На 11.05.2024 во 15.50 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ј.(22) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.05.2024 во 13.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Паровиќ“ и ул.„Џон Кенеди“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А. од Скопје, удрило во Н.Х.(65) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Х., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 11.05.2024 во 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од бул. „Балканска“ и ул. “Крушевска република“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од А.Ѓ.(47) и патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Р.(72), двајцата од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ѓ., констатирани во Општата болница Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 89 мерки, меѓу кои 36 санкции за непрописно паркирање, осум мерки за управување на возило без возачка дозвола, осум санкции за управување возило под дејство на алкохол, 18 мерки за непочитување на брзината на движење, по две санкции за некористење сигурносен појас и користење на мобилен телефон при возење...
На 11.05.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„200“ во Гостивар малолетник од Гостивар додека управувал велосипед паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 12.05.2024 во 00.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Р-1102 езеро Младост – Велес, пред крстосницата за село Отовица, велешко, Ѓ.С.(35) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 11.05.2024 во 18.30 часот полициски службеници од СВР-Тетово на улица ,,111" во Тетово, врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна, за сторено кривично дело ,,измама", го привеле Е.В.(45) од тетовска Мала Речица. Тој бил спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.
На 11.05.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Центар М.И.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„50-та Дивизија“ бил каснат од куче скитник.
Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Б.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела тешка кражба на дрзок начин. Имено, кривичните дела А.Б. ги извршил во јануари и мај оваа година на подрачјето на Центар одземајќи мобилни телефони, а еден од одземените предмети со потврда бил вратен на оштетената. Од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена.
Денеска (12.05.2024) во 00.45 часот на подрачјето на Центар, во близина на угостителски објект, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Е.О.(21) од Р.Турција поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.05.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје А.Б.(39) од Скопје пријавил дека на 30.04.2024 околу 13.00 часот на подрачјето на Карпош едно лице со употреба на сила и го одзело мобилниот телефон на неговата малолетна ќерка и по кратко време го фрлило кон неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.05.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред здравствена установа на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.И.(26) од Скопје и Т.Ц.(46) од с.Стајковци-скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.05.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје С.М.(35) пријавил дека на 09.05.2024 околу 13.10 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговиот сосед О.Г.(37), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.05.2024 во 09.45 часот во СВР Скопје Д.С.(39) од Скопје пријавил дека на 10.05.2024 околу 11.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, во близина на основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, соученик во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.05.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу соседите З.С.(51) и Д.Ѓ.(74), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.05.2024 во 11.10 часот во СВР Скопје Т.Г.(50) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од А.Ш.(50) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.05.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје 45-годишен маж од скопско, пријавил дека околу 01.55 преку социјална мрежа едно лице му испратило видео материјал во кој се гледало како неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички. Според пријавеното, во октомври минатата година на подрачјето на Центар, во близина на средно училиште каде учела, двете малолетнички кои учеле во тоа училиште, физички ја нападнале, додека други две малолетнички кои исто така учеле во училиштето, настанот го снимиле со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денес (12.05.2024) во 03.36 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на паркинг на подрачјето на Кисела Вода, настанал пожар во патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј.(33) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а паркирано од В.П.Г.(57). Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.05.2024 во 23.50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(24) од Скопје поради тоа што бил баран со потерница по судска наредба за доиздржување на казна затвор за сторени кривични дела по чл.236 од КЗ на РСМ, а при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Околу 23.30 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници го забележале Д.Д. во патничко возило „алфа ромео“ во кое имало уште две лица. Тој на даден знак не застанал туку продолжил и кога стигнал во населбата Горно Лисиче, удрил со возилото во бандера. Во возилото биле затекнати и приведени А.А.(23) и уште една 17 годишна малолетничка, која е предадена на родител. Д.Д. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, а ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци.
На 11.05.2024 во 19.20 часот во СВР Велес бил извршен службен разговор со 63-годишна велешанка С.М., по претходна пријава од вработена во продажен објект во Велес дека била забележана дека ставила во ташна производи без да ги плати и на излегување од објектот била задржана од вработените. Предметите биле одземени и вратени на сопственикот. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда- Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп лоцирана на ул.„Димо Наредникот" во Прилеп при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 11/12.05.2024 од 23 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид и Струга, полициските службеници затекнале 06 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга-02). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.