Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 13.05.2024

На 12.05.2024 во 23.50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ф.Б.(27) од Гостивар. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (10/11/12.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 101 санкции, 11 мерки за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за возење без возачка дозвола, изречени 16 мерки за прекршоци кои ги прават пешаците, како и 17 мерки за непрописно паркирани возила...

Вчера (12.05.2024) од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 112 возачи. Од нив, 73 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-23 и ГВ-50), од кои 3 возачи (ТЕ-1 и ГВ-2) пречекориле за над 70 километри на час, а 15 возачи (ТЕ-5 и ГВ-10) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При контролата, исто така, санкционирани се и 39 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-19 и ГВ-20), а санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-5). На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.05.2024) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 76 мерки, од кои 10 за возење без возачка дозвола, 25 санкции за непочитување на брзината на движење, осум за управување под дејство на алкохол, 5 мерки за користење на мобилен телефон...

На 12.05.2024 во 17.15 часот во СВР Велес, М.П.(46) од Велес пријавила дека на улица „Никола Карев“ во Велес, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 12.05.2024 во 11.50 часот во Полициското одделение Галате, Т.С.(75) од гостиварско Калиште пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

На 12.05.2024 во 12.40 часот во Полициското одделение Галате, Ф.С.(47) од гостиварско Калиште пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(57) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265 од Кривичниот законик. На 19.01.2024 во Битола, полициски службеници од Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство, во координација со полициски службеници од СВР Битола извршиле преглед на пријавениот и во патничкото возило кое го управувал, при што биле пронајдени и одземени две монети кои во периодот од октомври 2023 година до јануари 2024 година ги набавил на нелегален начин и без дозвола од надлежен орган. По наредба од Основното јавно обвинителство Битола монетите биле доставени до овластен вештак од областа на нумизматиката, кој изготвил извештај за извршена идентификација на нумизматички материјал и утврдено е дека монетите се од различен период, веројатно потекнуваат од различни локалитети и дека претставуваат културно наследство утврдено во Националната класификација на движно културно наследство и подлежат под заштита со Законот за заштита на културното наследство и Кривичниот законик на РСМ.

 

На 12.05.2024 во 11.15 часот во Полициската станица Виница, вработена во бензинска пумпа Виница пријавила дека околу 10.00 часот на бензинската пумпа Ѓ.Ѓ.(63) од с.Бигла, делчевско, ѝ платил со сомнителна банкнота од 50 евра. Истиот ден, по преземени мерки и активности, а по добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ѓ.Ѓ., при што била пронајдена една сомнителна банкнота од 50 евра. Во координација со надлежен јавен обвинител двете банкноти биле одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „изнуда“. На 13.10.2023 пријавениот, заедно со уште едно лице, со употреба на сила го внеле В.М. во патничко возило, при што му одзеле накит и 2.500 евра, а потоа го присилиле да земе мобилен телефон од мобилен оператор на свое име и да му го даде на пријавениот.

 

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ф.Г., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 19.07.2023, бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми кои неовластено ги поседувал.

 

Во текот на вчерашниот ден (12.05.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 553 возачи. Од нив, 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 251 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 327 надвор од населено место.

 

На 12.05.2024 во 15.45 часот во СВР Тетово, С.У. пријавил дека на патот од локалитетот Лешница кон Попова Шапка неговите пријатели со четирицикл паднале во провалија и не одговарале на неговите повици. Полициски служби излегле на местото и во близина на бачилото ги затекнале С.У. и повредените Ф.Ф.(24) и С.С.(23) од Тетово и ги однеле до Попова Шапка, од каде со амбулантно возило биле пренесени во Клиничка болница Тетово, каде што им биле констатирани телесни повреди.

 

На 12.05.2024 од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници, затекнале и санкционирале 76 возачи, кои во и надвор од населени места управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-15, Струга- 42, Кичево- 12, Дебар- 07).

 

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 52 возачи. Од нив, 34 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 4 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирани возила.

 

На 12.05.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле санкционирани 51 прекршок, од кои 33 надвор од населено место и 18 во населено место.

Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци.

 

Денеска (13.05.2024) во 00.20 часот во СВР Скопје, А.М.(41) од Скопје пријавил дека на 12.05.2024 околу 23.50 часот, пред казино на подрачјето на Центар каде работел, бил физички нападнат од три лица, кои претходно имале забрана за влез во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.05.2024 во 23.10 часот во СВР Скопје, Р.П.(23) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.05.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Драчево, А.К.(31) бил физички нападнат од С.Б.(42) и Д.Д.(39), сите од Скопје, при што биле употребени стаклени и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 12.05.2024 во 13.45 часот, Ф.М.(50) од Кичево во полициска станица пријавилa дека на улица „Солунска“ во Кичево била касната од куче скитник.

 

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Р.Б.(72) и А.Х.(40) од Тетово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 во врска со кривичното дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот Д.Б., во својство на вршител на должноста директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, на 22.02.2023 објавил повик за заинтересираност за закуп на деловен простор за потребите на Фондот во два дневни весници, на кој во својство на потенцијални закуподавци се јавиле М.С. и Ј.Б. од Тетово, како сопственици на недвижен имот. Второпријавениот Р.Б. (татко на Д.Б.), ги контактирал М.С. и Ј.Б., кои имале дадено оглас за продажба на недвижен имот во Тетово, при што се договориле да ја продадат куќата за сума од 260.000 евра, но најпрвин да потпишат документација за давање под закуп на недвижниот имот со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а потоа да склучат и преддоговор за купопродажба на имотот. Имено, на 02.03.2023 помеѓу Фондот, застапуван од пријавениот Д.Б., од една страна и М.С. и Ј.Б., од друга страна, бил склучен договор за закуп на недвижен имот со износ на закупнина од 1.890 евра месечно за времетрање на договорот од 20 години или во вкупен износ од 453.600 евра. Истиот ден бил склучен и преддоговор за купопродажба на недвижниот имот меѓу М.С. и Ј.Б. и третопријавената А.Х. (сестра на Д.Б.). Потоа, М.С. како закуподавец, паричните средства кои што Фондот месечно ѝ ги исплаќал за закуп, ги вадела од нејзината сметка и во готовина на рака му ги давала на второпријавениот Р.Б., бидејќи согласно преддоговорот за продажба и нивниот меѓусебен договор, имотот бил продаден на неговата ќерка. Исто така, од страна на првопријавениот Д.Б., знаејќи дека ќе има потреба од реконструкција и адаптација на горенаведениот имот, на 30.01.2023 била донесена одлука за јавна набавка, по што била спроведена постапка за јавна набавка за тековно одржување во централа, филијали, деловници, пензионерски домови. На 17.03.2023, Фондот со економскиот оператор од Тетово склучил договор за јавна набавка, додека на 31.07.2023 бил потпишан и анекс договор, врз основа на кој биле исплатени вкупно 9.915.238 денари со вклучен ДДВ. Со ваквите дејствија, пријавениот Д.Б., заедно со пријавените Р.Б. и А.Х., ги повредил прописите за постапката за јавен повик и со нивниот меѓусебен договор ја изиграле постапката, па така неговата сестра, пријавената А.Х., стекнала право на сопственост на недвижниот имот, кој што е предмет на закуп од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со што пријавените нанеле штета на Фондот во вредност од 37.852.275 денари или 614.484 евра од Буџетот на РСМ.