На 22.04.2024 во 19.30 часот во Ново Село полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Д.К.(42) и К.Ѓ.(29), двајцата од село Колешино, струмичко. При преглед на патничко возило „бмв“, во кое биле затекнати двете лица, била пронајдена марихуана, а марихуана била пронајдена и при преглед на Д.К.. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.04.2024 во 17.30 часот во Ново Село полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.С.(33) од село Ново Село, струмичко. При преглед на лицето била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против В.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.04.2024 во 12.00 часот во село Бориево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица, постапувајќи по наредба на Основен суд Струмица, извршиле претрес во домот на К.И.(23) од село Бориево, при што била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23.04.2024 во 02.20 часот на улица „8-ми Септември“ во Велес полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.Ж.(40) и 30- годишната С.А., двајцата од Штип, затоа што при преглед кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста и бела грутчеста материја. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.04.2024 во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 22.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(40) од с.Лозово, велешко, удрило во пешакот И.С.(47) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 22.04.2024 во 19.40 часот во ОВР Берово било пријавено дека на ул.„Равен“ во Пехчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фокус“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(23) од Пехчево и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблици, управуван од Г.А.(31) од с.Чифлик, пехчевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.
На 22.04.2024 во 18.10 часот на подрачјето на Стар Дојран на место викано „Солунски пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран ги привеле Е.Д.(41) и Д.Д.(33), двајцата од Република Албанија, поради тоа што нелегално ја преминале државната граница од Република Грција кон Република Северна Македонија. Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка.
На 22.04.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром З.З.(60) од Скопје, пријавил дека на ул.„Бојмија“ во Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 22.04.2024 во 16 часот во Тетово на улица ,,107“ полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба, го привеле В.Л.(20) од Тетово, кој бил баран за издржување на затворска казна. Тој е предаден во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.
На 22.04.2024 во 16:40 часот во Тетово на улица ,,ЈНА“ полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле Е.А.(22) од тетовска Мала Речица, кој бил баран за издржување на затворска казна во врска со сторено кривично дело ,,недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичен законик на РСМ. Тој е предаден во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.
На 22.04.2024 во 12.40 часот во основно училиште на подрачјето на населба Влае во Скопје, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавна установа за згрижување на деца) поради тоа што околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал негови соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (23.04.2024) во 02.20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Д.Ј.(36) од Скопје, по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.04.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје, М.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 17.50 часот во с.Арачиново-скопско, по претходно нарушени семејни односи, бил физички нападнат од Н.Р.(56) и Б.Р.(28), двајцата од истото село, кои употребиле и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.04.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, 48- годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер М.М.(49) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.А.(60) и М.Ч.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.04.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Ч.С.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 22.04.2024 во 13.45 часот на патот од с.Слупчане кон с.Руница, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце сопреле патничко возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(41) од Куманово, и при извршен преглед во возилото констатирано било дека истиот врши превоз на огревно дрво–бука без соодветна документација. Тој заедно со возилото биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Р.(41) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.03.2024 во локал за видео игри во с.Врапчиште, пријавениот со тврд предмет физички го нападнал Ф.С.(20) и му нанел повреди.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“. Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ж.(45) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и П.П.(22) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 27.10.2023 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, при што кај П.Ј. и М.Т., пронашле и одзеле марихуана која била наменета да ја користат со второпријвениот, а која претходно ја набавиле од првопријавениот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.П. (36) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 03.10.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(18) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“. Пријавениот, на 25.02.2024, на паркинг простор во Гостивар, одзел возило во сопственост на Г.Н. (51) од Скопје.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Ј. (46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 100 евра, која ја употребил на 30.04.2023 во продажно место во с.Отља, општина Липково.
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Т.(52) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 05.04.2024 во Штип, по вербална расправија пријавениот со нож му упатувал закани на М.Г. од Штип.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М. (46) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На 28.07.2023, пријавениот на парцела во Гостивар, ангажирал градежни работници кои извршиле градежни работи, без претходно да се стекне со одобрение за градење издадено од надлежен орган.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.С.(43) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во текот на 2023 година, изградил објект на ул.„8-ми Октомври“, а притоа не поседувал одобрение за градба издадено од надлежен орган.
На 22.04.2024 во 11 часот, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, од слобода е лишен Б.В.(21) од струшкото село Велешта. При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.04.2024 околу 19.30 часот, во ОВР Кичево, од слобода е лишен А.Д.(34) од селото Преглово, општина Македонски Брод. При преглед извршен на улицата „Елисие Попоски Марко“ во Кичево, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево, кај него пронајдоа и одзедоа прашкаста материја. Покрај тоа, тој, на полициските службеници им пријавил дека претходно, на улицата „11 септември“ во Кичево, бил физички нападнат од Ј.Д. од Кичево. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.04.2024 во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори. Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.04.2024 година во 21.32 часот во СВР Куманово З.Ф. (36) од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.