лице со закана ѝ ги одзело парите од дневниот промет во казиното, а во текот на вчерашниот ден сама се пријавила во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.
На 13.05.2024 во 10.50 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен Б.Ц.(57) од с.Челопек, тетовско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма на подрачјето на Гази Баба во Скопје. Увид бил извршен.
На 13.05.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на подрачјето на Карпош во Скопје со повреди се здобил З.П.(64) од Скопје. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид бил извршен.
На 13.05.2024 од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 25 возачи. Од нив 15 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-8 и ГВ-7), а 10 (TE) пречекорувања на пропишаната брзина се регистрирани во населено место. Санкционирани се и 20 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-3). На возачите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.
На 13.05.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле санкционирани 26 прекршоци, од кои 15 надвор од населено место и 11 во населено место. Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци.
Денеска (14.05.2025) во 02.50 часот во СВР Скопје, И.М.(21) од с.Ржаничино, скопско, пријавил дека во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, меѓу кои биле и М.Ш. од с.Сарај, скопско, А.Н. и Ѓ.К., двајцата од Скопје. Исто така, во 03.00 часот, П.Т.(20) од с.Ржаничино пријавил дека околу 02.30 часот во истиот угостителски објект, тој и Х.Т.(19) биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и стаклени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.05.2024 во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.К.(48) и Љ.Д.(49), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Д.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.12.2023 во угостителски објект во Берово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле амфетамин, кој го давал на користење на други лица.
На 13.05.2024 во 18.35 часот во СВР Скопје, В.К.(26) од Скопје пријавил дека околу 11.10 часот на работното место во угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода едно лице го удрило со стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.Н.(36) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.11.2023 бил извршен преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 13.05.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(70) од Скопје пријавил дека на 12.05.2024 околу 10.47 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од М.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Гостивар, С.Л.(52) од Гостивар пријавил дека на улица „Боге Велјаноски“ бил каснат од куче скитник.
На 13.05.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник М.А.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(28) и Б.С.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 19.09.2023, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале Г.С.(41) од Тетово, по што второпријавениот со нож му нанел убодна рана.
На 13.05.2024 во 20.00 часот во Полициското одделение Петровец, Љ.Џ.(51) од с.Мралино, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка В.Г.(20). Според пријавеното, таа е најверојатно во Гостивар, кај нејзиното поранешно момче. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(25), В.К.(22), Н.С.(21) и С.Б.(23), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Пријавената В.К. договорила средба со Д.Ч.(30) на Водно, кој откако пристигнал бил пресретнат од првопријавениот А.С., кој со огнено оружје му упатил закани, по што трето и четвртопријавениот физички го нападнале и му нанеле повреди.
На 13.05.2024 околу 07.30 часот во ОВР Гостивар, С.П.(48) од Гостивар пријавила дека на улица „Тоде Богданоски“ во Гостивар била нападната од куче скитник, по што при обид да побегне, паднала и се здобила со повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против И.Г.(32) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот, во последните шест месеци следел и на друг начин психички малтретирал девојка со која претходно бил во љубовна врска.
На 13.05.2024 во 20.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, од Центарот за помош на лица во с.Волково било пријавено дека од установата се оддалечил Ј.С.(59), кој имал здравствени проблеми и бил сместен во Центарот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.11.2023 на ул. „Чаирска“, пријавениот физички го нападнал Р.А.(28) од Скопје.
На 13.05.2024 во ОВР Демир Хисар, И.Ј.(43) од с.Суводол, демирхисарско, пријавил дека во с.Кутретино, демирхисарско, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Д.К.(26) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 21.04.2024, пријавениот со тврд предмет го нападнал неговиот татко и му нанел повреди.